Прашања и одговори

  • Креатор на темата Креатор на темата back_rest
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво сакам да ве прашам колку ке ме чини месечен престој во стан во Битола т.е. ние сме 3 студенти и не интересира колку пари ни требаат за 1 месец престојување.
Благодарам
 
од автобуска која бројка да ја фатам за до земјоделски ?

Прашањево малку....

До земјоделски можеш да стигнеш со овие автобуси
2, 2a, 16, 45, 42, 50, 52, 53, 55, 55А, 62, 63, 63А, 63Б, 65, 65А, 65Б, 65B, 66, 66Б, 68, 69

А од која автобуска ? Можам милион комбинации да ти напишам :D

Повеќето од овие поаѓаат од железничка и до Автокоманда возат по истиот пат
 
Па у скопје колку автобуски имате ? :D ти сигурно мислеше автобуска постојка ? :icon_lol:

Станот ми е у близина на автобуската станица,и од таму ми треба автобус до факултетот.....
 
Па у скопје колку автобуски имате ? :D ти сигурно мислеше автобуска постојка ? :icon_lol:

Станот ми е у близина на автобуската станица,и од таму ми треба автобус до факултетот.....

Железничка ?
Тогаш како опција ги имаш 52, 53, 55, 55А, 62, 63, 63А, 63Б, 65, 65А, 65Б, 65B, 66, 66Б, 68, 69 и приватната 45ка :)
 
Има соопштени од УКЛО по колку студенти се запишувале на факултетите ?
 
Од булевар Јане Сандански- Аеродром до Државна болница само 3ка оди или има и некои други? И дали со таа месечната што ја вадиш можеш да се возиш и со приватните автобуси или само со оние на јсп?
 
Од булевар Јане Сандански- Аеродром до Државна болница само 3ка оди или има и некои други? И дали со таа месечната што ја вадиш можеш да се возиш и со приватните автобуси или само со оние на јсп?

Мислам само 3ка.
Само во ЈСП, неможеш во приватните
 
A од приватните оди 23? А овие 3А, 3Б возат или не се редовни? :)

23ка приватна оди на релација Ченто-Дом на печат.
Можеш и со неа, но ќе имаш едно 5-10 минути пешки одење.

Распоредот на автобусите на ЈСП го има на jsp.com.mk :)
 
за постипломски откако ке аплицираш за колку време отрплика ти одговораат дали си примен?
 
Me интересира дали некој се запишал на факултетот за туризам и менаџмент од тука?Дали знае колку е годишна школарина.Исто така ме интересира дали има шанси да се влезе на економски државниот со 3.00 просек.Што документи треба,и дали доколку не биде примен ги враќаат парите за пријавување.таа 1000 или 2000 денари колку беше?
 
Дали знае некој што се случува ако на апликацијата на интернет си пишал дека не прифаќаш со кофинансирање, ама после сакаш со кофинансирање, те зимаат ли во предвид или како оди тоа?
 
Кај стојат комбињата или автобусите во Скопје кои возат за Куманово? Покрај факултетов секој пат ме остава кога идам за СК, а за враќање нема ниедно комбе или автобус, мора до железничка да одам.
 
Ај да си прашам и да ја смирам душичкава, што всушност значи ова прелиминарнава листа, дека си на поише од пола пат да влезеш - секако ако имаш добри бодови, или онака чиста формалност за бодовите да се видат?
 
И од мене едно прашање за овие секундарниве опции пошто сите различно ми одговараат. Значи ја како примарен предмет го избрав историја. И сега постои некој -Икс човек- што избрал да речеме Психологија како примарен, а го ставил Историја како секундарен. Дали ако -Икс човек- не го примат на Психологија а има повеќе бодови од мене, дали тој ќе биде над мене во листата, или под мене? Многу ми е битно ова, одговорете ако знаете со сигурност жити све, малце да се смирам пошто под паника сум ептен.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom