џимеј
џимилино
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 10.467
- Поени од реакции
- 25.436
Па види, ти си женско јас машко. Што очекуваш? Се знае во друштвото што ќе те направат ако ти се засвиѓа така на изглед некој минувач. Тоа кај нас не е така, кај некој друг можеби, али така сум научен во моето друштво. Во него нема заебанција, види го овај види го онај, а меѓу себе делење комплименти и слично не го сметам за педераење. Сите машки во друштво сакаат да доминираат со сензор за препознавање девојки, а не мажи.А зошто? Каква врска има дали некој ти е познат или непознат,ако има добра фризура или е добро облечен?
Значи на другарите може да им се даваат комплименти и да се забележува нешто убаво во нивниот изглед,а за непознати е забрането.Не ми е јасно ова...
Мене ако ми се допадне нешто,сосема сеедно ми е дали е на другарка ми,на Џесика Алба или на некоја непозната што ќе ја видам на улица,не се плашам да го признаам тоа пред било кој и не мислам дека поради тоа имам геј афинитети.
Кога пишував за тоа, не мислев на комплимент од моето друштво. Нив ги прифаќам исто како што ги делам.Викторе одлична тема во која можат на површина да излезат фрустрациите
Според мене драг мој џимеј,многу е поболно секој даден или примен комплимент од машка страна да се сфати како педерлук.А уште поболно е да помислиш колку добро тело има пријателот а настрана да плукаш.Кој менталитет е овде да не смееш другар да прегрнеш,да го бакнеш,да го пофалиш,се оди до таму и да не го допреш како заразни да сте.
И ајде мажи распукајте се со мажественоста на темава,не верувам дека ќе прочитам квалитетен пост,освен што Виктор ќе го окрка на некои чет конференции.
Мислев на некој што го запознаваш тек така или случаен минувач. Е тоа е болно (или некој друг збор во мојов сиромашен речник) според мене.