@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
ДПМ ГО ОСУДИ УПАДОТ НА ПРОМОЦИЈАТА НА РЕЧНИКОТ ВО АТИНА
Грчките интелектуалци да ја почитуваат демократијата
Македонските писатели го осудија упадот на неодговорна група луѓе, кои во Атина се обидоа да ја спречат промоцијата на првиот Грчко-македонски речник. Тие ги повикаа своите колеги и интелектуалци од Грција да се почитува слободата, правдата и демократијата. Повикот го упати поетесата Светлана Христова-Јоциќ, претседател на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија, на вчерашното редовното заседание на асоцијацијата.
ДИЈАЛОГ ЗА ДА СЕ РАЗБЕРЕМЕ
- Инцидентот што го предизвикаа членовите на ултранационалистичката „Хриси Авги“ остро го осудуваме, длабоко убедени дека и вие го споделувате нашиот гест кон гнасниот чин што е рецидив на најмрачните страници од минатото - рече Христова-Јоциќ. Таа посочи дека дијалогот е единствена можност за разбирање, запознавање и зближување меѓу народите од светот. Јазикот, рече Христова-Јоциќ, е основно средство за дијалог, а речникот е помошно средство за јазикот да ја покаже својата моќ и да биде во функција на цивилизираните стремежи на сите народи од светот. Ние, Македонците, се служиме со својот мајчин, македонски јазик, вие Грците се служите со својот мајчин, грчки јазик, но тоа не е причина за да не можеме да се разбереме во она што е наша заедничка особина како творци - рече Христова-Јоциќ.
Таа потсети дека во изминатите децении повеќе дела на грчки автори, како Никос Казанѕакис, Јоргос Сеферис, Одисеас Елитис, Јанис Рицос и други, се преведени и објавени на македонски јазик. На грчки јазик се преведени повеќе дела од македонската литература, како книги од Кочо Рацин, книгата „За Македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков. Овие аргументи, како што рече Христова-Јоциќ, се уште една потврда дека различните јазици не можат и не смеат да бидат бариера, туку мостови што зближуваат и збогатуваат.
ПИСАТЕЛИТЕ СЕ ИЗБОРИЈА ЗА ПОВЕЌЕ ПАРИ
Писателите од почетокот на идната година ќе добиваат повеќе пари за своите дела. Министерството за култура веќе ја прифатило иницијативата на ДПМ да се зголемат авторските хонорари за литературните творци. Отсега за еден авторски табак државата ќе плаќа по една просечна плата.
- На тој начин авторите ќе бидат стимулирани повеќе да работат. Направен е еден убав исчекор во третманот на македонските книги. Но, ќе се зголемат и критериумите - рече претседателот на ДПМ, Раде Силјан.Во литературата и издаваштвото усвоени се и други измени, кои ќе стапат во сила од 2010 година. Пред да замине во печат, секое дело задолжително ќе треба да биде оценето од соодветен, стручен и компетентен рецензент.
- Тој ќе гарантира за квалитетот на делото што ќе го плаќа државата. Со рецензиите и младите автори и докажаните писатели ќе имаат шанса за ист третман - рече Силјан.Усвоена е уште една одредба што ќе им ја олесни работата на писателите - Министерството за култура ќе откупува објавени книги што веќе се излезени на слободниот пазар. Според Силјан, тоа ќе биде дополнителен поттик за да се создаваат повеќе дела.Според новите пропозиции, една буква во моментов вреди околу 0,66 денари. За еден табак од 16 страници во кој се внесени 30.000 знаци писателите ќе добиваат 19.746 денари.
- Сите веруваме дека веќе в година платите ќе бидат повисоки, а со тоа и хонорарите - вели Силјан. На изборното собрание беше речено дека во Македонија годишно се печатат околу 700 книги. Десет издавачки куќи работат професионално, а останатите издавачи работат стихијно. Во овој бизнис работат околу 300 луѓе. На редовното собрание присуствуваа околу 50 членови на ДПМ.