Сајбер криминал

Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
На најпопуларните портали за дружење Фејсбук, Мај спејс и Хај 5, биле креирани профили на туѓо име на кои биле објавени информации, податоци и фотографии за лица кои никогаш самите за себе не креирале профил, а Дирекцијата за заштита на лични податоци предупредува дека злоупотребата на интернет е се помасовна.

На 25 лица во Македонија им бил украден идентитетот, а нивните лични податоци биле ставени на Интернет. Дирекцијата за заштита на лични податоци предупредува дека злоупотребата на Интернет во државава зема замав.

,,25 лица поднесоа пријави до Дирекцијата, но претпоставувам дека тој број ќе се зголеми ако сите пријават" вели Елена Стојановска, од Дирекцијата за заштита на лични податоци. ,,Еден од најекстремните случаи беше креирањето на профил во туѓо име на кој беше објавена монтирана фотографија со порнографска содржина на една млада девојка. До фотографијата беа изнесени точни податоци, име и презиме, адреса на живеење и телефонски број на девојката, со што беше нарушена нејзината приватност. На девојката почнале да и` се јавуваат на телефон, да ја малтретираат и да и` нудат непристојни предлози", објаснува Стојановска.

По интервенцијата на Дирекцијата администрацијата на порталот за социјално вмрежување го блокирала пристапот до овој лажен профил, а девојката ја продолжила постапката во одделот за компјутерски криминал, за да се открие идентитетот на лицето кое ја извршило злоупотребата.
На злоупотребата на податоци на Интернет до Дирекцијата најмногу се пожалиле македонските пејачи. Од таму велат дека злоупотреба на личните податоци има и кај голем број политичари, но досега ниеден од нив не доставил писмена претставка до Дирекцијата.

Извор:Вест, понеделник 1 јули 2009, стр 5

Сметам дека сајбер криминалот не е соодветно третиран во нашата земја, дека луѓето речиси секојдневно несвесно и речиси ,,нормално" злоупотребуваат туѓ идентитет. Дали нешто слично ви се случило и како сте/би изреагирале?
 
хммм...ова може да ти го направи само некој близок,кој знае податоци за тебе... или ако сето тоа го има објавено девојчето на интернет...

до сега ми се нема случено такво нешто (да чукнам во дрво)...:vozbud:
 
Мене ми се има десено да ми остават број на една страница за продажба на се и сешто (не сакам да ја спомнувам али сите знаете за која мислам) и ми се јавуваа да ме прашуваа, колку ја продавам колата (во тој случај Опел Астра). Зачуден бев првите 2 пати али после почнаа се почесто да се јавуваат "потенцијаните купувачи" и почнав да се распрашувам од кај е бројот, опис на колата, кога е објавена и ми објаснија и после го пријавив случајот до страницата и го средиа одма со ветување дека ке се подобри безбедноста. Но подоцна слушав и други случаи значи ништо не е сменето. За полиција не стигна али важно се среди.
 
после го пријавив случајот до страницата и го средиа одма со ветување дека ке се подобри безбедноста. Но подоцна слушав и други случаи значи ништо не е сменето. За полиција не стигна али важно се среди.

Уставри неможе во тој случај да ја зголемат безбедноста. Секој шо ти го знае бројот може да го остави. Ваљда нема да се јавуваат на секој шо ќе остави број па да потврдат дали е негов. Нема меганизам да таква безбедност.

Пазете на кој го давате бројот.
 
Порано на пријатели, на hi5 и слични страници се отвораа вакви профили со цел да му се наштети на некој „близок“.
Веројатно тешко е да се открие виновникот, односно тој што ги пласира таквите информации на нет, но доколку се најде, каква би била казната?
 
Од веб-страница на библиотека крадел лични податоци на членови
Полицијата во Прилеп поднесе кривична пријава против Ф.Г.(19) од Прилеп за кривично дело оштетување или неовластено навлегување во компјутерски систем.
Тој е осомничен дека на 11 март годинава, по претходно склучен договор со ЈОУ Градска библиотека "Борка Талески" за изработка на веб-страница, неовластено навлегол во компјутерската програма на библиотеката и се обидел да извади податоци на зачленетите лица: лични податоци, броеви на кредитни картички.
Во намерата бил спречен и бил исклучен од програмата. Со своите незаконски активности осомничениот предизвикал штета на библиотеката бидејќи нејзината веб страница станала неупотреблива.

Извор: http://www.vest.com.mk/?ItemID=0583F551AB4C2F4299BD9A08DC1C9230
 
,,Еден од најекстремните случаи беше креирањето на профил во туѓо име на кој беше објавена монтирана фотографија со порнографска содржина на една млада девојка. До фотографијата беа изнесени точни податоци, име и презиме, адреса на живеење и телефонски број на девојката, со што беше нарушена нејзината приватност. На девојката почнале да и` се јавуваат на телефон, да ја малтретираат и да и` нудат непристојни предлози", објаснува Стојановска.

Сметам дека девојката сама е виновна, бидејќи претерала :nesum:
Број на телефон не е ништо во споредба со тоа некој да знае каде живееш од каде што можат да искочат многу проблеми.
Затоа адреса во никој случај не се дава :nenene:
Инаку мене еден грк ми направи фејк профил со моја слика (!) каде што наводно својата држава ја нарекувам фиром :icon_evil
пЕчка му материна мораше да го избрише профилот зашто остро реагирав и му се заканив дека истото ќе му го направам :twisted:
 
Сметам дека девојката сама е виновна, бидејќи претерала :nesum:
Број на телефон не е ништо во споредба со тоа некој да знае каде живееш од каде што можат да искочат многу проблеми.
Затоа адреса во никој случај не се дава :nenene:
Инаку мене еден грк ми направи фејк профил со моја слика (!) каде што наводно својата држава ја нарекувам фиром :icon_evil
пЕчка му материна мораше да го избрише профилот зашто остро реагирав и му се заканив дека истото ќе му го направам :twisted:
Девојката не е виновна, бидејќи со дознавањето на името и презимето, денеска може да се дојде и до другите податоци. Практично, таа можела да го даде својот телефон во оглас за работа да речеме, па од таму некој(на 188) да ги дознае нејзините генералии. Преку врски па, уште полесно.
 
Ах, ете сега знам зошто неам профил на ниеден од овие портали за дружење.:nesum:

Многуте зачудени погледи и уште позачудени прашања: Немаш профил на Фејсбук? НЕМАШ? конечно нема да прават да е осеќам како alien.

P.S
Секако може да ти најдат и злоупотребат податоци, али на фејсбук, хајфајв и сл. ставаш скоро се за себе на тацна, па нормално дека свашта ќе се дешаваат.

Ваљда треба да си процениш шо е побитно...да се поукуваш со виртуелните симпатии или приватноста.
 
Знам дека мењам тема, али искрено, неам поим каде да го поставам прашањево и некој искрено и опширно да ми одговори.

- Што, има, толку, интересно, во, шитбукот и во хајфајвот?
- Каква корист би имал доколку си направам профил?
- Што ми фали на емесен муабет да праам?

Молам, луѓе кој користат шитбук редовно, да ми одговорат.
И, да, секако дека ќе ги цитирам дека не се у право :)
 
Знам дека мењам тема, али искрено, неам поим каде да го поставам прашањево и некој искрено и опширно да ми одговори.

- Што, има, толку, интересно, во, шитбукот и во хајфајвот?
- Каква корист би имал доколку си направам профил?
- Што ми фали на емесен муабет да праам?

Молам, луѓе кој користат шитбук редовно, да ми одговорат.
И, да, секако дека ќе ги цитирам дека не се у право :)


Ја си најдов 10 братучеди/ки од Црна Гора што до вчера не знаев дека постојат =)

Фејсбук фор д уин =) :pipi:
 
Ја си најдов 10 братучеди/ки од Црна Гора што до вчера не знаев дека постојат =)

Фејсбук фор д уин =) :pipi:
И ти цел живот си живеел во заблуда, си пател и си се мачел! И сега, сега знаеш кој се твоите 10 братучеди! Шитбук ти го спасил животот!
Daaaaaaaamn, мора да си напраам профил, можда иам згодни 15ти братучетки у бразил.
 
И ти цел живот си живеел во заблуда, си пател и си се мачел! И сега, сега знаеш кој се твоите 10 братучеди! Шитбук ти го спасил животот!
Daaaaaaaamn, мора да си напраам профил, можда иам згодни 15ти братучетки у бразил.


Се праиш глуп со сила или ? :)

Праша каква корист има од фејсбукот и ти кажав ...
 
Се праиш глуп со сила или ? :)

Праша каква корист има од фејсбукот и ти кажав ...

Укапирав де, и ја ти одговорив дека мора да си напраам профил пошо можда иам братучетки..


Океј. Бек ту да примитив:

Она што сакам да го кажам е дека шитбук нема никаква предност пред телефонот, и пред фејс ту фејс чат.

А видиш, станува толкава навика и зависност што луѓе одбираат попрво да користат фејсбук па по грешка да дознаат дали имаат братучетки одколку да мезат пача и сиренце, и да пијат ракија со дедовци и да цртаат семејно дрво...

Едноставно, не капирам зашо би ставал фенси слики на профил? За да ме дудлаат имагинарни пријатели дека сум прекрасен? Да си билдам его?
Зашо би праел ретардирани квизови на шитбук коа за тоа реме можеш да праиш асален IQ тест, и колку толку, да научиш нешо за себе? -.-

 
И јас ќе си вратам профилот на facecock, да видам дали се добри братучедките на godhateusall.

Него, иако малку случаи има во нашава ни земјичка од тој карактер, нагоре сајбер криминалот се третира доста сериозно, каде се завршува и по неколку години затвор па и дупло повеќе забрана до писиа, нет и слично.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom