Соло или тимско играње?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mikiyo San
  • Време на започнување Време на започнување

Соло или тимско играње

  • Соло

    Гласови: 12 27,9%
  • Тимско

    Гласови: 31 72,1%

  • Вкупно гласачи
    43
Член од
27 март 2009
Мислења
1.051
Поени од реакции
112
Ако има ваква тема слободно нека иди во канта..
Какво играње појче сакате..соли или тимско
на ПР.тенис(ако изгубиш сам ке си бидиш крив)
др пример.Фудбал(па губиш,па се нервираш за другите како играат,па коа ке изгубиш друг крив ова она)
КАжете си и објаснете зошто баш соло или тимско играње..
Позз!!Иначе поише сакам тимско..поинтересно ми е..ај сеа вие сте на ред.!
 
Тимска игра, патот на успехот =)
 
И едното и другото имаат своја предност и мана.
Соло играњето се потпираш буквално сам на себе, немаш никој кој може да ти помогне и слично, немаш некој од кого би научил нешто повеќе што знам не сум таков соло играч.
Тимското веќе има своја тежина и предност, целиот тим игра како еден и тука си многу појак. Ако ти неможеш нешто да направиш ќе го направи тоа некој друг а ти тоа што другиот неможе и така се надополнувате еден со друг.
Друго тука мора да се усогласиш со сите во тимот за да функционирате како што треба.
 
Па јас сум за соло играње. Соло играњето е доста поинтересно и потешко оти според мене си оставен сам на себе, нема кој да ти помогне доколку не ти е денот и не ти тргне и во секој миг концентрацијата мора да ти биде на највисоко ниво бидејќи ќе нема кој да ти ја поправи грешката.
 
Тимско играње, кога сите се на иста бранова должина во тимот тогаш многу лесно ќе се победи противникот.
 
И соло(тенис&пинг-понг) и тимски(фудбал)
 
Најдобро е соло,кога ке загубиш никој не ти е крив.
 
Соло. Тенис, пинг понг исл и многу ми се поинтересни такви игри отколку тимски. Сепак ако губам јас сум крива самата и тоа е тоа. А доколку играм тимска игра се некој друг ќе ми е крив.

Најдобро ми е кога сум соло :D.
 
Па мислам дека солото има повеќе предности, но сепак повеќе преферирам тимско играње... Се што до сега имам тренирано е тимско, некако ми има повеќе возбуда :vozbud:, ти треба поголема концентрација [треба да внимаваш и на другите соиграчи] и во случај на пораз не можеш целата вина да си ја префрлиш на себе.:pipi:
 
Повеќе ги сакам тимските игри јас.
Во Македонија е подобро да си дел од некој тим, на поединците им е многу многу потешко. Тие тука се оставени баш сами на себе.

Но си има се предности и мани.
Соло игра ти се одлучуваш, само од тебе зависи, само твоја победа, само твој пораз.
Во тимска игра мора да си колективец, мора секого да почитуваш, може да си одличен а сепак да изгубиш што не е твоја вина, но може и да имаш лош ден а останатите да "те извадат" и да победите.
Кај нас е полошо кај соло игрите што се поскапи и често теретот паѓа врз спортистот. Тие се на некој начин не многу популарни и тешко се доаѓа до спонзори. Не сакаат луѓето многу да спонзорираат во поединец. Треба да е многу добар па за да го подржат, младите таленти ги оставаат сами на себе а баш во тие треба да се инвестира во младите.
Тимските спортови се подобри што имаш тим позади тебе кој те плаќа, но за да влезеш во него треба да се докажеш. Но ако цел тим паѓа, паѓаш и ти со него без разлика дали си можеби и најдобриот.
 
Тимско играње.
Во тимското играње можеш да постигнеш поголем успех и со тоа можеш да се докажеш колку можеш да постигнеш. Никогаш неможеш да се мериш 1в1 на нешто, секогаш посоти тимската игра за тоа да видиш дали те бива или не.
Одбирам тимска игра, соло е глупо, и со соло никогаш неможеш да се мериш.
 
Со тимско играње можеш полесно да успееш,вака сам потешко е.

Затоа гласав за тимско.:smir:
 
Подруго е во тим :)
Поинтересно дефинитивно
 
Подруго е во тим :)
Поинтересно дефинитивно

Поинтересно ти е да р`мбаш како играч од средина како будала 90 минути и некој од твоите да ти шибне автогол?

Пример давам.
 
Поинтересно ти е да р`мбаш како играч од средина како будала 90 минути и некој од твоите да ти шибне автогол?

Пример давам.
Е сеа Џену ти на најлошото мислиш.
Па одбираме тимска игра, ама сите (целиот тим) да има спортски дух да напредуваме и слично вака ке успееме. :)

Автогол :pos::pos: што ти текна сеА ?:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom