Пред една недела, кога се одржа протестот „Слободен индекс“, напишав нешто за македонската младина и нејзината незаинтересираност за случувањата во општеството.
Бидјеќи едно од главните барања беше укинување на школарината се обидов да дадам некакво објаснување зошто македонските студенти не ги интересира тоа...
- Третиот (најмалиот) дел - оние кои со своја глава размислуваат и имаат став за случувањата во политиката и општеството, и ако ништо повеќе го изразуваат својот став во друштво или на интернет.Останува да се надеваме дека тие ќе почнат да ги пренесуваат своите ставови и во јавноста и дека ќе успеат да влијаат и на оние првите, па дури и вторите да им се придружат и заедно, навистина да бидат движечка сила во општеството, која нема да дозволи работите да се случуваат без нив.
Мојон Блог

Зошто да се замараат, мама и тато за што работат...
Плус истите тие мама и тато им викаат на студентите:
- Немој си излегол, ќе те натепаат, виде шо им направија на тие од Архитектура...
- Нема да те пуштаат на испит, ќе се влечкаш со години по факултет...
- Гледај да си ги поминеш некако тие три години па ќе земеш партиска книшка па ќе се вработиш...
Ќути трај... тоа е мотото на македонците... и кога ептен ќе ти згусти кукај во твојот затворен круг...

линк
Пишав и дека некои од студентите, поточно неколку студентки, додека гледаа сеир, појма си немаа кој е тоа Самоил Малчевски и зошто им е толку крив на „протестантите“. Малку им се избистри сликата откако им ја кажаа големата „тајна“ дека секоја година даваат 200 денари за неговиот студентски сојуз, но сепак не се растревожија многу поради тоа. Па што се 200 денари ви се молам, две нес кафиња, ништо страшно...
На еден од плакатите имаше една проста математичка пресметка која гласеше „200 ден. х 36.000 студенти = 7.200.000 денари“. Кога оваа сума ќе се претвори во евра се добива уште поинтересна и би рекол појасна бројка. Таа изнесува 117.270 евра. Веројатно можете да замислите многу работи кои би се направиле со овие пари но тоа би им го оставил на студентките кои не знаеа каде одат нивните пари.
Ваквата неинформираност и незаинтересираност е страшна, мора да признаете. Посебно е страшна бидејќи доаѓа од категорија која треба да е движечка сила во едно општество. Но има нешто што, барем според мене, е далеку пострашно.
Имено, прееска на влезот на студентскиот дом „Пелагонија“ видов два плакати кои ја најавуваат 18-та годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Нема да прашам што бараат партиски ознаки на влез на студентски дом, објект кој е наш, заеднички, но ќе се обидам да поставам а можеби и да одговорам некои други прашања.
Знам дека многу незавршени средношколци па и основци на настанов гледаат како на матура, па дури и како нешто многу поголемо и повозвишено и се подготвуваат за „настанот на годината“ каде ќе можат да се видат и дружат со останатите младинци од другите градови и да разменат некои плакатолепачки искуства.
И сето тоа е ок... Добро е да се види дека некои, за разлика од претходно споменатите студент(к)и се во тек и со останатите настани освен оние од „Ексклузив“ и „Бекстејџ“ и дека активно се вклучени во нешто и прават нешто повеќе од излегување и озборување во своите животи.
Но реков дека ова е можеби и пострашно од претходната ситуација. Зошто пострашно?
Па... обично член на униите или сојузите на млади сили на некоја партија се станува како основец или најдоцна како средношколец и таму се пече занаетот на лепење плакати, кинење плакати од другата партија во пакет со тепање младинци од другата партија, веење знамиња на митинзи, делење маици по другарчиња и ширење на „словото“ на партијата меѓу нив, и се разбира најважното... се учи дека лидерот на партијата е светиња и дека неговиот збор е магичен, а кој ќе го порекне заслужува, ако нема плакат, да му се скине барем лист од средина.
Најважното од се во членувањето во некоја партија е ставањето узди со кои се насочуваат членовите што да прават, но уште поважно и уште пострашно - како да размислуваат. Слично како и пратениците кои обично гласаат во пакет - или цела пратеничка група гласа за, или против, или пак со тенџериња тропаат за да не можат другите да дискутираат за законот. Токму така, во пакет, се учат да размислуваат и младинците, членови на некоја партија, онака како што лидерот ќе каже.
И, ако за оние студент(к)и кои сега половиот орган ги заболе за случувањата околу нив, има шанси кога ќе потпораснат да почнат да ги следат и да размислуваат, кај младинците од партиските сојузи, тешко дека постојат вакви шанси. Што може да се очекува од младина која уште кога почнала да ги восприема работите различни од играчки, Телетабиси, Том и Џери и Покемон, била насочена како да размислува за истите тие работи.
И кога на 15 години ќе научиш дека некој друг треба да размислува наместо тебе, тогаш не може да се очекува дека кога ќе направиш 20 години ќе почнеш да размислуваш со своја глава и да се спротиставуваш на случувањата околу тебе.
Но, дали се виновни партиите кои ги примаат децата во своите редови?
Во никој случај... тоа е нивната цел впрочем... да соберат колку што е можно поголемо членство и истото да го водат што е можно подобро, а тоа се постигнуа токму од таа ниска возраст.
А, дали се виновни децата кои стануваат членови на ваквите(о)младини?
Не би рекол. Родителите, според мене се главните виновници за ваквото поткастрување на младината и нејзиниот „бунтовничко-револуционерен“ потенцијал. Само што, не можам да ги сфатам родителите - членови на некоја партија, како можат да бидат горди на тоа што и нивниот син/ќерка станале членови на партијата. Зарем не можат да размислат за последиците од тоа? Зарем не можат да размислат и сфатат колку е важно да ги научат своите деца да размислуваат и да расудуваат со своја глава?
И кога ќе се соберат или одземат работите... останува дека младината може да се подели на три дела.
- Првиот дел - оние кои воопшто не размислуваат за случувањата во политиката и општеството и не се интересираат за своите права, но и правата на сите граѓани.
- Вториот дел - оние кои се членови на младината на партиите и не можат, поточно кажано, не смеат да размислуваат со своја глава за случувањата во политиката и општеството, и следствено на тоа, не може да се очекува дека би се избориле за нешто.