За успешен спортист пресуден е талентот или напорните тренинзи?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

За успешен спортист пресуден е талентот или напорните тренинзи?


  • Вкупно гласачи
    55
Е баш така нешто слично како Џену Грл....

Треба голема посветеност буквално 100 посто преданост за да успееш... Спортистите кои го прават тоа, секогаш ги прати срека и успеваат....

Талентот е само мал дел кој треба да се искористи, се друго е голема љубов кон работата...

Кога се сака се се може, без разлика дали е тоа спорт:smir:

Убаво кажано.

Џабе талент џабе се ак не го "одржуваш" тој талент.

Пример Славковски кој го правеа новиот Ибрахимовик има талент за фудбал,ама се гледа дека е мрзло и џабе му е се. Неможеше да потпише у Хајдук,а камоли у друг поголем клуб.

Недоволно физички спремен. Шо ке му е талентот?

Денешните спортови бараат физичка спремност,која се постигнува со ТРЕНИНГ!!!!!

Џабе е се кога нема да трчеш,кога нема да си спремен на кондиционен план(за сите спортови зборувам),ке истрчеш 1 полувреме(и тоа тешко ке го истрчеш) и ко "умрен" ке си.
Така да тие што не спортувате не сте осетиле како е :)
 
Талентот е само 10% од тоа што еден спортист го има, се друго односно останатите 90% отпаѓаат на тренинзи, работа, спортски живот итн.
Неможе еден спортист да се ослонува само на талентот, што ќе му е ако секојдневно не го надоградува и развива својот талент односно играта во дадениот спорт?
Нели нормално е сега тие повеќе талентираните да имаат поголем успех ама само ако и они тренираат и вложуваат онолку колку што вложуваат и оние помалце талентираните за да можат да напредуваат и да идат во нагорна линија.
 
Има многу плачковци како овие погоре,нечии синови биле или незнам си што друго.Ова е најлузерскиот начин за избегнувањето на нивниот неуспех,точно е дека треба и да имаш некој што те бутка ама пред се треба да те бива.Ако си доволно добар не ти треба никој!Само работа работа и работа! ! !
Ова со привелигииите владее кај нас. Колку пати гледам во ракометот поточно јас кога гледам низ Македонија децата што ми кажуват се е привилегија. Едно дете добар лев бек и сега на тренерот што му се паѓа незнам го заменува детето а детето пропаѓа на клупа што е стварно добар играч.

Тоа го има насекаде во Македонија не само тој пример има и иљадо примери.

Летнав малку од темата бидејки тој нешто спомна што ако те буткат ако не си добар.
 
Ако имаш талент и ако си упорен ќе успееш,безразлика дали имаш некој што те бутка напред или немаш.Така да неможат да се вадат некои спортисти дека не играат или не напредуваат зашто немаат грб.
 
Колку такви ги има шо тренираат со мене шо не можат од нив многу по талентовани да дојдат на израз:smir:
 
Е ова ти се случува само кај нас,ТАТИНИ СИНОВИ:smir:

па не само кај нас и во други земји се случува

Џену Грл напиша:
Те молам наброј ми ги тие спортови.
iconflowerhr4.gif

полесно е да ти ги набројам за тие што не треба талент него овие другиве пошто се многу еве земи го тенисот како спорт за кој си треба талент
 
A што ќе ти само тренинг ако не го сакаш тоа што го тренираш? Грубо да се изразам, со сила ако си пикнат во спортот?

Па тука веќе не збориме за талент или тренинг. Прашањето е дали е потребен тренинг или талент, а таков беше мојот одговор, такашто не гледам ништо лошо во тоа што го кажав. ^__^
 
Ако имаш талент и ако си упорен ќе успееш,безразлика дали имаш некој што те бутка напред или немаш.Така да неможат да се вадат некои спортисти дека не играат или не напредуваат зашто немаат грб.

Дали си ти дел од некој клуб ?
 
Ако е меѓу овие опции тогаш гласам за тренинзи...комбинациај од двете е идеално,ама со тренинзите можеш да го надополниш немањето на талент
 
Кај нас џабе ти е и да имаш талент и да тренираш колку сакаш. Ќе треба да се пресметаш со некој ТАТИНИ или МАМИНИ деца(во индивидуалните спортови)колку и да си подобар од нив пак ќе изгубиш зошто кај нас се е местено:lut:
 
Според мене,нема талент.

Се е тренинг,учење. пресудни се упорноста,желбата,љубовта...овие 3 ако ги имаш,+ масовни тренинзи,одмор,исхрана асална,спортски живот,средена глава,суплементација,ништо неможе да те спречи.
 
За да некој стане успешен спортист тоа е еден долг сложен и комплексен процес. Успехот неможе да зависи само од талентот, или обратно успехот да се базира само врз основа на тренинг, во тој случај не станува збор за успешен спортист. Се тргнува од желбата за тренинг, подготвеноста да жртвува одредени активност(искачање, алкохол итн), посветеноста, па талентот. Тука некаде завршуваат оние елементарни работи кои се потребни за успешен спортист. Следуваат работи кои треба да се исполнат а не зависат од него. Тука спаѓаат обезбедување на добри услови за тренинг, потоа стручен кадар специјализиран за одредена спортска област(тренери, нутриционисти, физиотерапевти итн), програма на тренинзи и исхрана според која ќе се раководи спортистот како и обезбедување на оптимален број на подготовки и натпревари во една сезона/година.
 
Тренинзи и услови(пари).Сите имаме талент за спорт,јас тоа би го нарекол љубов кон одреден спорт.
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom