@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
ВО 19 ВЕК СТРАНСКИ ДИПЛОМАТИ, ЗА ДА И УГОДАТ НА ТУРЦИЈА, ТВРДЕЛЕ:
Во Европа не постои земја со такво име: Грција или Елада
Скопје 07 Јуни
Во врска со барањето на герците да го смениме името за да не признаат, Блаже сериозно рече: Па тоа е апсурд!
Овие зборови на академик Блаже Конески се запишани во "Од мугра до мугра", книга на Паскал Гилевски.
Втората актуелизирана мисла на Конески, каде говори и за влијанието во литературата од бугарска страна, деновиве е поместена во списанието "Синтези"
Барањето на герците- да го смениме името за да не признаат е апсурд!
Овие зборови се на втемелувачот и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик, академик Блаже Конески, искажани во Клубот на пратеници во Скопје, на 30 јануари, 1992 г., а поместени во книгата на Паскал Гилевски, "Од мугра до мугра".
"Во врска со барањето на герците да го смениме името за да не признаат, Блаже сериозно рече: Па тоа е апсурд! Во минатиот век (19 век, н.з.), кога Герција барала признавање од страна на Големите сили, странските дипломати - за да и угодат на Турција - велеле дека во Европа не постои земја со такво име: Грција или Елада. Герција еден подолг период - речиси се до минатиот век, па и подоцна, го носеше името Ромиа - според Римската империја. Му реков дека дури и Јанис Рицос има поема под наслов грцизам - елинизам. Видиш, рече Блаже Конески", стои запишано во "Од мугра до мугра".
-Блаже го спомена и податокот дека првата герчка независна држава беше создадена на јонските девет острови, потоа во Стара Грција итн., се сеќава Гилевски.
-Ни зборуваше доста за нападите врз него. На пример, во Софија, весникот ВМРО, по повод промовирањето за почесен доктор на Скопскиот универзитет, напишале мошне грд напис. Македонскиот народ и други работи ги ставиле во наводници. Тој е огорчен и од нападите кај нас, од написите во "Глас". Ние, Македонците, рече, не сме единствени, ќе се изедеме еден со друг, опишува Паскал, споменувајќи и дека познатиот грчки писател Костас Валетас, "Конески го нарекува мудрец и патријарх на македонското писмо...".
Втората, деновиве актуелизирана мисла на Конески, е поместена во списанието "Синтези". Се работи за ексклузивна објава на рефератот на Блаже Конески, поднесен на основачкото собрание на Друштвото на писатели на Македонија (13 февруари, 1947 г.), а неодамна откриен од акад. Гане Тодоровски во приватниот архив на Венко Марковски.
Таму Конески отворено и храбро говори за една осетлива тема, односно влијанието од бугарската страна, во втората половина на 19 век. Конески пишува дека нашата буржоазија тогаш била ориентирана бугарофилски, и дека голем број интелектуалци, бегајќи од тешките услови за работа во Македонија, емигрирале во Бугарија.
-Но поради тоа што тогашните наши писатели се определуат национално за Бугари, дали таа литература е помалку наша, или можеби и апсолутно не ни припаѓа нам, ами е дел од бугарската литература? Такво тврдење би било наполно погрешно. Настрана тоа што таа во основното е создадена на македонски јазик, важното е - дека таа е жив израз на една епоха во историскиот развиток на македонскиот народ, ќе рече своевремено Конески.