- Член од
- 8 април 2008
- Мислења
- 6.419
- Поени од реакции
- 777
АДВОКАТОТ КОЈ НЕ ЗАСТАПУВАШЕ ПРЕД МЕЃУНАРОДНИОТ СУД ГИ ОБУЧИЛ СВОИТЕ СОРАБОТНИЦИ ЗА ДА ЈА ПРОДОЛЖАТ ПОСТАПКАТА
Смртта на професорот Франк нема да се одрзи врз процесот во спорот со Грција
Томас Франк веќе подолго време боледувал од рак. Откако дознал дека не постои можност да се излечи, неговиот близок соработник почнал да покрива дел од надлежностите кои тој ги имал во овој спор
Смртта на Томас Франк, адвокатот кој ја застапуваше Македонија во спорот со Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг нема да се одрази врз текот на судската постапка. Од МНР сметаат дека иако врвниот адвокат и професор по меѓународно право ја имаше можеби и главната улога во овој спор, неговата смрт нема да има последици врз натамошниот тек на постапката. Како што се работело досега, додаваат тие, така ќе се продолжи и понатаму.
- Професорот Франк беше болен веќе подолго време, и сосема беше јасно дека не постои можност да се излечи. Поради тоа, пред неговата смрт тој добро ги обучи своите соработници што и како треба да се направи во оваа постапка. Веќе подолго време во македонскиот тим работеше и негов соработник, експерт по меѓународно право на Правниот факултет при Њујоршкиот универзитет, кој понатаму ќе ги преземе работите на професорот Франк - коментираат од МНР, кои не сакаат да го откријат името на новиот член на македонскиот тим кој ја застапува Македонија пред меѓународниот суд.
Томас Франк, професор по меѓународно право на Правниот факултет при Њујоршкиот универзитет. Професор Франк почина на 27 овој месец. Тој веќе подолго време боледувал од рак. Откако дознал дека не постои можност да се излече неговиот близок соработник почнал да покрива дел од надлежностите кои тој ги имал во овој спор.
Франк важеше за еден од најреномираните и најпочитувани експерти во областа на меѓународното право и меѓународните односи на чие истражување го посвети целиот свој работен век. Како доктор по правни науки на Универзитетот Харвардд и врвен професор на Њујоршкиот универзитет, кариерата на Томас Франк беше проследена со низа награди, признанија и титули. Во 1995 година, на Универзитетот на Британска Колумбија се здоби со почесната докторка титула по правни науки, во 2003 година од Институтот за меѓународни студии во Монтереј му беше доделена истата титула за неговиот придонес во хуманитарните науки.
Колку ли сме ние малер
и сваќам дека се плашат да не пуштат у ЕУ оти ќе се распадне у истиот момент

Еден нивни еден наш а
(мислам на ламброс)