Bratot
Стоик и Машкртник!
Според тоа што го изнесе господинот Паскал Камбуровски, станува збор за комплетен натпис врежан во две архитравни греди од светилиште, посветено на македонските
владетели од име на татковината, изградено од целиот народ во 34-43 г.н.е.(56-65 г.н.е.).
Господинот Паскал Камбуровски, автор на книгата "Гробот на Александар Македонски" веќе подолго време укажува на фактот дека постои текст врежан на две греди од храмот во археолошкиот локалитет Исар Марвинци, кој е недоволно проучен, а е многу важен за македонската историја. Тој постојано апелираше поради значајната содржина на натписот повторно да биде проанализиран, со цел да се дознае историската вистина содржана во него.
"Првите податоци за содржината на натписот - вели господинот Камбуровски - ги дадоа авторите М. Корнаков и Б. Драгоевиќ-Јосифовска во далечната 1957 година.
Според нив, натписот не е целосно зачуван, но од неговата содржина дознаваме дека храмот е подигнат од некој македонијарх во 329 година н.е. во чест на својата татковина. Ова објаснување, за жал, е прифатено до денешно време и во оваа форма е претставено и на металната плоча поставена на едната греда, која се наоѓа пред влезната врата на Владата на Р Македонија".
Господинот Камбуровски ја достави и скицата каде е прикажан оригиналниот текст на двете греди кои претставуваат една целина:
Греда 1:
MAKEDONIARHΩNTON
PANTITΩKOΣMO TO ΘKT
Греда 2:
NAONTHPATRIDI
ETEI
Тој објаснува:
"На горниот ред со големи букви (12 см) е врежан следниот натпис:
"MAKEDONIARHΩNTON NAONTHPATRIDI".
Првиот дел на реченицата е спој на именките MAKEDONIA I ARHΩNT (владател), кој е членуван во машки род множина.
Вториот дел е спој на именките NAOΣ (светилиште) и PATRIDA (татковина), кој е членуван како женски род во еднина.
Преводот на текстот би гласел-
'На македонските владетели, светилиште на татковината'.
Тука не станува збор за никаков македонијарх или за некојси римски чиновник како што беше пренесено на јавноста, туку станува збор за светилиште на татковината посветено на македонските владетели.
На долниот ред со помали букви (8 см) е претставен текстот:
"PANTITΩKOΣMO TO ΘKT ETEI".
Првиот дел на натписот е составен од придавката PANTITΩ и од именката KOΣMOΣ, што во превод значи:
'од сите луѓе', односно 'од целиот народ'.
Последната содржина на натписот TO ΘKT ETEI го означува времето кога е подигнато светилиштето. ETEI е множинска форма на именката ETOΣ (време), што покажува дека се работи за два датума ΘK и ΘT.
Доколку наместо прикажаните букви се стават нивните редни броеви од грчкиот алфабет, се добиваат годините: 810 и 819.
Тоа е време мерено од првата Олимпијада (776 г. ст.е.), или од основањето на Рим (754 г.
ст.е.).
Во тој случај ги добиваме годините: 34-43 н.е. или 56-65 н.е., кои ја означуваат датата кога е изградено светилиштето", тврди господинот Кам буровски.
Според тоа што го изнесе Камбуровски, станува збор за комплетен натпис врежан во две архитравни греди од светилиште, посветено на македонските владетели од името на татковината, изградено од целиот народ во 34-43 г.н.е. (56-65 г.н.е.).
Тоа е времето кога Римјаните владееле насекаде.
Време кога биле задушени четирите востанија на Македонците против римската власт. Време на големата тага и носталгија на Македонците за изминатата слава.
Оттука и големата љубов и почит кон македонските владетели и татковината. Светилиштето претставувало симбол на гордост и непокор.
Античкиот град се претпоставува дека настанал во старогрчкиот период со скромни археолошки градби, но дека кон средината на 4 век п.н.е. доживува силен напредок. Во хеленистичко време, како што покажуваат археолошките истражувања, бил густо населен. Во населбата имало складови за чување жито, керамички работилници и светилишта.
Aнтичкиот град Исар крај Марвинци е уништен во 6 век од силен земјотрес. Тогаш, покрај другите објекти, целосно бил уништен и разорен водоводот, со што и животот во градот набргу згаснал.