Колку пари ви се неопходни месечно ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Милојко
  • Време на започнување Време на започнување
Сметки со се телефон- 5000
Храна - 5000
Бензин - 2000
Осигурување - 2000
Излегувања - 6000

Вкупно 20.000 засега, ама секогаш излегува нешто плус како 1000 ка месечно за регистрација на автомобил, гардероба од време на време.
 
Сметки со се телефон- 5000
Храна - 5000
Бензин - 2000
Осигурување - 2000
Излегувања - 6000

Вкупно 20.000 засега, ама секогаш излегува нешто плус како 1000 ка месечно за регистрација на автомобил, гардероба од време на време.

hrana 6000
benzin-luksuz e ne e potreben (tocakot i cepaj)
osiguruvanje nepotreben luksuz
izleguvanja premnogu se 6000 i toa e luksuz 1 mesecno dosta e 1000

smetki struja voda osnovni smetki bez net i kablovska 1600 mesecno

8000 mesecno
 
Не ти смета да збораш на телефон дур ти крократ цревата од глад??
Не бе, за телефон плаќам околу 1000-ка само. Претплатата ми е 600 ден. и пуштам неколку пати месечно за донирање нешто и се собира една 1000ка.
Струја, вода, Комуналец, Кабелска се собираат околу 4000 во просек месечно.
Живеам сам и навистина трошам малку за храна. Најчесто доручкувам два варени гевреци кои чинат 20 ден. или пак житарици со чаша млеко кои еве нека чинат 30-40 ден. максимум.
За ручек не верувам дека трошам повеќе од 100 ден што и да зготвам, слично и за вечера која некогаш е дел и од ручекот.
Ама пак ќе купам литар ракија, пиво, вино и така стасувам до некоја цифра од 5000 ден.
Исто така под излегување тука голем дел има и храна. :)
 
Сметки - (просек - зима лето) - 6000
Храна - околу 15.000
Гориво (претежно плин) 3000
Облека (јас, децата.. секогаш некому нешто му треба во месецот) - околу 2000
Други трошоци (училиште, хигиена, здравство, некои поправки низ дома или околу кола...) околу 3000
Црн фонд (курви, опрема за фотографирање, недајбоже непланиран трошоци...) просек 3000
Алкохол (као посебна категорија) строго домашно вино и ракија - 2000

Опасно близу сум до примањата со расходите
--- надополнето: 29 декември 2012 во 17:42 ---
Не бе, за телефон плаќам околу 1000-ка само. Претплатата ми е 600 ден. и пуштам неколку пати месечно за донирање нешто и се собира една 1000ка.
Па напиша телефон 5000 јадење 5000 колку збораш - толку јадиш... него ако идиш Битола јави се бе ќе ти напрам еден богат јак ручек бе жал ми е вака шо читам
 
Па напиша телефон 5000 јадење 5000 колку збораш - толку јадиш... него ако идиш Битола јави се бе ќе ти напрам еден богат јак ручек бе жал ми е вака шо читам


Ајде да го видам и тоа чудо, одбери си ден и ќе дојдам на ручек...Таман да се видам и со Ставро.
 
Телефон - 300 ден месечно ( максимум 500 )
Интернет - од комшијата
Храна - па да е некаде 5-6.000 ден
Кафе и искачање - 5-6.000 ден
Сметки - моите регулираат тоа не знам точно
 

За врзување на првиот и последниот ден од мај се потребни 60.090 денари. Толкава е вредноста на минималната кошница што ја пресметува Сојузот на синдикатите.

Овие бројки се за семејство кое има сопствен дом. Доколку живее во изнајмени 60 квадрати, синдикалната минимална кошница тежи 75.465 денари, додека во априлската изнесуваше 75.587 денари.
 
Зависи дали имам излегувања многу месецот и прошетки. Во зависност од тоа трошам околу 20к - 30к месечно (некогаш и помалку, ретко повеќе, ако имам ептен трошоци, свадби, родендени и сл.) Останатото на страна и гледам да не го чепкам.
 
Окулу 800-900 евра. И незнам веќе што друго би купил што ми прави кеиф.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom