Ја постирам темава се со цел да го споделам моето искушение кое го имав до пред некое време.
Имено станува збор за машина од март 2007 која работеше на Виста.
Откако по подолг период работејќи на Виста се решив да инсталирам СП1. Започнав со инсталација и се си беше во ред. Откако првиот пат ми се рестартираше компјутерот на почетокот во скринот каде што се пали Виста никако не можеше да се бутира и заглавуваше лоадингот. И оттука се чини започнаа проблемите. Најпрво се решив да не експериментирам и си го избришав СП1, всушност го инсталирав за некои компоненти и игри кои бараа СП1. (една од нив ГТА 4). По некој период се решив да се вратам на ХП и тоа го направив на тој начин што немав никакви проблеми ниту со СП3 ниту со самиот оперативен.
По некое време откако излезе Виндоус 7 со првите бета верзии се решив да ја инсталирам прва што ја инсталирав беше верзијата 7048.
Но при самото инсталирање на оперативниот се закочуваше процесот и само рестарт беше спас. Неколку пати истото се случуваше. Ме асоцираше на некој хардверски проблем бидејќи имав проблеми со Виста од претходно и се решив да ги проверам дисковите и рам меморијата од грешки. Скенирав долго време и барав грешки преку цмд од самото цд на Виндоус 7 бидејќи немав оперативен и се чини дека немаше никаков проблем. Потоа го сменив и рамот но ми се случуваше истото. Едноставно се решив да сменам хард диск од друга машина но истиот проблем. Одма ова ме асоцираше на проблем со матичната и токму пред да се решам да пробам со друга (но поради компатибилноста на другите делови морав да менувам различни делови) и тоа што ми текна беше флеш на биос. Се чини дека тоа беше всушност решението на проблемот. Биос верзијата беше од 2006 и веројатно со новите надградби во оперативните системи и самите СП закрпи едноставно се случуваа некои багови помеѓу хард диск -рам меморија-процесор.
Сакав ова да го споделам како ситуација во која ми задаваше чуден проблем но на крај успеав да средам.