Шарм

  • Креатор на темата Креатор на темата Annabel
  • Време на започнување Време на започнување

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Што е според вас шармот и колку тој влијае при запознавање на други луѓе и оставање на добар впечаток?

Дали е тоа нешто со кое сме родени или постепено се учи?

Што мислите со тоа кога ќе кажете тој/таа е шармантен/на?

И за крај-дали вие се сметате за шармантна личност :) ?

girl_talk.jpg
 
Што е според вас шармот и колку тој влијае при запознавање на други луѓе и оставање на добар впечаток?

Според мене шармот е најбитен и клучен при запознавање со други луѓе. Кога е човек шармантен сите врати полесно му се отвараат, општо за се во животот, а истото се однесува и со запознавање на особи кои го имаат неговиот интерес.

Дали е тоа нешто со кое сме родени или постепено се учи?
Мислам дека шармот и харизмата се работи кои ги носиме со себе од раѓање, не се учат. Има едноставно луѓе кои блискаат со шарм и харизма и покрај кои постојано човек сака да биде. Тоа е вродена карактеристика, не може да се учи. Може да се подобри од нулто ниво до малце погорно ниво, но не може да се усоврши дефинитивно.

Што мислите со тоа кога ќе кажете тој/таа е шармантен?

Кога ќе кажам дека некој е шармантен значи дека убаво се осеќам во негово друштво и дека би сака била постојано да бидам во негово друштво затоа што прави да се осеќам убаво, опуштено. Начинот на кој јас ја сфаќам шармантноста не можам да го објаснам. Кога човек е шармантен пренесува некоја посебна енергија, затоа и шармот нема некоја посебна дефиниција.

И за крај-дали вие се сметате за шармантна личност :) ?

Па...не знам баш. Можеби. Не знам, не верувам баш.
 
Шармот е нешто дадено одвнатре, некоја позитивна енергија која не може да се научи, туку едноставно ја има во самиот човек и зрачи од него.
Лично за мене шармот е една од пресудните карактеристика за да забележам некоја личност. Значи не мора да биде физички атрактивен, но штом поседува некоја таква енергија не ми е тешко да го забележам и тој човек да ми го привлечи вниманието (без разлика дали од љубовен или пријателски аспект)
 
Јас под шармантна личност подразбира некоја личност погодена за муабет,интересна :toe: е сега дали и колку су јас шармантен треба другите да кажат...инаку да сакам да сум во нивна близина и доста влијае во оформувањето на оценката кај некој :smir:
 
Шарм... па што знам, јас не сум многу шармантен.. иако шармот го сфаќам пред се физички, насмевка, очи, да те шармира и те заведе со тоа, а потоа духовно и психички, да има осет за љубов, да знае да “игра“ со зборови... да те заведе на некој начин.... :smir: поправете ме ако грешам, а сепак е мое мислење :smir:
 
Шармот не се учи. Тоа ние во гените со самото раѓање.
Не сметам за човек со шарм.
Некој е убав некој е сексипилен, а пак некој има шарм.

пример.
v66688p0.jpg


Не е ич убав. Ама пак зрачи со шарм
Убавината и шармот не ида заедно.

п.с не познаам женско со шарм. За мене или е убаа или секскипилна (тоа некако ко шарм ? )
 
[zEUs];2655445 напиша:
За мене или е убаа или секскипилна (тоа некако ко шарм ? )

Друго е сексипилноста :)
Јас мислам дека шармантна е онаа која ќе те натера да “паднеш“ на нејзините зборови,движења...тон на гласот...
 
Шарм е нешто што или го имаш од старт или го немаш, не се учи, во спротивно ќе изгледа форсирано и нападно.

Што мислите со тоа кога ќе кажете тој/таа е шармантен/на?

Кога ќе помислам на шарматна личност, мислам на:

chrisnoth_narrowweb__300x454,2.jpg


Дем, може дедо да ми биде, ама има појава на која не можам да останам рамнодушна. Начинот на зборење, бојата на гласот, движењата, погледот... мх.
Дали е само добра глума... не знам, ама ненормално многу ме пали. :)
 
Шарм- мислам дека во нашиве простори тоа се поистоветува со „има ѕвезда“...
За мене шармот е поважен од чистата убавина и ми претставува она „има нешто“ што ме привлекува ама не знам точно да го искажам...
Понекогаш е тоа во бојата на гласот или начинот на движењето на рацете или пак во дозата на детската несмасност...
Шарм е вистински атрибут...
 
шармот е многу битен тогаш личноста немора нешто да мисли за да привлече внимание туку самото од себе тоа искача едноставно тоа не се стекнува во текот на живот се јавува од самото раѓање
 
Што е според вас шармот и колку тој влијае при запознавање на други луѓе и оставање на добар впечаток?

Шарм според мене е способност да се привлекуваат луѓе,да се остава позитивен впечаток. Секако има голема улога при запознавањето луѓе.

Дали е тоа нешто со кое сме родени или постепено се учи?

Шармот е вроден,но ако не научиме да го користиме (како на пример ако поради ХХХ причини сме станале срамежливи, и немаме желба за контактирање со луѓе), тогаш шармот многу помалку ќе може да ни послужи при меѓучовечките односи и оставање на позитивен впечаток кај нови познаници.

Што мислите со тоа кога ќе кажете тој/таа е шармантен/на?

Па,не можам да кажам дека тука изгледот нема никаква врска,зашто колку и да сакам да бидам искрена,ќе излажам.Има врска.Секогаш има.Така почнува,ама не е изгледот пресуден за впечатокот што ќе го имаме за некоја личност. Сепак,шармантна личност е некој што има харизма и способност да те привлече. Начинот на кој збори,на кој се однесува.

И за крај-дали вие се сметате за шармантна личност ?

па..да.барем според мене.не збориме за убава,секси.него шармантна.:wink:
 
мене ме сметаат за шармер, понекогаш другариве се чудат какви пички вртам :back:
 
Ах, паѓам на шарм, и тоа многу :pipi:... Го сметам за една од најважните работи, пред се' кога се работи за стекнување ново познанство со некоја девојка. Едноставно, за мене тоа е некоја позитивна енергија, некоја аура на која не можам да одолеам, ме освојува и прави да копнеам по неа... Значи, кога сум со девојка која за мене е шармантна, и најобичните теми на разговор со неа ми се посебно искуство, и најмалите ситници кои би ги правел со неа за мене се нешто големо... За потоа, кога ќе се разделам од неа, да не ја извадам од глава, да ми шета цело време низ мислите и со нетрпение да очекувам повторно да ја видам, а секоја нејзина порака или јавување за мене да биде како нешто најсвето :) . Е, за таква девојка можам да речам дека е шармантна, дека има нешто во себе кое прави страшно да сакам да го минувам времето со неа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom