Што е со нашиве телевизиски медиуми?!?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Tumor aka Rak
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 јуни 2009
Мислења
7
Поени од реакции
0
Сведоци сме на многу глупости и пропусти што ги напраиле нашите телевизиски "големци" како Сител,А1...Последна глупост беше вчерашната изјава дека Анџелина Џоли исчезнала:pos2: а всушност тоа била една интернет мамка на лажни вести :tapp:

Како смеат да си дозволат вакви глупости и до кога ке се случуваат вакви пропусти кои несомнено не вознемируваат сите нас..
 
Будала работаааааааа... втор пат во два месеци... чеј уш еднаш да си се повторам, можда ќе му затребит на некој медиум... http://tinyurl.com/klvwnf :tv:
 
па сите брзаат да ги објават вестите што по бргу за да бидат „ПРВИ„ што ја објавиле вестта .. и за тоа работат без никаква проверка дали е вистина или не... па така и така ќе се заебат
 
Абе се вознемирив, колку што се вознемирувам кога поминувам улица... Мене ме загрижуваат трач-контаминациите како Ексклузив, а оваа вест е една од многуте кои немаше да поминат толку сериозно, да не се најдеа на вестите. Сепак, без срцебиења, луѓе сме, грешки правиме.
 
Ха напротив па сега на Ексклузив се извадија дека имале лажна информација откако сфатиле за генераторот.
 
Голем гаф од Латас со заедничката вечера на Брат Љубе и Б.Ц,зел квази-новинарчето Латас бај д веј кој е уредник на два медиуми слика од посета на Али Ахмети и некој со фотошоп го вметнал Братот во сликата.

Беда и очај на Македонското новинарство

Проценете сами Оригиналната слика версус Фотошопот
 
Сведоци сме на многу глупости и пропусти што ги напраиле нашите телевизиски "големци" како Сител,А1...Последна глупост беше вчерашната изјава дека Анџелина Џоли исчезнала:pos2: а всушност тоа била една интернет мамка на лажни вести :tapp:

Како смеат да си дозволат вакви глупости и до кога ке се случуваат вакви пропусти кои несомнено не вознемируваат сите нас..

Тоа прашање постави го на глобално ниво.Медиумските куќи се полни со ширење на пропаганда и лага, да се верува во се и сешто, инаку позади нив стојат големи финансиери кои што наредуваат какви вести ќе им се презентираат на народната маса која што за жал верува во се. Паника и хаос најлесно се прави најмоќното оружје е телевизијата за контрола на популацијата.
 
Сител испаднаа големи глупаци пошто поверуваа на фејк њуз, а притоа не провериле на поверодостојните светски медиуми, додека А1 и МТВ уште поголеми со тоа што во недостиг на време и тие не ја провериле информацијата и набрзина ја бутнаа во вечерните вести.

Заклучокот е дека на нашите медиуми им е поважна ексклузивата, како и тоа ако имаат недостиг на информација, да ја ископираат потполно од други (секако и да наведат некојси ххх извор од странство). И трите телевизии се фатија во голема замка.
 
А оваа на А1 вика
Одиме со веста што го обиколи светот:pop:
 
Јако ке биде да гледаме на CNN... одиме со веста што ја обиколи Македонија. Македонските медиуми (што немаат ни Н од независност) по дојава од сајт-генератор сличен на www.fakeawish.com објавија дека Анџелина и Бред исчезнаа во близината на Сен Тропе. Веста се прошири побрзо од било која до сега :vozbud:....

Нареден пат, барем користете гугл ебаго! И децава почнаа тоа да го знаат, прво ке проверат на гугл после ке шлапаат вести. Ај за Македонија можете да ги лажете гледачите, (не треба многу знаење дека лажат гледајте вести на сител во 18.00 и на а1 во 19.00 истата работа ке ја видите од страната на СДС и ВМРО) бидејки никој од странство незнае што се случува во државава, па како ке пренесат така ке биде. Ама за странските вести... fakeawish и не е некој веродостоен извор :baeh:.
 
хахаха кога го видов тоа за Анџелина Џоли се изгазив од смеење :pos: а и не ми се верува колкумина истрчаа без дополнително да проверат. Само колку ке се изглупираат за да имаат поголема гледаност xD
 
Па да не се чудиме после што не влагаме во Европа :wink:
 
Каде е сега новинарската етика, каде се сега новинарите да излезат на улица со магарешки уши и еднаш да покажат дека и тие се исто толку неуки колку оние за кои многупати известуваат и знаат до земја да ги симнат. Каде се сега тркалезните маси? Или Амди Бајрам им беше интересен и направија сторија како да им спремаше атентат. А да кажеше нешто здружението на новинари? Или се ќе се сведе на: не се мешаме во уредувачката политика на медиумите...:tapp: Ете затоа многупати сум рекол дека политичарите и новинарите се исти силувачи кои секогаш го злоупотребуваат правото и можноста што им е дадена да зборуваат пред микрофон...со чесни исклучоци...меѓутоа генерално тоа е тоа

П.С. Замислете си како што новинарите прават, секој да може да го злоупотребува својот алат за работа и после да каже пу, пу неважи...кај ќе ни биде крајот :toe:
 
Добра поента имат Џиш.
За странскиве вести, мојме во секој момент да провериме колку се веродостојни, ги имат на интернет, па потешко вервиме во измишљотини. Со едно гуглање, веќе ја побиваме лагата, или потврдвиме дек некоја информација е точна.
Ама за нашиве, не мојш да знајш дали млатет празна слама, ти го перет мозокот, и немаш друг извор освен да вервиш во то шо го кажвет, пошо не мојш да (си) докажиш дека не се во право. :jaj:

А факт е дека го креирет јавното мислење.
Ево на пример, да го зејме случајот со штрајкот.
Првиот ден ко објавија дека наставниците и професорите штрајкувет за поголеми плати (и на некој начин ги поддржаја), никој не ги осудвеше.
Другиот ден кажаја дека децата ќе губеле часој, па нема да можеле да се надополнет, и сите наеднаш се свртеа против просветниве работници. :jaj:
 
Медиумите се зависни, а судството слабо


Македонија и понатаму е земја на политички зависни медиуми, слабо судство и висок степен на корупција, оценува во најновиот извештај на американската организација „Фридом хаус“


transparent.gif
Најлош рејтинг - 4,25 од можен најлош седум, Македонија има за слободата на медиумите и корупцијата. Особено е критикувана состојбата со медиумите, која од 2004 година никако не се подобрува. Според извештајот, медиумите во Македонија се под големо политичко влијание, а како пример се посочува дека сопственици на медиуми се истовремено и лидери на политички партии.

Во однос на корупцијата, се нагласува дека земјата, иако има висок негативен коефициент, бележи подобрување.

Според „Фридом хаус“, земјата има лоши оцени и за судството, и тоа поради големиот број нерешени случаи, како и многуте процеси што се водат против новинари.

Изненадувачка е оцената за годинашниот изборен процес, кој е послабо оценет во однос на ланскиот, кога Македонија според сумираните оцени реализира екстремно лоши избори, со голем број нерегуларности и во кои животот го загуби едно лице.

Годинава, според „Фридом хаус“, можни се превирања во владејачката коалиција, кои ќе се одразат преку притисок врз албанскиот коалициски партнер за напуштање на коалицијата.
Извор:http://www.time.mk/story_e3015cf89d_article_079faad62b.html
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom