Што е со нашиве телевизиски медиуми?!?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Tumor aka Rak
  • Време на започнување Време на започнување
Медиумите се зависни, а судството слабо


Македонија и понатаму е земја на политички зависни медиуми, слабо судство и висок степен на корупција, оценува во најновиот извештај на американската организација „Фридом хаус“
Никој не ги прави медиумите да бидат зависни, самите се прават такви.
 
Нема проблем. Само пази еден ден кога ќе станеш новинарка и ти да не бидеш зависна. Мој совет. :smir:
Независна можам да бидам, ако одам на планина и ако музам крави, се занимавам со раноградинарство и ако самата обезбедувам егзистенција, изолирана од луѓе. Во секој останат случај, ќе бидам зависна од мојот газда, исто како што ќе бидеш и ти, или некој друг, кој ќе работи во супермаркет, фабрика за чевли, во лимунадџилница, конфекција, школо, болница... Каде и да е-зависиш од некого. Welcome to the real life.Koнкретно, кај нас не постои политички независна телевизија освен К15.
 
Епа тогаш WTF is the problem што новинарите се зависни, ако е тоа нормално?
 
Тоа беше информација....
која беше напишана од некој кој му смета тоа да новинарите бидат зависни, односно од некој кој сака да биде “независен“ . Во право сум или не? Барем такво чувство се појави кај мене, како и кај многу други луѓе кои го читале ова.
 
која беше напишана од некој кој му смета тоа да новинарите бидат зависни. Во право сум или не? Барем такво чувство се појави кај мене, како и кај многу други луѓе кои го читале ова.
Имаш право, јас имам 19 години, идеологија во главата, розеви облаци, желба за праведност, неприпадност во политичка партија, неинформирана за политички левици и десници, но ме трујат со тоа. Сфатив, т.е. ме натераа да сфатам, против моја волја,дека ќе бидам дел од уредувачка политика на некој типац, кој ќе е во некаква коалиција или партија. Затоа, му се молам на горнион, да ме просветли да пишувам некој неполитички фрагмент од весник. Од друга страна, ми рекоа дека-новинарот кој не влегол во политика, мора да е неспособен. Сакам да сум политички неспособна и неманипулирана, но тоа дека над секој еден вработен, постои претпоставен, си стои.:back:
 
Имаш право, јас имам 19 години, идеологија во главата, розеви облаци, желба за праведност, неприпадност во политичка партија, неинформирана за политички левици и десници, но ме трујат со тоа. Сфатив, т.е. ме натераа да сфатам, против моја волја,дека ќе бидам дел од уредувачка политика на некој типац, кој ќе е во некаква коалиција или партија. Затоа, му се молам на горнион, да ме просветли да пишувам некој неполитички фрагмент од весник. Од друга страна, ми рекоа дека-новинарот кој не влегол во политика, мора да е неспособен. Сакам да сум политички неспособна и неманипулирана, но тоа дека над секој еден вработен, постои претпоставен, си стои.:back:
Се надевам дека и ќе бидеш таква, влезена во политиката, но независна, која ќе работи само за доброто на народот, бидејки такви новинари и требаат на Македонија. Ти пожелувам среќа да постигнеш нешто како новинарка, но тоа да биде чесно, ако ме сфаќаш.:smir:
 
Кога ќе подразмислам, и не сме така лоши:icon_lol:...

Локален весник од северозападна Филадејфија се извини минатата недела поради објавувањето оглас во кој конкретно се повикува на убиство на американскиот претседател Барак Обама.
Весникот ,,Ворен тајмс обсервер", кој излегува во околу 11 000 примероци, го објави огласот во изданието од минатиот четврток и кога менаџерот го забележал, бил повлечен.
Во огласот пишуваше: ,,Обама нека ги следи стапките на Линколн, Гарфилд, Мекинли, и Кенеди" вели Елхерт. Тој одби да ја идентификува личноста која го поднела огласот и дека за случајот се обратил во локалната полиција, од каде ја известиле Тајната служба.
Елхерт изјави дека вработените кои го примиле огласот очигледно не ја воочиле поврзаноста меѓу четворицата убиени претседатели.:nesvest:
 
Каде е сега новинарската етика, каде се сега новинарите да излезат на улица со магарешки уши и еднаш да покажат дека и тие се исто толку неуки колку оние за кои многупати известуваат и знаат до земја да ги симнат. Каде се сега тркалезните маси? Или Амди Бајрам им беше интересен и направија сторија како да им спремаше атентат. А да кажеше нешто здружението на новинари? Или се ќе се сведе на: не се мешаме во уредувачката политика на медиумите...:tapp: Ете затоа многупати сум рекол дека политичарите и новинарите се исти силувачи кои секогаш го злоупотребуваат правото и можноста што им е дадена да зборуваат пред микрофон...со чесни исклучоци...меѓутоа генерално тоа е тоа

П.С. Замислете си како што новинарите прават, секој да може да го злоупотребува својот алат за работа и после да каже пу, пу неважи...кај ќе ни биде крајот :toe:

мислам дека малце си претерал со обвинување, но да те поддржувам, и сето тоа што го кажа е делумно точно, и е резултат на неписмени новинари, односно самонаречени новинари кои немаат ни Н од новинарство, кои завршиле кој знае што и пошо не нашле работа започнале да изгриваат новинари мислејќи си дека тоа е лесно и едноствно, немајќи поим што е објективност, веродостојност на извори на информации а уште помалку знаат да склопат добар прилог,
и итн...е кога повеќе би се обрнало повеќе внимание новинарите да си бидат дипломирани новинари вакви срања нема да се случуваат и нема секој да ги руга новинарите....иначе Сител објавувајќи непроверна информација само сакале рејтингот да го качат, но на жалост само се избламираа:kesa:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom