Пропаѓа ли македонскиот спорт?

  • Креатор на темата Креатор на темата Zemzela
  • Време на започнување Време на започнување

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Возраст
42
Трифун Костовски веќе не финансира во Вардар,
Фершпед се откажа од финансирањето на кошаркарскиот и одбојкарскиот тим Работнички,
Макстил се откажа од финансирањето на Македонската ракометна репрезентација...
...ред клубови згаснаа...дали ова значи одење по жица на нашите клубови и репрезентации,дали мислите дека треба да се олесни вложувањето во спортот? Каде е спасот...
 
Како настанале клубовите така ке се спасат. Да се вратат клубовите во рацете на обичните луѓе кои ги направиле тие клубови. Може ке биде тапа али пак ке се врати интересот во спортот.
 
Како настанале клубовите така ке се спасат. Да се вратат клубовите во рацете на обичните луѓе кои ги направиле тие клубови. Може ке биде тапа али пак ке се врати интересот во спортот.
Многу добар одговор подобро така него некој да го краде цел спорт а воедно да го уништува.
 
Кој тапа муабет!! Као со Штерјо и Трифун Вардар и Годел мама да ебаа некаде надвор од државава.
Не е ова никаква пропаст ни за едни ни за другите, ова е чак и позитивно од аспект на наоѓање спонзори кои би се фатиле за асално спонзорирање и со стратегија за ширење на моќта на клубовите надвор од држава.
Наместо двајца профитери со сумњиво стекнати пари кои ги корисетеа за реклами на друите фирми што им се во посед и чат-пат ко перални.
 
Не е баш за во фудбал темава затоа што авторот зборува општо за македонскиот спорт. Ја селам во Останати спортови.
 
Да се врати социјалзимот и вардар пак ќе биде најдобар не само овде во мкд туку и во европа.

не знам колку знаете ама социјалзимот имаше највеќе патриотизам бидејќи не дозволуваше играчи до не знам точно која старосна границ ане смееја д аиграат за странски клубови, а исто така не семеше да странски играчи играат за домашни клубови и така се развиваше спортот и затоа бившса југославија беше најака во сите спортови.
 
Богами ракометот како најсилен спорт, во последно време после големите успеси, започна да тоне... Македонски синдром...
 
Пропага Пропага Пропага Пропага Пропага Пропага и уште мн ке пропага бидејки сите гледат само како пари да испрерат преку него
 
Се додека владата не донесе законски олеснителни околности за спонзорите да вложуваат во некој клуб, ке пропага и тоа на големо.... Се додека има спонзори каде што постои само личен интерес, ке нема успех во спортот.:smir:
 
Не мислам дека пропаѓа затоа што кризата е почната од поодамна и сеуште трае, само сега се интензивира бидејќи откажаа големи фирми на клубови со реноме. Сепак во Македонија е тешко да се најде јак спонзор кој целосно финансиски би застанал зад некој клуб и клубот би можел да се сврти само кон спортскиот аспект. Значи за успех во светот најпрво треба да се отворат младински школи од каде ќе излегуваат таленти. Во Македонија има младиниски школи во кои условите се никакви и никој не вложува во нив. Потоа треба да се донесат странски играчи, но мислам на квалитетни странски играчи, а не како овие што се моментално кај нас (со чесни исклучоци кои можат да се избројат на прсти). И за тоа нема финансиски средства. Кога на ваквата состојба ќе се додаде фактот дека спонзорите влегуваат само за лични цели а не за доброто на спортот не може да се очукува нашиот спорт да оди напред, туку баш напротив.
 
Трифун Костовски веќе не финансира во Вардар,
Фершпед се откажа од финансирањето на кошаркарскиот и одбојкарскиот тим Работнички,
Макстил се откажа од финансирањето на Македонската ракометна репрезентација...
...ред клубови згаснаа...дали ова значи одење по жица на нашите клубови и репрезентации,дали мислите дека треба да се олесни вложувањето во спортот? Каде е спасот...

Околу Трифун и Вардар не сум запознаен многу многу.Се надевам дека ќе остане во Вардар.

Фершпед се откажал од Работнички? И што сега? И Годел се откажа на времето па дојде Фершпед. И Металски Завод се откажа од МЗТ Скопје па еве пак опстануваме како така. Значи Работнички не пропаѓа во никој случај. Може само да излезе уште појјак од целава ситуација. Околу откажувањето на Макстил од финансирањето во репрезентацијата стварно незнам што да кажам. Тоа се веќе големи игри. Кузнае што се се крие позади ова.

На крај краева, само во кошаркава во последниве години ако погледнете поубаво ( а и порано ) пропаѓа по еден клуб годишно...
Во фудбал исто. Доаѓаат инстант тимови, играат, излегуваат во европа, пропаѓаат.Уште долго време ќе биде вака кај нас. Мора да се донесе нов закон со многу поволности за спонзорирање.Тука е спасот.
 
Незнам само како ќе излезе Работнички појјак :toe: Годел го напушти но реално со Фершпед друга е приказната,повеќе пари се даваат...и не само тоа Трифун се откажа и од Кометал а беше успешен таму...реално моментално нема ни еден асален спонзор така да спортот почнува да паѓа на аматерски гранки :nesum:
 
Така што ќе (би) го земала поголема фирма или фирма која е рамна на Фершпед. Еве на пример Макпетрол. На крај краева мене искрено ич не ме боли таквото за нив.

Болдираното. Р.К Вардар, Р.К. Металург??? Аматерски тимови??? Една од најјаките дерби утакмици на балканот е Вардар - Металург:toe:
 
Гледајќи ги репрезентациите (машка и женска) ракомет навистина ми е криво до кое ниво дојдовме. После големите успеси моравме да застанеме на нозе и да продолжиме, ваква пауза која следи дефинитивно нема да ни оди во прилог.
 
Околу Трифун и Вардар не сум запознаен многу многу.Се надевам дека ќе остане во Вардар.

Фершпед се откажал од Работнички? И што сега? И Годел се откажа на времето па дојде Фершпед. И Металски Завод се откажа од МЗТ Скопје па еве пак опстануваме како така. Значи Работнички не пропаѓа во никој случај. Може само да излезе уште појјак од целава ситуација. Околу откажувањето на Макстил од финансирањето во репрезентацијата стварно незнам што да кажам. Тоа се веќе големи игри. Кузнае што се се крие позади ова.

На крај краева, само во кошаркава во последниве години ако погледнете поубаво ( а и порано ) пропаѓа по еден клуб годишно...
Во фудбал исто. Доаѓаат инстант тимови, играат, излегуваат во европа, пропаѓаат.Уште долго време ќе биде вака кај нас. Мора да се донесе нов закон со многу поволности за спонзорирање.Тука е спасот.
Друго е.
Сега сме во рецесија и фирмите гледаат само да спасат жива глава, а за спонзорство ич да не разговараме.А што викаш Макпетрол, да, стварно е моќна компанија, но освен во куглање тие никаде на друго место не спонзорираат, нит во спорт нит на некоја манифестација.Куглање спонзорираат само за си ги олеснат околностите кои ги имаат спрема државата, а со тоа што спонзорираш во македонски спорт државата те олеснува од повеќе работи.

Единствени причини поради кој Работнички би измамил некоја фирма е тоа што нема никакви долгов спрема било кој и има своја спортска сала во која се организираат различни манифестации и тука се перат некои пари.

Додека во Вардар е сосема друга приказна.Тоа е бренд кој секој би го сакал, но да нема милионски долгови, кои се прикриени години уназад.Вака тешко.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom