92% од РМ сака во НАТО, 95% сака во ЕУ!

  • Креатор на темата Креатор на темата Гоч
  • Време на започнување Време на започнување

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Расте довербата за влез во НАТО
18.05.2009 15:58
Расте желбата на граѓаните, Македонија што поскоро да стане членка на НАТО, покажала последната анкета на американскиот институт ИРИ, спроведена од 22 до 30-ти минатиот месец.

Зa биле 94 проценти од испитаниците, 5 повеќе во однос на истражувањето од пред 3 месеци. Истовремено се намалува и процентот на граѓаните што категорично се против влез на Македонија во Алијансата. Сега изнесува 6 проценти, за разлика од претходно кога ПРОТИВ биле 9 проценти.

Дека македонските граѓани недвосмислено се за евроатлантска интеграција на земјава, покажува и порастот на процентот за членство во Европската унија. Сега ЗА се цели 95 отсто, наспроти 92-та во февруари.

Во истражувањето нема податок дали ваквата поддршка за ЕУ и НАТО значи и подготвеност за компромис за името - условот што се наметна како најважен за влез во овие организации. Инаку, поддршката на граѓаните за партиите нема подрастични варијации. Позначаен пад од два проценти, од 10 на 8, бележи ДУИ. Селмани има 4 отсто, Тачи 3. Двете најголеми македонските партии, пак, бележат идентичен пораст од 3 проценти. ВМРО сега има 33, а СДСМ 13 отсто поддршка. Неопределени се 13 проценти од граѓаните.

Во истражувањето, лиферувано од извори во ВМРО-ДПМНЕ, нема податоци за рејтинзите на политичарите. Според последното, на Институтот за демократија, премиерот Груевски имаше 30,9 проценти, претседателот Иванов 2,9, а идниот лидер на опозицијата, Бранко Црвенковски имаше 8,7 отсто.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=108727

Е сега кажете ми граѓани на РМ (и Македонци, и Албанци, и Срби, и Власи, и неодредени), дали сме ние нормални. По се што ни се случи во последните 18 години како независна држава, по сите срања (да ми извините) ние ко слепци 92-95% сакаме да се приклучиме кон тие организации. Апсолутно неверојатно! Only in Macedonia!
:kesa:
 
сакаат ... но дали ги прашале на анкетата дали по секоја цена ...

пред некој ден имаше анкета .. што ви е приоритет ...
на прво место беше безвизен режим ..
тоа е доста ...
нато и еу по било кој услов не ... таму само како Македонци и Македонија ... никако поинаку ...
визите нека ги симнат после можеме да преговараме уште 200години за името ...
кој ги ебе ...
 
Много интересно.Ако това е така,това треба да биде сигнал за владата и истата тази да работи за желбите на граганите на РМ.
 
И јас сакам во НАТО и ЕУ ама под еден услов да не мењаме име!
 
визите нека ги симнат после можеме да преговараме уште 200години за името ...
кој ги ебе ...
:nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene:

Malku tesko da gi fatis na dupla fora tie prefrigani i itri zapadnjaci. :toe::toe:
 
Кога ќе постават прашање, дали сакате по секоја цена да влезете во ЕУ и НАТО тогаш ќе разговараме...
 
А што толку добро ќе ни случи кога ќе УЛЕТАМЕ (така едно 92-95% ентузијасти) во ЕУ и НАТО?
 
Зашто бе мене никогаш не ми се јавиле па да ме прашаат?!
Инаку сега ги чекам Институт за Демократија па да кажат како всушност точно е формулирано прашањето оти вака нешто не ми штима
 
И мене никогаш не ме прашале. :toe:
 
Освен тоа што нема да сереме за НАТО и ЕУ на секои 5 минути, што ќе добиеме? Ова не е реторичко прашање? Повеќе пари? Повеќе демократија? Повеќе идентитет? Повеќе инвестиции? Ќе бидеме поубави, попаметни, потолерантни? Сонцето поубаво ќе грее?
 
Расте довербата за влез во НАТО

:kesa:

Се се тоа глупости... Со сила сакаат некои да го натераат народот да мисли дека мнозинството е за НАТО... Јас се кладам со секого дека ако се направи прав референдум за влез во нато, "ЗА" нема да има повеќе од 35% сосе Арнаутите заедно... Никој во Македонија не го сака нато ТОА Е ФАКТ...!!! Сетете се само на НАЈГОЛЕМИТЕ АНТИ НАТО ПРОТЕСТИ `99 тоа беа нај масовни протести што воопшто се одржале на Балканот...!!!


пс. Се кладам со секого дека ќе биде под 35% "ЗА"... :helou:
 
Инаку за сите ВМРО-вци, оваа анкета е нарачана по порачка на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Па процентите соодејствуваат на желбата Македонија што поскоро да стане членка на НАТО и ЕУ, а не да го смениме името.

Значи 92% и 95% од граѓаните сакаат како Македонија да станеме членка на овие организации, што е јасна порака за сите антагонисти.

:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom