Лицемерни полтрони 1 дел

  • Креатор на темата Креатор на темата Милојко
  • Време на започнување Време на започнување
Од индивидуа до индивидуа зависи тоа, немој да генерализираш и вреѓаш се во пакет. 90% од тие што плукаа по приватните еве ги сега носат униформи. Квалитетно образование НЕ ПОСТОИ во Македонија. Јас дипломирав на приватен и знам каква е ситуацијата таму. Тие имаат потенцијал да го пружат тоа но немаат кадар и сконцентрирани се исклучиво кон зголемување на нивниот профит со што автоматски паѓа квалитетот. Истите професори што беа бог и сја на државните сега се преместени на приватните, останатиот дел е дополнот со пропаднати професори кои дел се на пензија а дел незнаат името да си го напишат и асистентите им ги држат предавањата. Се на се високо образовниот систем кај нас е во катастрофална состојба, среќа имаме интернет па на достап ни е доволно литература за да не останеме боси.

Не навредувам никого само кажувам каква е моменталната ситуација. Има безброј примери каде дечки кој го немаат потребниот успех во средно и единствена опција им се приватните универзитети. Човек со капацитет и одличен успех во средно прва опција му е Државниот Универзитет.
 
Ниту едните ниту другите не можат да зборуваат за високото образование. Приватните факултети од желба за што поголем профит направија кич факултети или турбо фолк образование, каде што надворешниот сјај треба да плени и да привлече што поголем број турбо фолк академци, но при првиот контакт на новите врскосани академци со програмата на овие факултети, започнува лажниот сјај. Ниското ниво на квалитетните професори на овие факултети лесно се справува со просечните синчиња и ќерќички на мама и на тато кои што од немај каде ги запишале на студии своите деца. Од друга страна пак, континуираното одлевање на студенти во Бугарија по купување на диплома, ги принуди државните факултети да ги симнат критериумите за упис на студенти, за да не останат без работа голем број на професори, асистенти и помошен персонал. Така и таму (како на времето кога Вишите педагошки школи кои ги нарекуваа Ве Пе Ше (ваша последна шанса) од кои произлегоа поголемиот дел од наставниот кадар во основното образование, па затоа и тоа ни е такво за никаде) почнаа да примаат студенти со слаб успех во средното образование, па фактот на зголемениот број на студенти е како резултат на овие случувања. Сепак едно е сигурно ова што сега се случува не е лоша работа, туку мислам дека е природен процес кој во еден период треба да даде резултати. Предноста и на приватните и на државните факултети треба да се гледа во вториот дел т.е. во завршените високообразовни кадри. Значи шансата што од една страна ја нудат приватните факултети и од друга страна државните скоро на целата територија на Македонија дава шанса секому . Мислам дека сите оние што ќе завршат, во процесот на докажување на стручноста по завршувањето ќе го дадат одговорот што сега го бараат некои.
 
Пред некој ден прочитав дека лани 85% од матурантите се запишале на факултет.

Ова зборува дека нешто не е во ред со образовниот систем, па и пошироко - голем дефект во државата.
 
Јас ја подржувам желбата да се образува населението ама со осмислен концепт и уште побитно: со обезбеден професорски кадар...
На времето решиа да воведуваат информатика во школите ама немаше доволно информатичари, па предаваа студенти (услов да си четврта година). Сега ќе биде приказната да си запишан на постдипломски студии (а такви има многу репродуцирани по приватниве Бојо-quality факултети).

Имам чувство дека не им се „доразработени“ идеите. Во ред е концептот за децентрализација и факт е дека со тоа се создава простор за студии и за тие што не можат да издржат кирии и други трошоци; но, не е во ред отворање на факултети само како бројка на реализирани проекти на Влада. Кој е тој квалитет кој ќе се понуди?

Искрено, верувам дека комплетно го уништивме системот на квалитетно образование по кој бевме познати во Европа. Од овие краишта искачаа светски познати имиња и во добар дел поткрепа наоѓаа во образовните системи.

Со среќа нека им е на младите:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom