Фан Клуб: Англија

  • Креатор на темата Креатор на темата worca
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

worca

Get well soon....
Член од
19 февруари 2008
Мислења
740
Поени од реакции
15
Англија како тим, Англија како нација, Англија како држава, Англија како фудбалска величина...Најголемите фудбалери на светот се токму од Англија, како Гери Линекер, голманот Бенкс, Сер Боби Чарлтон, Јан Рајт, Тони Адамс, Дејвив Бекам...Се за нив, се за Англија, се за Тренерот, се за Играчите....Очекувам коментари...

The Real England....Welcome

Еве дел од моето мислење како навивач и она што очекувам да се случи, како такво...

Предлог

Англичаните се повторно назад во акција по оној ужас, неуспех за пласман на Европско. Следејќи ги натпреварите на Англичаните се решив да направам анализа за тоа каде лежат нивните главни проблеми.
35391_news.jpg


Прво да започнеме со голманите. Англија и тоа какви маки си има со голманите. Моментално прв голман Роберт Грин - неможе да се каже дека е голман од светска класа. Воопшто не го оспорувам фактот дека Грин е солиден голман, но во никој случај неможе да се носи со искусните голмани на другите репрезентации како што се Буфон, Касиљас, Чех и слично. Втор голман е Дејвид Џејмс којшто моментално е повреден инаку можно е тој да е прв избор на Капело. Да не потцетувам на грешките кои Џејмс знаел да ги направи... ќе биде смешно а воедно и трагично ако се присетиме на тие моменти.
Од друга страна одбраната изгледа прилично солидно освен онаа десна позиција на која Англичаните имаат големи проблеми. Како централни дефанзифци се Тери и Фердинант и тука нема што да се каже за овие двајца кој од кој подобар... Лево Ешли Кол исто така добар бек кој знае да истрча напред да се врати да покрие, брз е и добро се снаоѓа онаму каде што игра. Но сега доаѓа она проблематичното кој десно???
Глен Џонсон е бек кој во Портсмунт игра одлично неверојатен е но.... сепак и самите знаете дека кога најмногу се очекува од него тој ќе разочара. Истото беше кога дојде во Челси едноставно не личеше на себеси. Од друга страна тука е и Гери Невил искусниот дефанзивец на Манчестер кој немаше постојаност во настапите за Црвените ѓаволи сезонава па ништо чудно да ја грее клупата за Англија со оглед на тоа дека годините си го прават своето. Но ајде да најдеме некој друг да не се мачиме и го крпиме составот со овие играчи. Мој предлог е Мика Ричардс!!
- Мислам, верувам ( читај знам ) дека Ричардс ќе се снајде одлично како стартер по десната страна за Англија. Борбен е храбар го остава срцето на теренот, трча 120 минути без престан, што друго е потребно?? Евентуално повлекување на Харгривс од средниот ред на оваа позиција би било исто така полн погодок според мене . Може ќе ви изгледа смешно при играчи кои тоа им е природна позиција ( десен бек) да се враќа и да се експериментира со некој друг играч од средина на теренот. Всушност тоа не е експериментирање. Незнам колку ви текнува но не така ретко знаеше Сер Алекс Фергусон да го стави Харгривс како десен бек ( нормално тогаш беше приморан да го направи тоа, но Харгривс изненадуваше).
Сега средниот ред ....
- Рака на срце нема што да се каже за овие играчи од средниот ред. Сите се играчи од светска класа почнувајќи од Џерард, Лампард па и некои други како Џо Кол и Филипс се и тоа како добри играчи.
Нападот со Вејн Руни е солиден но Капело никако да се одлучи кој да биде неговиот партнер. Ги испробуваше : Дефо, Бент, Овен, Крауч, Хески... и кои други не. Според мене сепак искуството на Овен треба да биде пресудно и тој треба да биде стартер за Англија.
Па нека им е со среќа на Англичаните и конечно нека имаат и тие едно успешно првенство... да не бидеме малери но нели Капело каде и да бил тренер освоил нешто...?? Да се надеваме дека традицијата нема да биде прекината со Англија.



Еве повторно нешто од Капело...Можеби ке вроди со плод...Не знам...

Селектор на англиската репрезентација Фабио Капело на своите играчи им забрани во соблекувалната гласно да слушаат...
... музика, па им останува да се снаоѓаат со користење на слушалки.
Играчот на Ливерпул - Стивен Џерард за "Sun" се пожалил на строгите правила, па единствениот излез му е тајно користење на "iPod".
На сличен начин се снаоѓаат и останатите играчи.
Капело воведе и задолжителни правила за начинот на облекување, и ги забрани мобилните телефони.
Џерард потврди дека на играчите им требало доста време за да се навикнат на новите правила наметнати од селекторот, но дека многу го ценат италијанскиот стручњак.
"Тој е еден од најдобрите тренери во светот и среќни сме што го имаме за селектор. Не би го нарекол строг, но секако дека е сериозен во работата.
Тој е победник и е способен Англија да ја одведе во вистинска насока", додава Џерард.
По 7 одиграни натпревари во квалификациите за Светското првенство што ќе се одигра следната година во Јужна Африка, Англија има исто толку победи, и е на чекор од пласман на големото натпреварување.
 
Извини што ке те разочарам....тука.


Е ако де...Шо има везе....Ке ме разочарал ?! Јас си реков женската си има фатено некој друг....

Уживај си....

Позззззззззззз
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom