M
marsovka
Гостин
Се бојкотира наставата поради името на училиштето во Гостивар
Револтирани поради промената на името на гостиварското основно училиште од „Братство-единство“ во „Башкими“, родителите на околу 1.000 ученици што учат на македонски наставен јазик од денеска нема да ги пуштат децата на настава. Како надлежен за решавање на проблемот, од иницијативниот одбор на родители го посочија министерот за образование Перо Стојаноски.
- Министерот не не' удостои ниту на второто писмо. Предупредивме на последиците, но никој не наоѓа за потребно да го реши ова прашање - велат од иницијативниот одбор на родители и нагласуваат дека иницијативата ја потпишале 700 родители, а останатите дале поддршка.Бојкотот на наставата велат дека ќе трае се' до изнаоѓање на соодветно решение, а доколку не се најде, родителите нема да ги запишат децата и во наредната учебна година од наесен. Проблемите во ова гостиварско училиште почнаа пред една година, по одлуката да се преименува во „Башкими“. Како последица од ова, 800 ученици се' уште не ги зеле ланските свидетелствата.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=73442A3DC83DCD46889FD4C5C9AA8CF