Најутешителни реченици на жените...

  • Креатор на темата Креатор на темата Drama Queen
  • Време на започнување Време на започнување

Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
65
Возраст
33
Знаеме колку жените самите себеси си ги отежнуваат работите со некој размислувања во врска со нивната врска и партнерот и тоа доведува до комплицирање на нештата.Причини има многу,стравување од самотија,за некој тоа е навика,а некој се тешат дека е тоа нормално во секоја врска.Едноставно треба да се прекине со таквите црни мисли а за да се прекине потребна е утеха и убедување.....

Со кои реченици вие самите се тешите себеси кога сте во таква ситуација?Дали навистина понекогаш си создавате проблем во главата а во врската го нема?


Еве некој што сигурно сте ги употребиле да се утешите или да ја утешите вашата пријателка ....

"Па не сме/сте само ние/вие, сите парови се караат"!
"Мислам дека не го/те заслужувам/заслужува"!
"Верувам дека ќе се промени."




:pipi:
 
Еве некој што сигурно сте ги употребиле да се утешите или да ја утешите вашата пријателка ....

"Па не сме/сте само ние/вие, сите парови се караат"!
"Мислам дека не го/те заслужувам/заслужува"!
"Верувам дека ќе се промени."
- Споредби со други парови, ама ич не се потребни. Никогаш не можеш да знаеш како им е на другите, сите врски се различни. Тоа дека сите парови се карале, не ми е никаква утеха, не ни мислам на тоа. А не сум ни тешела некого со вакви без врска споредби.
- Ако некој ја зезне работата и ако со било што се посомневам и се запрашам дали таа личност воопшто ме почитувала, тогаш навистина не ме/ја заслужува. Ако фино ти кажам дека мрзам така-и-така да се однесуваш со мене, а ти и покрај тоа си се однесувал со мене баш така, тогаш не покажуваш почит кон мене.
- Сум се тешела самата некогаш, мнооогу одамна со тоа дека некој ќе се промени, но се покажало дека никој не се менува. Колку и да си човек со него и се трудиш. Затоа својот скептицизам го покажувам и пред други, не тешам никого со промени. Само велам: „Дај Боже“

Не тешам никого, т.е. никогаш со таква намера не разговарам со другарките. Кога разгледуваме некоја ситуација, тоа што кажувам е затоа што така мислам. Најобјективно и најотворено. Не кажувам дека има надеж за нешто ако навистина мислам дека нема. Тие што ми се најблиски секогаш сакам да ги гледам среќни, а ако сметам дека нешто поголемо се случува, не мислам дека ќе им помогнам ако се потрудам да им затворам очи пред некоја вистина. Можеби на некој нема да му се допадне тоа што ќе го кажам, но знам дека нема да ми се замери. После останува на нејзе да размисли и да одреди што е најдобро за нејзе. Ме познаваат и знаат дека не зборувам со лоша задна намера. Реална сум, без разлика дали се работи за мене или за другарките, а тоа го добивам и јас од нив.
Така да, не можам да кажам некоја утешителна реченица и да допринесам на темава на таков начин:)
 
Никогаш не се тешам, само додатно психички се истоштувам со негативни мисли. Кога нешто ќе тргне наопаку, никогаш не се потпирам на тоа дека ќе се среди ситуацијата. Hope for the best, plan for the worst. :)
Инаку тешење... зависи од ситуацијата, ал во голем број од случаите може само да допринесе на крај повеќе страдање. Мислам, нема потреба од “Верувам дека ќе се смени“ или “Те игнорира пошто многу му се свиѓаш“ кога... повеќе од очигледно е дека не е така. Оти да се лажеме за џабе?
Повеќе боли кога после такви тешења ќе ја согледаш вистината, отколку со време да се помириш со тоа дека работата не иде на арно.

И никогаш... океј, многу одамна ги лажев другарките за да направам да се осеќаат поубаво.:)
 
ги тешам другите освен самата себе не сум навиканата сама да се тешам одма се соочувам со тоа што е и не викам сите се караат за глупости
глупост или не мене ми пречи или на партнерот значи не е во ред треба да се смене тоа за да не излудува никој од нас
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom