Помогнете и на Ива Миленковиќ!

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
P

Princ

Гостин
Цели еден милион долари чини лекувањето на 28-годишната Ива Миленковиќ. Таа боледува од карцином кој ги зафатил речиси сите внатрешни органи.

Моментално е на лекување во Америка во Центарот за рак „Доктор Андерсон“. Тука лекарите се борат за нејзиниот живот.

Од април постојано е на цитостатска терапија која само една доза чини околу 1.500 долари.

„Секое тестирање или еден ден хемотерапија неа ја чини околу 1.500 до 2.000 долари, во зависност каков вид на хемотерапија прима, со какви лекови“, изјави Лујза Бојчова, пријателка на Ива.

Болеста кај Ива е откриена сосема случајно. Во декември минатата година и се појавил оток на половината. Веднаш била пратена на операција во Виена. Лекувањето чинело 200 илјади евра.

Кога тамошните лекари мислеле дека Ива е излекувана, резултатите биле застрашувачки. Карциномот се проширил и на белите дробови.

Ива речиси осум месеци се бори за својот живот. Нејзините пријатели велат дека и покрај тешките третмани, таа не ја губи надежта.

„Таа е толку многу позитивна и во овие тешки денови за неа, знае да се насмее на своја сметка и да каже дека ете, баш неа и се случило ова и дека ќе се избори со тоа“, рече Бојчова.

Семејството на Ива продале се што имале за да го излекуваат своето дете. Но, лекувањето е прескапо за нивните можности.

Пријателите и роднините се организираат, но можноста да се стигне до сумата од 1 милион е речиси невозможно.

Ги повикуваат граѓаните да помогнат за Ива да се излекува.

Можете да донирате средства на телефоните:

075 143 500
070 143 153 и
077 143 314.

Жиро сметка: 530500010648811 „Охридска банка“ на име Мирјана Миленковиќ.

www.saveiva.org
 
донирано,ајде поголема активност :pishtoldz
 
ее конечно и од вип има
донирано и се надевам дека ќе и биде подобро
 
Ова ако не кешира некој подебело, тешко да ќе преживее, жално.

Со среќа Ива.
 
tolku sum besen i tazen vo isto vreme sto sekakov komentar ke bide izlisen

milion dolari (okolu 5 kilogrami hartija) = zivotot na IVA.. (disaster)

so sreka Iva
 
Како да дониам од Канада:toe:
 
Донирано.

Со среќа.. :smir:
 
Донирав 100денари,капка во океанот...
дај боже да се соберат потребните средства.
Ива ти посакувам многу среќа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom