Закон за Промена на Место на Живеење

  • Креатор на темата Креатор на темата viktordojran
  • Време на започнување Време на започнување

viktordojran

пссwd
Член од
11 септември 2007
Мислења
351
Поени од реакции
31
Локација
valandovo
значи вака за промена на место на живење(адреса).потребен ти е нотарски договор со сопственикот на станот каде што ке се пријавиш,одјава од мвр каде што си живеел,поништена лична карта,и еден куп пари.а да сакаш пак да се пријавиш на сопствената адреса во твојот стан или кука без разлика, ти бараат имотен лист на кој гласи куката,изјава од родителите дека те прифакат назад во својата кука,одјава од преходното живеалиште,Пак од ново нотарски договор со дедо ти или татко ти на кој гласи куката,поседовен лист и пак еден куп пари.Па добро бе луге ако си отишол некаде да работиш и според законот си го пријавил тоа .за да се вратиш пак на својата адреса треба да ги измалтертираш сите околу тебе за да се вратиш на својата адреса фактички дома.ДОБРА ДРЖАВА САМО ПАРИ ДА ЛАПА....
 
Зашто едноставно, кога може да биде комплицирано ...

Обратни сме си ние.
За да извадиш еден обичен документ каде секаде би се вадел за 1 час кај нас со врски можеш за 10 минути, а без врски за 1 месец.
 
И мене ме чекаат истите маки,ќе мора и јас до поминам сето тоа што го напишал форумџијата во својот уводен пост! :nerv:
 
Јас не живеам цел живот на пријавената адреса во мојата Л.К. Местото на кое ми се води адресата е на баба ми, таа е во Америка. До пред 10 години се мавтавме под кирија, така да неможеше да се променува местото на живеење. А сега кога ке слушнам дека за промена на една помочана адреса бараат 125729456 работи ни на крај памет не ми паѓа да ја променам. Евентуално ако се најде некој ненормален да ја купи куќата од баба ми, па да бидам приморан да ја променам адресата. До тогаш, здравје :helou:
 
Хмммм...
Еднаш се селев, од еден во друг стан, и не бараа ништо, освен наследно решение за тој стан каде се преселивме (на татко ми му припадна)
Кога се селев кога се оженив, бидејќи и тој стан каде живеам сега е на татко ми, доволна беше само изјава од татко ми, заверена на нотар, дека ми го отстапува станот да живеам во него, (нотарски трошок 150 ден.) и увид на лице место од страна на МВР.(бесплатно :))
Така да...некако ми се нелогични оние муабети за имотни листови и сл.
Џабе преувеличување.
 
Сосема "нормална" процедура во управните служби на МВР, за која претпоставувам дека е и законска, се со цел да имаат покритие во случај на некој спор, а со тоа и "работите да им станат појасни".

Јас кога се селев (2007-ма) им приложив купопродажен договор заверен кај нотар, заедно со копија од трансакција во банка, но сепак ми бараа копија од имотен лист на мое име! Одјава ми немаат барано.

Кога поднесував за пасош за моето дете, ми бараа присуство на жена ми или нејзин пасош. Иако на сајтот на МВР експлицитно не го пишува, сепак "службеното лице врши проверка на брачниот статус на подносителот во службените евиденции". Значи таа нивна проверка се префрли на мој грб во вид на екстра изгубено време (друг ден, цело претпладне), нешто што требаше да биде јасно од самиот старт!

Според мене, се зависи од моменталната клима во МВР и инструкциите дадени од началникот во локалното одделение каде се поднесува барањето.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom