Шкорпион
Corvus oculum corvi non eruit?
Што лошо треба да направи партнерот за да можете да го отпишете од вашиот живот?
Изневерување, лажење, тепање?
Што е она што може да натера човек да отпише некој од својот живот?
И, дали всушност можеме во целост да отпишеме некого?
Дали е тоа само фраза, зарем оние што не' повредиле не оставаат најголема трага (негативна) и не можат така лесно да се отпишат?
Да, способен сум некого потполно да го избришам од мојот живот. Ако доволно сериозни работи се случиле.
Изневерување/Неверство - Нема простување тука (Дури и несвесно - во пијана состојба). Неверството е убиец на една здрава врска. Таа врска нема шанси да преживее после едно такво нешто. Не простувам такво работи. Целосно отпишување.
Лажење - Освен ако личноста немала доста добра причина зошто го направила тоа, следи т.н. целосно испишување. Иако кога се работи за ова, знам да направам исклучоци, и да простам. Зависи колку сум затрескан

Тепање - Епа ова не знам баш колку е изводливо ....
