За успешен спортист пресуден е талентот или напорните тренинзи?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

За успешен спортист пресуден е талентот или напорните тренинзи?

  • Вкупно гласачи
    55

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Многупати сум размислувала на оваа тема, а сигурно и многумина од вас.
За еден спортист да има успешна кариера што е предуслов талентот или се се постигнува со напорни тренинзи, упорност и голема желба за успех???

Лично сметам дека речиси секој може да има спортска кариера ако има желба и ако е упорен во тоа. Се се учи со тренинзи, само треба волја и многу упорност.

НО, за да си најдобар во светот ти треба талент. За просечните спортисти тука се тренинзите, па и да не се талентирани ќе научат и ќе се трудат и ќе бидат спортисти со добри кариери.
Сепак најдобрите спортисти во светот пред се имаат талент, дарба од бога, која потоа со помош на тренинзите (значи без тренинзи џабе е талентот) го доведуваат до совршенство својот талент и се најдобрите спортисти.

Што сметате вие што е пресудно за успешна спортска кариера талент или напорни тренинзи?

И ставив и анкета во која ставив само две опции талент или тренинзи. Не ставив опција комбинација од овие две зашто сите за тоа ќе гласаат. :)
Вака ме интересира на што давате од овие две опции предност :pipi:
 
Значи пред се талентот е на прво место !
Потоа следува живеење спортски живот и редовни тренинзи.:smir:

Ако немаш талент, 3 пати во денот тренирај џабе ти е.

Еве сега на пример: Во голфот повеќе до израз доаѓа дарбата, во рагбито - редовните тренинзи... Значи до израз доаѓа и видот на спортот.

Така да, за да бидеш успешен спортист потребна е комбинација од двете.:)
 
демек ако земеш дете без осет и го натераш да тренира голф, по 10 години нема да биде професионалец?? нема врска...

се е до тренинзите, ама и љубовта кон спортот...џабе тренира ако не му е по кеиф...а па колку сака дарба да има ако не вежба, ке се упропасти...

п.с. “дарбата“ за некој спорт, е најчесто осет...другото е тренинг!
 
Многупати сум размислувала на оваа тема, а сигурно и многумина од вас.
За еден спортист да има успешна кариера што е предуслов талентот или се се постигнува со напорни тренинзи, упорност и голема желба за успех???

Лично сметам дека речиси секој може да има спортска кариера ако има желба и ако е упорен во тоа. Се се учи со тренинзи, само треба волја и многу упорност.

НО, за да си најдобар во светот ти треба талент. За просечните спортисти тука се тренинзите, па и да не се талентирани ќе научат и ќе се трудат и ќе бидат спортисти со добри кариери.
Сепак најдобрите спортисти во светот пред се имаат талент, дарба од бога, која потоа со помош на тренинзите (значи без тренинзи џабе е талентот) го доведуваат до совршенство својот талент и се најдобрите спортисти.

Што сметате вие што е пресудно за успешна спортска кариера талент или напорни тренинзи?

И ставив и анкета во која ставив само две опции талент или тренинзи. Не ставив опција комбинација од овие две зашто сите за тоа ќе гласаат. :)
Вака ме интересира на што давате од овие две опции предност :pipi:

Би било подобро ако додадеш во анкетата точка: талент и тренинзи заедно, затоа што ако имаш талент не е доволно и обратно ако тренираш, а немаш талент исто така не е доволно за да станеш успешен спортист. Значи кога ќе се спојат и двете заедно е тајната за успешен спортист.
 
демек ако земеш дете без осет и го натераш да тренира голф, по 10 години нема да биде професионалец?? нема врска...

се е до тренинзите, ама и љубовта кон спортот...џабе тренира ако не му е по кеиф...а па колку сака дарба да има ако не вежба, ке се упропасти...

п.с. “дарбата“ за некој спорт, е најчесто осет...другото е тренинг!

Ај еве во иднина ... син ти или ќерка ти уште на 10 години пушти ги да тренираат тенис(на пример)па на 20 може ќе станат Федерер/Иванович.

Како што кажав претходно. За успешен спортист потребна е комбинација од талент и тренинг.

Блага предност давам на талентот.:wink:
 
потребно е да имаш мал процент на талент да не речам (10%), после се тоа доаѓа со тренинзи,сериозност и упорност, да тренираш како што треба...а ако се оди колку да ти мине времето, и да се зафркаваш, тешко....
 
Би било подобро ако додадеш во анкетата точка: талент и тренинзи заедно, затоа што ако имаш талент не е доволно и обратно ако тренираш, а немаш талент исто така не е доволно за да станеш успешен спортист. Значи кога ќе се спојат и двете заедно е тајната за успешен спортист.

Не ставив намерно комбинација зашто тоа се подразбира и за тоа сите ќе гласаат.
Тоа вие кажете го во постот, а јас се согласувам со тоа.

А анкетата е на што давате предност, бар малку предност на една од двете опции.
И тоа го кажав во првиот пост.

Се знае дека е потребна комбинација за успех. Но мора на нешто да давате предност.:)
Ете јас на талентот, тој ми е ко пред тренинзите. Лице без спортски талент никогаш нема да е најдобар, ќе е просечен.
 
Ај еве во иднина ... син ти или ќерка ти уште на 10 години пушти ги да тренираат тенис(на пример)па на 20 може ќе станат Федерер/Иванович.

Како што кажав претходно. За успешен спортист потребна е комбинација од талент и тренинг.

Блага предност давам на талентот.:wink:
па и тоа иам намера да направам со моите деца...уште од 5 ке ги определам на некој спорт и јазик...
башка ако толку многу се ослонувате на талент, ај дефинирајте ми го!! дефиниција за талент...

мислам дека секое нормално дете има талент за скоро се...освен некои делови во кои е едноставно анти-талент...
 
Според мене , лошо е поставено прашањето и фали една опција.И двете подеднакво!!!
Талентот е основен предуслов да бидеш врвен спортист ,а тренинзите се неопходни за да го достигнеш тоа. И не само тоа, потребна е голема жртва во секој аспект од животот.
Меси немаше да биде Меси ако не тренирал и ако не вложувал во себе. Наспроти тоа , еве сеа ми доаѓа у глава Иван де ла Пења , беше прогласен за најталентиран играч на барселона во негово време , многу голема фама се крена а кај стигна сеа??? Просечен играч во просечна екипа какоа Еспањол. Дури и сметам дека игра во прволигашка конкуренција само на стара слава!
 
Повторно да се јавам, за да бидеш успешен спортист покрај талентот и тренинзите, треба да имаш и среќна ѕвезда или народски речено уште неколку коцки да се вклопат во сето ова, како на пример моментот, актуелноста на спортот екипата што ќе стои зад тебе и менаџирањето итн.
 
па и тоа иам намера да направам со моите деца...уште од 5 ке ги определам на некој спорт и јазик...
башка ако толку многу се ослонувате на талент, ај дефинирајте ми го!! дефиниција за талент...

мислам дека секое нормално дете има талент за скоро се...освен некои делови во кои е едноставно анти-талент...

Прв болд: Талент - дарба од бога кон одредена професија/спорт, која со текот на времето( тренинг) ќе го достигнеш врвот.
Втор болд: За тоа ти зборев,ако си антити шо сакаш прави - џабе ти е брат и од 2 години да ги запишеш:smir:
 
Прв болд: Талент - дарба од бога кон одредена професија/спорт која со текот на времето( тренериње) ќе го достигнеш врвот.
Втор болд: За тоа ти зборев,ако си антити шо сакаш прави - џабе ти е брат и од 2 години да ги запишеш:smir:
добро не збориме за анти-те така? збориме за нормален човек со талент без вежба, и нормален човек без талент со вежба....што мислиш, кој ке тепа?

п.с. дар од бога? каков дар? шарен? црвен? што е тоа дар? јабука? круша? талент ми го објасни со дар...
Џену Грл напиша:
Сакате да знаете што е формулата за успехот?

Љубовта кон тоа што се прави. Биди и талентиран, тренирај и по 24 часа на ден ако сакаш, но ако не си предаден 100 процентно на тоа што го работиш, нема да успееш.

Што ако се родиш талентиран а не тренираш? Талентот ќе замре. Ако сакаш со 20 таленти роди се, ако не се посветиш на развивање на талентот, тој ќе замре.

Но мене зборот ми е, спортистите што својот спорт го ставаат на прво место, тренираат по цели денови, се откажуваат од секакви земни задоволства за да се искачат на нивниот Олимп, прикажуваат дека имаат лавовско срце додека се стремат кон остварување на планетарен успех, секогаш ќе бидат број 1 и ќе бидат паметени како великани во својот домен. Такви спортисти според мене се Фелпс, Исинбаева, Шпиц, Болт, Федерер, Меси, Руни, Брајант, Џордан, нашиот Лазаров, Шумахер.. Овие се имиња кој цел свет ќе ги памети засекогаш, затоа што секој нивни успех се гледа дека длабоко ги радува од срце, па дури некои работи и преемотивно ги доживуваат.
Никој не им дал дарба на нив баш за тој спорт, никој не им кажал дека баш за тој спорт ќе имаат предиспозиции. Тие се одлучиле за тој спорт, се посветиле уште од мали, со љубов оделе на тренинг, се откажале од многу работи и сега уживаат во нивната слава. Нивната „дарба“, доаѓа баш од љубовта која ја имаат тие кон нивната работа, тоа е нешто што ги исполнува и затоа уживаат кога го прават тоа.
сума сумаре: тренинзи...посветеност...
 
Ќе тепа вториот.

Е ај сега ти одговори ми како вториов ќе успее да го достигне талентот шо го има првиот.

П.С Првиот со 1 година тренинг во зависност од спортот ќе биде спремен и физички и психички.

А вој твојов без талент како ќе стане талентиран ... со тренинГ ?
 
Заеби талент. Тоа е само шлаг на тортата. Важно е да тренираш напорно, и да сакаш да тренираш, да ја гледаш целта пред тебе. Не да тренираш без мотив и амбиционзост.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom