Да не ги чекаме странците, туку да обезбедиме подобри услови за домашните инвеститори

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Нека е жив и здрав уште сто години.Но оние од индустриските градови што беа инжињери во тешка индустрија пола ги нема.
 
Тоа се огромни капацитети, кои што како целина не можат да проработат, но делови од нив како мали самостојни нешта можат, па потоа да го повлечат и остатокот од нив нагоре.
Жив е татко ми, и луѓево за него велат дека нема мајстор на балканот како него во областа на која што работел (не е менаџмент :)).
А за пари тој за почеток вели дека се доволни само 1000 евра :toe:.

1000 evra?????....ако е толку почетокот...колку ќе треба на крајот..??? :)
 
Од 1000 растенија, 500 се лековити

И покрај тоа што земјава има голем потенцијал, секоја година стотици тони лековити растенија остануваат неискористени. Граѓаните велат дека се свесни за лековитите својства на билките, но ретко ги собираат!

Македонија е една од ретките земји која изобилува со лековити билки. Од околу 1.000 разновидни растенија над 500 се лековити, тоа значи дека домашните планини, долини, ливади претставуваат природни аптеки, смета директорот на Бирото за лекови.
- Афирмирањето на користењето на нашите лековити растенија за кои науката кажала дека се добротворни, ефикасни, лекуваат против болести е шанса за нашиот народ од една страна, и второ од материјален аспект, овие наши растенија се богати со многу лековити материи и се барани на западноевропскиот пазар и голем број на семејства може да егзистираат од тоа - вели м-р Илчо Захариев, директор на Бирото за лекови.

Токму овој период од годината многу луѓе убавото и топло време го користат да прошетаат во природа, а во меѓувреме и да соберат некое лековито растение кое подоцна ќе го искористат во лекувањето на многу болести.

Според стручњаците сега е сезона на собирање камилица, мајчина душица, ајдучка трева. Оваа жена ја сретнавме на Водно како собира лековити растенија, вели дека секоја година оваа сезона го прави истото.

- Што собирате сега?
- Мајчина душица.
- Ви помага во лекување кога имате тегоби?
- Да, да помага, вели собирач на лековити билки.

И покрај тоа што земјава има голем потенцијал, секоја година стотици тони лековити растенија остануваат неискористени.

Граѓаните велат дека се свесни за лековитите својства на билките, но ретко ги собираат.

- Не, не, одам во аптека и купувам што ми треба, вели жител на Скопје.
- Порано да, сега не собирам, смета скопјанка.
- Да собираме, мајчина душица, ајдучка трева, велат граѓаните.

Од друга страна, иако лековитите билки се секаде околу нас, експертите предупредуваат тие да се собираат само во еколошки чисти средини, а не покрај сообраќајници и фабрики, зошто тие растенија содржат штетни материи. Исто така луѓето да внимаваат при користењето на билките, бидејќи некои од нив ако не се употребуваат правилно може и да наштетат.

Извор вечер...

Еве еден најбанален пример колку не не бива...

Сигурен сум дека во Македонија има еден куп Биолози кои така дремат дома и чекат на некое партиско вработување а на никој не му текнало дека од овие растенија се прават пари..
Вакви производи на запад одат како АЛВА особено ако им се лепне етикетата ЕКО...
Жално е навистина секоја година се вракат пари од ИПАРД фондовите назад затоа што не сме способни да ги искористиме...
Држава само од административци и трговци по ниту еден закон на физиката неможе да опстои...
 
убава идеја.....ама при фер плеј нема да има кој да пере...пари

а и тие домашни компании повекето се врзани партиски-освен дуканчињата и трафиките
 
Нека е жив и здрав уште сто години.Но оние од индустриските градови што беа инжињери во тешка индустрија пола ги нема.
Ако не дај Боже во блиска иднина татко ми да почини, тоа ќе биде голема загуба општо, не само за нас роднонините и блиските, а сега ќе објаснам и зошто.
Неговите учители имаат учено занает за правење на тој производ во Чешка, скоро сите се или во длабока старост или починати. Татко ми е доста помлад од нив, и во моментов е единствен кој што има знаење и практично искуство за правење на тој производ, ако него го снема од сцената без да го пренесе своето знаење во Македонија тој производ нема шанси да се произведува. Е сега можи да се одбери нов кадар за обука во Чешка, ама тоа нема шанси да се случи, затоа што таа чешка фирма денес е приватна фирма и никој не е будала тебе денес да те обучи за ти утре да му бидеш конкуренција на пазарот.
А нашиве кадии гајле немаат мува не ги лази, глумат делење правда седум години :nesvest::nesvest:, тепаат 1000 евра плата месечно и за едноставно нешто наречено покани за рочишта им требаат три до четири месеци за да ги испратат :toe:.
 
kristalno staklo??????
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom