Долго време пак ми доаѓаш пред очи, пак си ги враќам спомените со тебе, повторно барам начин да дојдам до тебе а не можам, сега си со друг, си имаш свој живот, сеќавам дека не си истата а мене ми требаш таа старата - најдобрата ! ...
Со месеци живеам во минатото, во почетоците наши, во првите дружби, излегувањата, допишувањата , во првите проблеми во кои западнав, во првата најголема радост која ми се случи со тебе, но и првата тага, во моментите, разговорите...
Кога и да поминам на нашите (стари) места, секогаш сé ми се враќа назад како бумеранг, a често врвам...
Често размислувам, каде си? Со кого си? Што правиш? Дали си среќна? Дали сеуште животот го замислуваш без мене? Дали ти текнува воопшто на мене? Поубаво ти е? Подобро ти е? Воопшто не ти значат тие 3 години кои ги поминавме заедно?
И мал милион други слични прашања, за кои веројатно никогаш нема да добијам одговор....
Веќе не можам да издржам, што да направам за да дојдам до тебе ?! Ми требаат само 5 минути разговор, ма 1 минута нека е, имам нешто да ти кажам !!!