Укинување на визите = иселување

  • Креатор на темата Креатор на темата HEATHY
  • Време на започнување Време на започнување

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
Возраст
31
Веб-сајт
www.zolta.com.mk
Како што се зборува, и да бидеме оптимисти за тоа, ќе има визна либерализација. На Македонија ќе и се отвори патот кон Европа. Пола Македонија ќе си отиде, најважно МЛАДИТЕ ЌЕ СИ ОТИДАТ... визите укинати а не сме во Нато и ЕУ, нема кој да не заштити, немаме инвестиции и вработувања. Точно е дека од странство ќе праќаат пари дома на своите, ама кога нема вработување јбг тоа... Во време на светска економска криза сме, каде што скоро никој не размислува за инвестиција...
Каква ќе биде иднината на Македонија, размислете за ова добро...

Некоја статистика, после влезот на Бугарија во ЕУ и НАТО се одселила 1 милион луѓе, да да, 1м, ама имало 1,4 милиони инвестиции... туризмот тројно се развил, а сето тоа е резултат на влезот во еу и нато...

е сега прашањето мене ми е, дали и ние ќе бидиме како Бугарија, со инвестиции и слично... или ќе бидеме единствен случај каде што сите ќе се иселат, а ќе нема инвестиции и вработувања...

*Сепак имам 15 години и оваа тема ја правев муабет со наставник по историја на училиште.
 
E па,на 15 години ти не треба да размислуваш за вработување или иселување од земјава.Подобро би ти било да размислуваш како ќе “кандисаш“ некој женска,каква кола ќе купиш за некоја година и слично.Визната либерализација е озбилна работа со која треба да се занимаваат возрасните за посветла иднина на своите деца.(ова како пријателски совет).:smir:
 
И?
Визната либерализација сама по себе значи слободно туристичко шетање до 90 дена во текот на годината.
За да работиш легално некаде, треба да си имаш уредна работна виза од таа држава.
Секако, ќе имаш слобода да бараш работа во странство, ама и за да отпатуваш некаде, пари ти требаат.
За инвестиции...не верувам дека либерализацијата повлекува инвестиции. Можеби влез во ЕУ и НАТО, да, ама вака не.
Исто и за иселувањето...тогаш како граѓанин на ЕУ ќе имаш можност да живееш и работиш во ЕУ каде сакаш, ама мислам дека во почетокот има некое ограничување...
 
@Струмикс, токму така, треба на секои 3 месеци да одиш и да се враќаш, е па на тоа враќање ќе им оставиш пари на своите и пак одиш исто како за викенд да си се вратил дома... јас сакав да прашам, што ќе биде со Македонија доколку има визна либерализација, а нема да бидеме во ЕУ и НАТО..

@АБЦ, прифаќам секаков совет од постари, и да се во право и да се грешка, почитувам сечие мислење... Јас во мојот прв пост наведив дека се зачленив затоа што има луѓе со фикс идеи и на форумот му го полнат умот на другите со глупости... Мислам дека сум доволно спремен и зрел за да размислувам како возрасен човек... а и темава не е нешто вон реалноста, ова е чиста реалност со која ние ќе се соочиме доколку не влеземе во ЕУ и НАТО, а единствен начин за тоа ни е компромис со името...

@Сите, познавам многу луѓе, што после укинувањето на визите ќе се иселат...
 
Иселувањето не е поврзано со визната либеризација. Без визниот режим значи само полесно влагање во земјите на ЕУ. А човек ако е решен да си оди од земјава и да живее и работи на друго место нема да го сопре визата. Кога ке ги укинат визите (сите информации покажуваат кон тоа) ке биде исто за работа во странство како и сега.
 
Dark King, е*и ти укинување, кога ќе имаш 400 000 невработени... а можеби, не треба да значи ќе се качи стандардот...
 
Dark King, е*и ти укинување, кога ќе имаш 400 000 невработени... а можеби, не треба да значи ќе се качи стандардот...

Укинувањето незначи тотално отварање на Македонија кон земјите од ЕУ. Се исто ке си остане само што ние како луѓе ке може да си отиде на одмор каде што сакаме (колку што дозволува финансиската состојба), студентите може да патуваат каде што сакаат, музичарите, уметниците, спортистите пред се луѓето кои треба да ја покажат Македонија во странство и да соберат знаење во другите земји.
 
Не се секирај, нема да има укинување на визите за Македонците.
 
Mislam deka vo Bugarija okolu 2 milioni fatija dzade koga gi ukinaja vizite, mislam deka i kaj nas ke se sluci istoto barem sto se odnesuva na onaa kvalifikovana rabotna snaga ova ne se odnesuva za onie ekonomisti i pravnici so faks,tie seuste ke dengubat kako taksisti ili kelneri ili vo najdobar slucaj ke se provnat vo administracija so partiskla kniska,nitu pak na inzineri tie sto vredea oddamna fatija dzade barem za niv ne e problem,ova se odnesuva na onie elektricari,vodovodzii,zidari,parketari i slicni profili koj e deficitaren kadar na zapad.
Mislam deka golem del od nasite ramkovni braka bi se odveal vo Svicarska i Nemacka, sega kolku toa ke efektira na nasata ekonomija ne mozam da kazam no sepak bi imalo nekoj suficit na devizi koj za vakvo malo drzavice ne e beznacaen.
 
Нема да има масовно иселување, ова дури ќе има позитивни ефекти, затоа што ќе се запрат илјадниците бугарски пасоши, мислам дека многу од тие што зедоа и ќе ги вратат за некоја година.

Втора работа, сепак е многу подобро да појдиш пола година да поработиш и после пола година да си уживаш во Македонија.

А не да му бидиш на некого роб за 200-300 еур, па уште да молиш некој партиски клов за да те вработи и да му бидиш благодарен до крајот на животот.

Ова е одлична прилика, верувај ми. Би требало за 3-4 години да донеси нови ветришта во Македониија.
 
@Струмикс, токму така, треба на секои 3 месеци да одиш и да се враќаш, е па на тоа враќање ќе им оставиш пари на своите и пак одиш исто како за викенд да си се вратил дома... јас сакав да прашам, што ќе биде со Македонија доколку има визна либерализација, а нема да бидеме во ЕУ и НАТО..

@АБЦ, прифаќам секаков совет од постари, и да се во право и да се грешка, почитувам сечие мислење... Јас во мојот прв пост наведив дека се зачленив затоа што има луѓе со фикс идеи и на форумот му го полнат умот на другите со глупости... Мислам дека сум доволно спремен и зрел за да размислувам како возрасен човек... а и темава не е нешто вон реалноста, ова е чиста реалност со која ние ќе се соочиме доколку не влеземе во ЕУ и НАТО, а единствен начин за тоа ни е компромис со името...

@Сите, познавам многу луѓе, што после укинувањето на визите ќе се иселат...

Е па во тоа е проблемот,сме се фатиле за НАТО и ЕУ како пијани за ограда,а и самите знаеме дека сме безначајни во овие Евроатлански институции.НАТО или ЕУ без нас како народ нема да почуствуваат ништо посебно,исто како и со нас.Работата е во тоа што изминативе 18 години ви ги наполнија главите со НАТО,ЕУ,НАТО,ЕУ,НАТО,ЕУ......па на крај да ја дотераат до компромис за името,што не може да се нарече компромис туку е чист ултиматум.
Бугарите,Романците,Полјаците и многу други влегоа и во НАТО и во ЕУ па се соочија со егзодус на сопственото работоспособно население,и сега зошто со нас би било поинаку?Значи иселувањето од оваа земја нема да биде спречено доколку се зачлениме во НАТО или во ЕУ,ќе си остане на истиот процент како и досега со мали варијации,дури во некои општини ќе имаме доселување на оние на кој им беше досега страв да се вратат во земјава и да инвестираат,зошто подоцна не можеа,или едвај можеа да се вратат во земјите каде успеале да стигнат и да најдат работа,во ова меѓувреме исполнето со несигурност и безработица кое ја спопадна Македонија.:toe:
 
Чичо бе, пак ќе те вратам на тоа, а 400 000 невработени????? а 0 денари инвестиции?!?!?! ??
 
Кај ќе си замини народов бе не бидете чешити. Тој што наумил до сега,заминал кај шо сакал.Тој шо не заминал нема ни да замини.
 
Па вработувањето на 400 000 не зависи баш толку од влезот во НАТО или ЕУ.Кој ги спречува потенцијалните инвеститори да вложуваат во земјава?Мислиш само фактот што не сме членка на истите институции,ги спречува потенцијалните инвестититори?Не бе братче,не,НАТО и ЕУ врска немаат со овој проблем,за тоа е крива секоја Македонска влада досега,што не ствара услови за потенцијални инвестиции,владите тоа само декларативно го прават а членството или нечленството во НАТО и ЕУ им служи само како изговор на досегашната нивна промашена политика кон овој проблем.Јас се соочувам скоро секојдневно со потенцијални инвеститори кој немаат никаква замерка за тоа што не сме членка во НАТО или ЕУ,туку како по закон,сите до еден имаат приговори на слабата инфраструктурна подготвеност,блентавите закони за приватна сопственост на градежно земјиште но и законските пречки со кој се соочуваат ако сакаат да инвестираат нешто во државава.На сите ним многу повеќе им пречи скапата индустријска исправна вода од по 1 евро од кубик,скапата струја од по 14 центи од киловат,но и ептен скапото уредено индустријско земјиште на кое не можат да станат сопственици и целосно да располагаат со него,одколку членството во овие ЕУ и НАТО институции.:toe:
 
Укинуването на визниот режим ке доведе до емиграциja,да,кедоведе и до поголеми странски инвестиции от тези,които напуснат РМ,ке доведе и до голем броj црни печати на некои македонски грагани,които ке им се забрани пристапот во државата от кадето имат црн печат за неколко години.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom