Македонците од Грција ќе ги враќаат имотите според италијански рецепт
Автор: Александар Божиновски
Планот со кој Македонците по потекло од Егејска Македонија протерани за време на Граѓанската војна во Грција ќе си ги враќаат имотите се покажал како успешен во еден случај пред Судот за човекови права во Стразбур, каде што Италијанец по потекло од Словенија добил спор за поврат на имотот. По Втората светска војна, 30.000 Италијанци беа протерани од Словенија. Пресудата ќе се користи како преседан во другите случаи. Токму ова го планираат и адвокатите на Македонците од Егејска Македонија.
Ервин Докиќ е словенечки адвокат од Пиран, кој го добил спорот во корист на Италијанецот. Тој си го барал имотот од Словенија и победил пред Малата порота на судот во Стразбур. Докиќ не сакаше многу да образложува за спорот, бидејќи Словенија ја обжалила пресудата пред Големата порота на Судот.
- Малата порота е составена од тројца судии. Тие пресудија во наша корист, но последниот збор го има Големата порота составена од 15 судии. Не би сакал ништо додадам додека не го поминеме и тој праг - вели Докиќ.
Други словенечки адвокати што застапуваат Италијанци против Словенија и кои сега оваа пресуда ќе ја користат во своја корист, објаснуваат:
- Клиентот на Докиќ сигурно ќе го добие спорот. Ретко кога Големата порота поништува пресуда на Малата порота. Ние сме запознаени со случајот на Егејците. Тие се во уште подобра позиција од Италијанците, особено затоа што Италија беше поразена страна во Втората светска војна.
Тие појаснуваат, за да се добие спор пред Стразбур се потребни три нешта. Прво оштетениот да има тапија за имотот, второ да ги помине сите судски инстанци во земјата што ја тужи (значи во случајот на Егејците тоа е Грција) и трето тужената земја треба да биде потписник на Универзалната декларација за човекови права на ООН потпишана на 10 декември 1948 година во Париз, Франција.
- Ова се трите елемента со кои Докиќ го доби спорот - велат словенечките адвокати.
Тие додаваат дека Словенија ќе биде на тешки искушенија кога ќе дојде време одеднаш да враќа 30.000 имоти, од кои некои се национализирани, а други дадени на словенечки граѓани. Адвокатите сметаат дека Словенија требало да го користи примерот на Хрватска, која лани потпишала спогодба со Италија за враќање 1.500 имоти годишно на протерани Италијанци од полуостровот Истра по Втората светска војна. Во ситуација, како Словенија, се и владите на Чешка и на Словачка, кои загубиле спорови во Стразбур од Судетските Германци. Три милиони Германци од областа Судет биле протерани во 1940 година, а нивните имоти запленети.
- Да, и ние ќе направиме како Италијанците. Среќна сум што нашата тактика веќе успева кај други. Сè уште ги немаме поминато сите инстанци во грчките судови, но кога тоа ќе се случи ќе одиме во Стразбур со десетина тужби. Македонците од Егејска Македонија имаат сè што и Италијанците за борба со грчката држава. Единствено ни недостасуваат околу 200-300 илјади евра за тужбите во Стразбур - вели Трендафилка Сандева, адвокатка на протераните Македонци од Егејска Македонија.
Досега околу осум илјади Егејци планираат да си ги бараат имотите во Грција.
Грција, според интернет-страницата на ООН, во 1948 година ја потпишала Универзалната декларација за човекови права. Иронично, тогашна ФНР Југославија гласала воздржано.
http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=2&fCat=0&top=1&EditionID=407&ArticleID=25740
од денеска ке ве трујам додека не ем банираат со добри вести,глеам се се негативни девастирачки и слично,малку пооптимистички да глеаме на работите