Дали би патувале 100 км до работа и назад?

  • Креатор на темата Креатор на темата Harko
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто не би патувал ако ми се понуди убаво платена работа. Јас и онака дневно во просек патувам околу 90 km во два правци за време на студентската година. Можеби на почетокот е напорно но потоа кога ќе се навикнеш и не претставува некој проблем. Инаку мој другар кој беше во Америка дневно патуваше до работното место кое му беше оддалечено 150 km од местото каде живееше и баш беше задоволен бидејќи тоа време го користел за да спие.
 
Многу е обично поставено прашањето за да се одговори. Многу зависи од состојбата, работата, околината во која ќе работиш... Кога би бил во безизлезна ситуација, кога би немал друг избор или во друг случај, кога би понудиле некоја убава цена, кога би имал добар автомобил, приватен хеликоптер, авион, тогаш поинаку би гледал, така да неможам да одговорам на оваа прашање само со да или не.
 
Само со службена и они да ми го плаќат бензинот
 
Да е некоја добра работа и добра плата јас би одел. Што убаво пред да стигнам ќе се возам, таман ќе се расонам и ке сум спремен за работа
 
ОК, патувањето од 100 км дефинитивно е заморно и претежно луѓе од внатрешноста патуваат во Скопје каде што нашле работа. Но што ако живеете во Скопје и одеднаш ви се понуди работа со плата од да речеме 100.000 денари во град во внатрешноста (оддалечен 100 км или еден час возење до работа и назад). Ви ги имате следниве можности:
1. Да изнајмите стан во градот каде што е работата што ќе ве чини 5000-6000 денари месечно и да претстојувате таму од понеделник до петок а ќе си одите дома за викенд. Во тој случај ќе заштедите многу пари и енергија (да не зборувам за безбедноста бидејќи нема да се возите секој ден натаму/наваму). За возврат ќе пропуштите многу театарски претстави, концерти и слични настани што се случуваат во текот на неделата во Скопје а ги нема во градот каде што работите.
2. Да се возите секој ден до работа и назад. Ќе потрошите 20.000 денари за бензин и ќе се „мрцварите“ по патиштата но кога ќе се вратите дома ќе имате можност да отидете во град и да се видите со пријателите или да фатите некој настан што инаку би го пропуштиле (под претпоставка да имате уште енергија за тоа). Што би одбрале вие?

Никаков коментар?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom