Улиците навечер се сигурни. Дали?

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување
ехее плачете ако некој ве следел или зјапал у вас. Дојдите у Тетово еднаш :)
 
^Може Куманово? Се важи?
Иначе да, избегавам по некои делови од Ку да шетам сама навечер. Повеќе пати имам трчано и бегано, така да ако немам баш некој потреба не шетам сама. Или со некого или па такси. Ептен ми е безбедно!:pipi:
 
Еднаш ко бев мал, демек им се пуштав на две девојчиња и коа почна да ме следи и то со брзи чекори (трчаше по мене :) ) големиот им брат :) Тогаш се решив дека треба да научам карате и брзо бегање :)

После тоа не се сеќавам некој да ме следел или да ме плашел ноќно време. Во странство да, ама не и во Македонија.
 
Пред две недели сестра ми со колата била кај другарка и во Волково ( скопско село). На враќање од Волково во некое друго село (кисела јабука веројатно се вика), некои фаци почнале да фрлаат камења накај неа и ја погодиле шофершајбната и горниот дел на колата. Среќа што не биле камењата поголеми и немаше некоја штета. Девојчето се извадило од памет. Требаше и јас да дојдам ама ради обврски тој ден не дојдов. Кога ми кажа што и се десило жив се изедов што не дојдов со неа !

Скопје генерално е безбедно, освен ако е идеш у некои затуцани скопски села навечер, или албанските населби каде ти упатуваат погледи ко да си им убил член на фамилија. Сепак за девојките е поопасно ради разни мањаци и слични изроди кои шетат по скопските ни улици.
 
Ne sum imala bas epten direkt kontakt so takvi izrodi,ali mislam deka od prilika e bezbedno,barem mojava naselba :toe:
 
Јас слободно си се движам, немам гајле. Иако некој мислат дека населбата не е таква, за мене си е ок, и населбата и Скопје.
 
Битола е сигурно, али ако се курчиш можиш да го примиш чисто ради тоа што си се курчел. ако си ок тогаш секој е ок со тебе не те гиба
 
За манијаци знам дека ги има доста во државава во последно време.

А и знам дека доста женски имаат доживеано трауми од тие манијаци и тоа за цел живот...

Но ги има доста женски со „ИЗМИСЛЕНИ ПРИКАЗНИ“ што кажуваат фчера ме сретна еден манијак таму и таму во таа и таа улица...

Таквите женски сакаат само да си ја креваат цената (демек толку многу сум атрактивна) што сите мажи трчаат и се интересираат за мене...

Како може манијак некоја жена да ја следи денски во чаршија кога има полно народ? Се знае манијаците најчесто навечер оперираат!!!

Па ако е така зошто тие случајот не го пријават во полиција?

Јас тестирав една поранешна колешка од работа што е родена 1963 е викам ако ти е тебе незгодно дај јас ќе го пријавам случајот во полиција и одма ми вика не не седи не можам со тоа да се замарам кој ќе ојт по судојне и по полициине...

Абе јас ако не сум психолог по професија ама одма ги читам луѓето, (поготово жените) какви намери имаат...
 
многу улични кучиња има а мене обавезно ми се сскаат затоа се небезбедни, иначе горе доле доста сигурно е да шеташ било каде у било кое време, за во Скопје зборам
 
На мојата улица нема жив човек да паднеш нема кој да ти помогне. :(
 
Како може манијак некоја жена да ја следи денски во чаршија кога има полно народ? Се знае манијаците најчесто навечер оперираат!!!
Ова апсолутно не е точно!
Ги има и денски, во ЈСП има еден стално што се вози.
 
Ова апсолутно не е точно!
Ги има и денски, во ЈСП има еден стално што се вози.
Денски е каде каде потешко мањак да направи нешто на јавен простор. Не викам дека ги нема но доста потешко би се одлучил нешто да направи. Додека навечер, особено Скопје е ненормално погодено за мањаци. Безбедност 0 имаш. Особено кога сонцето ќе зајде.
 
многу улични кучиња има а мене обавезно ми се сскаат затоа се небезбедни, иначе горе доле доста сигурно е да шеташ било каде у било кое време, за во Скопје зборам

Ти може збориш за Скопје ама живееш во Данска така да.....
Скопје е едно од најкатил местата моментално каква безбедност,какви бакрачи...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom