Веб дизајн помош (совети, трикови, алатки итн.)

  • Креатор на темата Креатор на темата bojan81
  • Време на започнување Време на започнување
dukiiii, гледам си ставил временска прогноза. Од кај ја зема? Ми се свиѓа дека е едноставна ;)
 
padding

здраво на сите
ми треба малку помош со padding.
во футерот имам од десна страна банер
и лево од неа текст(копирајт ааа ууу).
сето ми е ставено во еден параграф и изгледа добро само сакам да ставам малку padding мегу сликата и текстот

anyone???!!!
поздрав :)
 
Ја Ставив на Голо

Ја ставив на голо...сам ја менувам :nesvest::nesvest::nesvest:
 
Како бе мануелно, гледам во сорсот од weather.yahoo влечеш нешто
 
Ми требаат помош околу изградба на еден сајт

Идејата ми е да направам еден сајт на кој што ќе можат сите Македонци на едно место да се информираат за сите прослави кои што се организираат по дијаспората.
На пример:
Јас со мојата организација некоја си Црква правам некоја прослава по повод некој си Празник во градот Парис и воедно идам на пример во овој случај ќе се работи за makedonskaproslava.com сум регистриран таму и ги внесувам сите потребни податоци околу прославата: во колку саатот, каде, мапа евентуално од google, каква прослава итн.....

Па би сакал да слушнам јас некои ваши идеи...

Моите идеи вака набрзинка се:
1. Нешто како форум?
- но дали ќе биде доволно прегледно поради тоа што ќе бидат многу држави, многу градови, но би било добро за да се договараат меѓусебно евентуално, да разговараат и како била после прославата......

2. Нешто како со некоја скрипта за огласи да се изведе?

3. NEWSLETTER скрипта некоја само да биде по никој начин.

Или да не знае некој веќе да има ваква скрипта?
 
најлесно ти е да најдеш некоја free php CMS kako joomla, mambo etc. и само да го нашминкаш добро templatot и да можеш лесно да работиш преку админ мени, за внесување на податоци итн. Само ти треба бајаги работа бидејки ќе внесуваш многу земји ко што кажа
 
Ако добро разбрав сакаш да направиш страна нешто како ѕ стил да биде трачерска, да пишува за одредени новости, информација за јавноста ... такви работи ... за тоа би ти препорачај Joomla дека со Joomla страната би ја направил со доста убав изглед (баш како што би ти требало) и за 2-3 дена ... само незнам колку би успеал понатака со одржувањето на таа страна ... доколку си сам ќе треба да се изнамачиш :)
 
Во head тагот на страната пиши :
<style type="text/css">
img.slika {
padding-left: 5px;
}
</style>

Во body тагот кај што ти е сликата пиши :
<img src="lokacija..." class="slika" />

Мислам дека од прилика така би требало да изгледа :helou:
 
А да пробаш со NextSense - webBuilder,тоа е македонски CMS,немам искуство со него,но мислам дека веб страната на дневник(весникот),е правена во него,а и уште некои страни за весници :)
 
Мој предлог е Wordpress.

Може да биде многу помоќен од Joomla, ако знаеш што правиш.

Joomlata е премногу комплицирана за почетници, гарант ќе заглавиш на одреден темплејт што ќе го симниш/украдиш и нема да знаеш да мрдниш освен да смениш некое сликче на страната.

Така секогаш кога некој ќе ме праша за ваков или сличен сајт, би му предложил Wordpress и немам згрешено, затоа што луѓето си ја завршуваат работата.

Во главно постовите со прославите ќе ти бидат како постови на блогот, потоа областите, градовите државите би ти биле категории, па лесно сето ќе се распределува во Sidebar от.

Поздрав!
 

Зашто воопшто постојат волку неиживеани луѓе како тебе не ми е јасно, која ви е целта, што ви е целта, немате ли попаметна работа... ццц
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom