Николај Валуев - Руслан Чагаев (одложено)

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го добие дуелот?

  • Руслан Чагаев

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    4
Статус
Затворена за нови мислења.

Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
Пред две години Узбекистанецот Руслан Чагајев го совлада Русот Николај Валуев и ја однесе титулата, но поради здравствени причини му беше замрзнат статусот
Valuev250.jpg
Русот Николај Валуев и Узбекистанецот Руслан Чагајев на 30-ти мај во Хелсинки ќе вкрстат ракавици во мечот за титулата светски првак во тешка категорија во верзијата WBA. Узбекистанскиот боксер во април 2007-та година дојде до насловот светски првак и тоа баш во мечот со 213 сантиметри високиот и 145 килограми тешкиот руски џин Валуев. Подоцна во јануари 2008-та титулата успеа да ја одбрани против Мат Скелтон. Неговата следна одбрана на титулата требаше да се случи во јули 2008-та против Валуев, но поради низа здравствени проблеми му беше смрзнат статусот, а за освојувањето на насловот во тешка категорија по WBA, се бореа Русот и Американецот Ивандер Холифилд.
Валуев сега во Хелсинки ќе има можност за задржување на титулата и воедно реванш против Чагајев.

Валуев 50-0-1
Чагаев 24-1-0

Белиот Тајсон против Рускиот Џин:vozbud:

Еве добра причина да го проследиме овој меч вечерва во 20:00 на Сител ТВ
 
Интересен дуел ќе биде.Очекувам победа на Валуев го имам многу пати гледано навистина е доста цврст,добро се брани и знае да нападне.Ќе биде интересна битка вечер на Сител :tv:
 
Иде и анкета :vozbud: Go, Valuev, go!
 
Валуев да беше човек можеби ќе изгубеше :smir:. Но тој е горила ,ѕвер, мечка што ли не!!!ЅВЕР!!!!

Само кога се бореше против Холифилд не ми остави голем впечаток на тој меч.
 
Нема да даваат на сител! Они даваат снимка од Валуев - Холифилд вечерва

Ако не верувате...

Повеќе
 
Мечот е одложен пошто на овој Чагаев му нашле во крвта хепатитис, и затоа нема да може да боксува, па оттаму на сител ќе има реприза Валуев -Холифилд.
 
Не можат да му најдат во крвта хепатитис, можат само да дијагнозираат хепатитис. Таков е изразот :) Ништо тогаш, оди темава под клуч додека не оздрави Чагаев, а од хепатит се паузира подолго време со физички активности.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom