Од Микросам тргнува машина за вселенска технологија

  • Креатор на темата Креатор на темата ЉУПЧО
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 декември 2008
Мислења
321
Поени од реакции
8
ПОДВИГ ВО ПРИЛЕП Од Микросам тргнува машина за вселенска технологија

Автор: Дарко Јаневски
robot.jpg
Македонија, дури и во свеста на самите Македонци, главно се води како земја на домати и пиперки. За толку имал ум нејзиниот народ. И таквата перцепција сè повеќе прераснува во комплекс. Сите други се поумни од нас, иако десетици, стотици и илјадници Македонци работат токму низ тој свет како признаени стручњаци. Дежурните скептици велат - туѓината им помогнала, инаку ќе си останеле такви какви што биле тука: типични примероци на некој од мариовските селани со кои легендарниот Итар Пејо вообичаено си играл мајтап.

Арно ама, по сè изгледа дека работите ни оддалеку не се такви. Благоја Самакоски од Прилеп и неговата компанија „Микросам“ со својот најнов подвиг го докажуваат токму спротивното. Деновиве од една од нивните хали во рацете на странскиот купувачи треба да отпатува машина која произведува импрегнирани карбонски влакна што се користат, меѓу другото, и во производството на сателити. Поточно, тоа и е целта на партнерот на „Микросам“ во оваа зделка - машината да ја ползува пред се во областа на сопственото производство на сателити. Можеби звучи неверојатно, но вистинито - технологија за вселената од Прилеп? Тоа мора да се види со свои очи.

Со ајвар во вселената

Интересно компанијата нема обезбедување за кое еден лаик претпоставува дека е нужно кога се работи за производство на врвна технологија.

- Ние сме отворени - вели Самакоски - учествуваме на секој саем и таму не криеме што нудиме. Впрочем на еден од саемите и ни пријде претставник на сегашниот партнер и купувач. Така и почнаа првите разговори. А, како во странство се третира оваа работа, доволно ќе биде ако ви кажам дека во некои држави фабриките се неколку катови под земја.

Работата бргу била договорена, иако кај странците веројатно имало сомнеж околу тоа дали „Микросам“ навистина може да го изведе тоа што го тврди. На тимот на компанијата му биле потребни седум месеци, но машината била направена. Тоа што барем за нас беше откритие е дека лидери на проектот зад кој стои целата фабрика, се луѓе што своето образование го стекнале тука, во Македонија. Нема занесени и умислени доктори од Харвард, Оксфорд или Кембриџ, кои ве гледаат од високо зашто тие произведуваат нешто што за обичниот Балканец би требало да е несфатливо. Напротив, овие луѓе ги минале вообичаените студентски денови за еден Македонец, преполни со тегли туршија и ајвар направен од уморната мајка, кој потоа со денови е чуван на надворешната страна од прозорецот на некоја студентска соб,а за која и фрижидерот можеби бил луксуз.

Триесет и двегодишниот Жарко Качаков е машински инженер што се образувал во Битола. Значи прилепчанец што се школувал во Битола и кој, според овој дел од биографијата, не ги задоволува стандардите ни на самобендисаните скопски празноглавци. Неговиот врсник Драган Велјановски станал електро инженер во Скопје. Вели дека вистински струката ја запознал тука, во фабриката, но и дека меѓу него и неговите многубројни факултетски колеги што судбината ги одвела по други патишта, немало голема разлика во знаењата. Поентата му е дека во Македонија има акумулирано големо знаење и многу способни луѓе. Друго е прашањето како тоа се користи, односно не се користи. Најстариот меѓу нив, Славе Костадиновски, кој е шеф на производство во „Микросам“, со своите 57 години денес би требало да биде слика и прилика на некогашниот самоуправувач чија водечка идеја беше дека има кој да му ја мисли. Но, тој очигледно го заборавил самоуправниот социјализам. Доволно за денес да произведува сателитска технологија.

Според Самакоски, оваа тројка и неговиот син Самоил задолжен за софтверот (тој неколку години работел во „Мајкрософт“, па потоа едвај бил донесен назад во Македонија и во „Микросам“), се сржта на проектот кој веројатно ќе остави подзинати многу врвни држави во сферата на технологијата. Како што пријатно зачудени останале и претставниците на купувачот на машината кога дошле на самото место да видат како се одвиваат работите.

- Како да не им се веруваше во тоа што го гледаат. Впрочем, самите знаат дека ваква машина се произведува само во три земји: Швајцарија, САД и Германија. Последното нешто што очекуваат да видат на таа карта е земја како Македонија. Со овој проект ние го сторивме тоа - ја внесовме Македонија на листата на која се запишани државите што можат да се пофалат дека имаат удел во производството на технологија за вселената - вели Самакоски.

Серијата следува

За неколку дена машината треба да биде спакувана и испратена на пат. Купувачот не сакал да се откриваат какви било детали за него, па и Самакоски ја почитува таа желба. Тајна е и цената на машината. Но, според него тоа во овој случај можеби и не е толку битно. Битно е дека нашиот комплекс на мали, слаби и неспособни, по сè изгледа не е реален. Како и дека за него самите сме виновни. На прашањето дали не се плаши дека сега откако ја продал оваа машина, веќе нема да му треба не само на сегашниот купувач, туку и на потенцијалните други заинтересирани страни, Самакоски се потсмевнува:

- Во светот има многу земји на кои оваа технологија им е потребна, но да можеа да ја направат машината, тие тоа и ќе го стореа. Ова не е технологија која можете да ја усвоите така што ќе ја расклопите нашата машина и по тој пример ќе направите друга - вели директорот на „Микросам“.

Во меѓувреме, луѓето од неговата компанија подготвуваат нова машина која ќе произведува импрегнирано платно кое се користи во авионската индустрија. Самакоски раскажува за дел од борбата меѓу развиените земји и нивните авионски компании, како на пример „Боинг“ и „Ербас“, за тоа која попрво ќе ја усвои оваа технологија истовремено криејќи ја од конкурентот. Некако не ни се верува дека еден Прилеп, таа борба, тие милијарди на најразвиените земји и компании во светот потрошени на сопствена заштита и на обиди да се ѕирне во туѓиот двор, во туѓиот хангар, ги урива сите тие структури што со децении меѓусебно се држеле „на нишан“. Ама сè е тука, пред очите. Првата машина безмалку на три ката, втората, која наскоро ќе биде готова и која претпоставуваме ќе им го крене притисокот на многумина во светот, а малку понатаму во халата поставена е основата и за трета машина, која според Самакоски навистина е предизвик, но за која засега не открива детали.

Библиотека каква што нема ни во некои градови

„Микросам“ е една од ретките приватни компании во Македонија што се потрудиле да имаат сопствена библиотека со стотици стручни наслови, но и со дела од литературата како, на пример, на некои од руските класици.

- Главниот дел од нашата библиотека, сепак, го сочинуваат петте илјади стручни наслови, кои ги имаме во дигитална форма - вели Самакоски.

- Не може да се случи некому да му е потребна некоја стручна книга, а таа да не ни биде на располагање - раскажува тој.

Лидер

„Микросам“ е компанија што се смета за лидер во сферата на композитни материјали. Има 35-годишно искуство, а производствено е активна од почетокот на деведесеттите години на минатиот век. За неа многу повеќе се знае надвор до Македонија, но тоа можеби е и подобро.

http://novamakedonija.com.mk/Deskto...=2&fCat=1&EditionID=407&top=1&ArticleID=25743
 
Кај нас ретко се експонираат успешните, многу ни е полесно да пишуваме за неуспешните и нечесните.
Менаџерот на Микросам постојано е потенциран како човек со исклучителни менаџерски способности во бизнис кулоарите. Веројатно е и точно според горенаведеното. Неспорен е капацитетот на нашиот народи не ме изненадува успешност надвор од границите на Македонија.

Во секој случај: напред дечки! Растурете ги!

п.с. и мене ме интересира мислењето на АБЦ
 
На тие луѓе им градиш објект, им даваш бенифицирани услови, државни кредити и ги пуштат преку труд да и вратат на земјата.
Финален производ тука, Made in Macedonia, Сателит.
 
То Прилепчани!!!
Браво... државата треба да даде сега поволни услови за овде да се прават повеќе работи.

БРАВО, конечно нешто добро.
 
Само напред Македонци! Може некој ден и на месечината ќе стапнеме. :)
 
Nastrana mislenjeto od ABC koj ke se fokusira na sin mu Vele Samak :) :wink:imav drugar koj prethodno rabotese vo Mikrosam (circa 5-6 godini) znam deka primanjata bea ocajni okolu 250-300 evra mesecno za mladite kadri i so mnoooogu rabotni sati,vo sekoj slucaj pozdrav za uspehot na Mikrosam vo svetski ramki.
 
Само напред Македонци! Може некој ден и на месечината ќе стапнеме. :)

ama navistina, ne ko amerikancine? :pos2:

inace, samo bravo i za ova i za site drugi uspesi na golemite umovi od Makedonija, bez razlika Makedonci ili ne po rod :back:
 
Браво секоја чест ..

Апел до Микросам .. да стават Made In Macedonia на некој ќош на машината :)

инаку години уназад Микросам произведуваат CNC технологија и имаат добри иновации ...
ова е сепак гоолеемм чекор напред
 
Браво алал да им е само нека продолжат да редат успеси, инаку да спомнам дека ФБИ и НАСА исто така користат македонски програм за прелистување, создаден од македонски програмери.
 
Nastrana mislenjeto od ABC koj ke se fokusira na sin mu Vele Samak :) :wink:imav drugar koj prethodno rabotese vo Mikrosam (circa 5-6 godini) znam deka primanjata bea ocajni okolu 250-300 evra mesecno za mladite kadri i so mnoooogu rabotni sati,vo sekoj slucaj pozdrav za uspehot na Mikrosam vo svetski ramki.

Не бе,овојпат би се фокусирал на Благоја Самакоски-Самакот,кој своето искуство го “калеше“ најпрвин во ЗИК-Прилеп,за потоа да биде примен во 11 Октомври,фабрика за потребите на воената индустрија,каде за да се биде и чистач требаше да се има добар комуњарски беграунд,инаку не смееше ни да се доближиш до фабриката а не па да станеш директор и да опстојуваш токму во време кога започнаа воените конфликти низ поранешна Југославија,кога се “млатеа“ пари од шверцот со оружје кое го произведуваше споменатата фирма.Денес 11 Октомври е целосно раскурцана,неколку илјади работници се или покојни од стресови,професионални заболувања од чадот на смолите кој беше прилично канцероген,или пак седат дома без никакви примања и покрај 30-40 годишниот стаж кој и не им е платен.А овој излегол да ми се курчи по медиуми произведувал опрема за сателити која единствено може да им ја продаде на Северно Корејците,за да го навлече бесот на Западот уште повеќе по неколкуте атомско-ракетни проби.Абе господ да чува и да брани сме.Инаку вредноста на компанијата Микросам се пресметува на неколку милиони евра,пари кој се “заработени“ во време на матната приватизација,и сигурно не се од светските турнири на “ролери“ кој Благоја Самак ги донесе меѓу првите во Прилеп,кога ние помладите Прилепчани го гледавме како “чалнат чичко“ кој се курчи како адолесцент низ Прилепските улици.Е сега пушел Кохиба во Прилепските кафулиња,оти си ги среди децата по Америки и Лондони со парите од работничкото “самоуправување“,за едвај да ги врати назад,ами пушел,кога му дозволија рамнодушните негови сограѓани што работеа во фирмата која тој и уште неколкумина други ја уништија за да накалапат богатство.
Инаку Микросам ќе произведуваше и машини за ветерници,ама некако како да закуцна со работава откако се реши да прави машини за сателити.Можеби по некое време ќе прават и машини за производство на работници,оти полека но сигурно ќе ги снема во Прилеп каде со Микросам се е можно.:tapp:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
Нема ништо друго на светов што може да те направи волку горд како успесите на својот народ.

Секоја им чест на луѓето и нека се чуе за нас!

respect.gif
 
:cuc: :cuc:

Se potpisuvam vo pogolem del od postot posebno za potekloto na parite sepak vo sekoj slucaj kolku i da e ekscentricen Samako e dobar manager za razlika od mnogumina vakvi koj ja iskoristija privatizacijata vo Makedonija.

Za ostanato ne sum kompetenten kolkav rejting ima Mikrosam vo svetski ramki ama koga ne kotira na nekoja od nadvoresnite berzi ne e vo nekoj slucaj gigant sepak za toa kakvo drzavice sme sekoja zdelka nad 100000 $ e uspeh.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom