Улиците навечер се сигурни. Дали?

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
По некои непријатни настани за кои слушнав неодамна, решив да отворам една тема за тоа каква е сигурноста на луѓето навечер кои по некоја случајност се нашле во ситуација да попешачат малку подолго.
Во град кој содржи 1/4 од целокупното население на државата, слободно се шетаат манијаци по улиците.
Моја другарка ја има следено повозрасен маж со штрафцигер во раката, а потоа неколку пати го има забележано како следи и други девојки и дечковци.
Дали мислите дека градот навечер е сигурно место за движење?
Потребно ли е да се зголеми безбедноста на граѓаните?
Сте имале ли вие некоја непријатна случка со некој од многуте манијаци кои шетаат низ Скопјево?
Повелете.
 
Со манијаци јас си имам подолга историја и искуство. До сега минимум 10 пати сум имала средба со такви “изроди“. Ме следеле, некои си се задоволувале пред мене, а 2 - 3 со спуштени панталони почнаа да одат по мене, среќа сум се снаоѓала дали брзо ќе почнам да одам до првите луѓе што ќе ги видам или ќе се качам во такси, битно сум се снаоѓала. Затоа гледам никогаш сама да не си одам накај дома, бегај таму, трауми имам, ко магнет за манијачишта стари сум. Магнет у пм. Еднаш па седев со другарка у кафич, спроти кафичот на улица еден си свиркаше и си пуцкаше со прстите на едната рака, со другата си го фаќаше другар му. Милион примери и докази дека НЕ е безбедно. Да нејќе човек да е женско на моменти.

Не, не се безбедни улиците дефинитивно.
 
Манијаци богами има и претежно се насочуваат кон женскиот пол. Секако во сите големи градови во светот има луѓе кои што се обидуваат на улица во вечерните часови да малтретираат други луѓе. Јас би рекол тоа е тренд на големите градови и метрополи. Но сепак било каде не се оди сам посебно не навечер и тоа треба да биде практика. Што се однесува до дополнителна заштита мислам дека полицијата си ја врши одлично работата но треба повеќе осветлувања на места кои се запуштени.
Ја искуство сум немал аба баш никакво, освен еднаш кога не следеше еден типац но му се вративме и избега.
 
Meне ми е безбеден, никогаш ништо ми се нема случено, ни рекет ни да ме нападне манијак(:)) ни бутур.
еее уствари летоска едни цигани пробаа една лоша фора да ми пуштат со телефон , ама ги замолив да си тераат по патот како не би се направило сапун од нив и толку.
ја мака со џукели си имам, не со луѓе, они ми се пуштаат редовно. : )
 
Ова го има во Скопје, ова го има во сите останати градови во Македонија, ова го има во секој град во светот.
Манијаците секаде ги има и секогаш ги имало.
Посебна безбедност не верувам дека може да има. Треба пред се сами да внимаваме.

Опасно е. Затоа и не е треба да се шета доцна навечер сам и најдобро да се оди по подолг пат ама бар осветлен каде поминуваат автомобили и лица, отколку по скратени улици. Посебно девојчињата, машките се сепак посилни ако нешто се случи.
А ги има секаде околу нас манијаците. Може само да не исплашат, но може и да се има сериозни последици. Зафркавање со оваа работа нема. А ги има и преку ден не само навечер. Шетаат слободно по цел ден закачаат, фаќаат, плашат пред се девојчиња, мастурбираат, а и ако пријавиш само полицијата наша ќе се изнасмее. Ќе каже додека не нападне ништо не му можат. А веќе кога ќе нападне па касно е, има жртва. И тој така секој истото си го повторува...:uvo:
Психопати се тие. За лечење.
 
Eднаш ми се мочаше ненормално додека шетав низ центарот. Не знаев каде да отидам и ми текна на тие ВЦ-ињата што се под мостот Гоце Делчев. Додека одев натаму видов внатре влегоа двајца. И чекам јас надвор се стискам и двајца стоеа пред вц-ињата и ме изгледуваа онака од глава до петици. Излегоа 2-ца од вц-то и влегов внатре кога што ќе видам еден типац (сигурно имаше 30-40 години) мастурбира и ми вика влези не се плаши. Мислам дека ми се сврте во главата и престана да ми се моча, избегав колку што е можно побрзо. После ми рекоа дека тоа таму било собиралиште за педери. Иначе сето тоа се случуваше дента некаде накај 12 часот поручек.
 
Дај боже јас да бидам со некого и да начекам некој манијак. Или да видам на некого да се пуштаат... Уф...
 
Не знам а и што сакаш кој има толку народ.
Секакви има у скопјево. Најопасен град е. Особено доста опасен навечер.
Мие од Тетово може да му ,,носимо вода,, на Скопје кој е прашање тоа. Бидејќи нашиот град е мал. Знаемо кој места са што и знаемо кој са манијаци а кој не.
Ама пак у Скопје. Мн улици, мн народ, а и мн манијаци.
Што значи дека... нигде не се сигруни улиците. А особено во Скопје.
 
Воопшто не се безбедни.
Најново, вечерва во 00,30 можда беше сатот, еден почна да не следи,ние ја префрламе улицата, тој продожува и се гледа во нас, ние застанвиме и тој застанува..мразам такви...
Исто неколку пати ми имаат излезено мајнаци.. ама во такви ситуации треба да останеш прибран, а не како една другарка шо крена триста паники незнаеше на кој свет е од шо се уплаши.

Од вакви никогаш доволно, посебно летово.. ај шо излегвеја после 2 сатот сега фатија и во 00,30 да излегуваат, затоа најдобро е навечер да си се враќаме со такси..

Само не ми е јасно шо мислат што тоа го прават:uvo:
 
Шо ќе напрајш? :raz: :)

Ќе ја грабнам девојката и заедно ќе бегаме :)
Сепак, во таква ситуација мислам дека треба да бидете смирени. Дури можеби има повеќе начини, но во никој случај не смеете да паничите. Веројатно најдобро е да почнете побрзо да се движите кон други луѓе односно кон улици кои што се фрекфрентни, каде што има раздвиженост и осветлени места.
Сигурен сум дека треба да се избегнуваат тесни улици во некое маало, и препорака никогаш не дозволувајте да се враќате од град или од некаде (посебно доколку е касно), пешки или сами.
За жал реалноста е дека такви луѓе секогаш ќе има и сите ќе се најдеме во такви незгодни ситуации но сигурен сум дека доколку се применуваат тие основни 'правила' не би требало да се случи ништо сериозно.
На крај на краевите во САД и во другите западноевропски земји луѓето воопшто не се движат после одреден термин во денот (навечер), па дури и во цели квартови и делови од градот.
 
Мене другар ми има кажувано како некое старче си го мавало на кеј бленејки во нив од другите клупи док он со девојката се мазеле/лапале =)

Исто така и еднаш има типот бркано *пазач* кај парк-от ....
 
Неам гајле, во НЛ барем ги нема, а за у град си носам ладно оружје, шо е сигурно, сигурно е..Боље да јадам пендрак у глава од цајкан, него да јадам "пендрак" у задник од мањак...
 
Не е сигурно бе . Има манијаци секаде,ама Скопје изгледа најмногу. Си треба запуштените улици да бидат поосветлени.

Досега ми се нема случено да ме следи некој и се надевам дека нема да ми се случи.
 
Улиците не се сигурни зашто како прво не се осветлени :toe: засега со манијаци не сум се сретнал така да неможам да зборам ама со кучињава маме ми се е**ва...во маало имам точно 10...па ако залути некое од друга банда пуздер го прават :toe: засега не нападнале луѓе ама никогаш не се знае,проблемот да биде поголем е што во моето маало има помали дечиња па се плашам што се може да се случи...чичко Коце читаш ли? Време е за акција
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom