за македонцките работи

  • Креатор на темата Креатор на темата димитар в.
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 мај 2009
Мислења
349
Поени од реакции
16
Веб-сајт
zvukotnatapanot.blog.com.mk
‘’Проверувам дал буден сум ил сонувам’’

Да не ти се верува колку гадинки се насобрале на светов, блујат омраза. Пушти вести, прочитај весник, просурфај на кајгана се едно истите карактери се трудат да предизвикаат шум, да го насочат вниманието на површината, вадат карактери од нафталин и им даваат политичко значење. Гомната повторно плутаат на површината, смрдеа насекаде. Ги учиме европските финти, кооперативни сме, драпаме наместо да создаваме – на душманот во скут му седиме, поуки му даваме како од нашите да се ослободи. Личното име го криеме, се срамиме од нашите постапки кошмари не напаѓаат не можеме мирно да спиеме – мрак не обзема, вистината ја искривуваме
Од вашето перо течат
мастила отровни
и црни се траги лепат
на прстите валкани.
http://www.mizar.com.mk/tekst.asp?lang=mac&tekst=4

“ А, тоа што вели дека Хермоген не е твоето вистинско име, претпоставувам дека тој тоа го кажува на шега; можеби смета дека ти секогаш кога си насочен на пари, ја пропушташ добивката”
Платон

Обидот да се излезе од нашава калакурница е едноставен невозможен, секој ден за нас е проверка [ дал буден сум, ил сонувам ] – притиснати на компромис притискаме за компромис.
Ние не спремаме одбрана ние продуцираме аргументи кои тие ги користат против нас, не ја браниме својата вистина браниме туѓа, не водиме наша војна учествуваме во туѓи.
Нашата интелектуална, медиумска, бизнис елита има фабричка мана таа не е наша елита, таа е слуга во туѓ двор, таа велича туѓи херои убивајки ги нашите идеали.
Ние љубиме да бидеме владеени, нам не ни пречи да плаќаме данок полнејки туѓ буџет, не ни пречи да градиме туѓи театри, споменици – Крал Александар или Цар Борис би прилегале на вашиот мочан плоштад.
.....
Ние успеавме на малиот црвенонос Ирец да му вбризгаме толкава моќ што кутриот човек кога ќе појде дома ќе има проблем со идентитетот – богот, сеприсутниот, чистото знаење - ќе биде соочен со другарчињата од локалниот паб на кои што нема да може да им продава “муда за бубрези”
.....
Повторно деновиве ја слушаме мантрата компромис, компромис, компромис – наша задача е да ги уточниме работите – за да има компромис мора да има спор а спор нема има само сеприсутна хистерија продуцирана од разно разни интересни групи, чудни миксови на разузнавачки сојузи, пиљарско-медиумски картели, банкарско-шпедитерски дружини, соросоидни инфилтратори, разни Оливери, Билјани...
.....
Ние не сме репресивна држава веројатно затоа што не сме држава, [ во “европска” смисла на поимот ] ние сме dream come true со мали фалинки кои што можеме да ги поправиме ... ако поработиме
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom