Шеесетина угледни професори од престижни американски универзитети досега се потпишала на петицијата која на американскиот претседател Обама треба да му ја претстави грчката вистина за Македонија. Писмото досега поддржано од влијателни професори по историја, археологија и класични студии и добри познавачи на Грција и југоисточна Европа според иницијаторите треба да претседателот Обама да му ја олесни одлуката врз основа на научни докази да го промени американскиот став за признавање на уставното име. Петицијата е упатена до над илјада професори на стотина американски универзитети, а до македонските медиуми стигнал преку академици од поранешна Југославија.
Суштината на писмото е да се оспори правото на Македонија на сопствено културно и историско наследство. Во него се цитираат голем број на историчари и медиумски написи
Во дописот кој на 18 мај треба да го добие Барак Обама се вели дека во 2004 г. Америка направила голеам грешка со признавање на Република Македонија но дека ваквата глупост сега отишла предалеку и дека е крајно време Вашингтон да ја запре ревизијата на историјата. Според авторите на писмото територијата на која се наоѓа Македонија во антиката се нарекувала „Пејонија“.
Формален иницијатор на петицијата е професорот Стивен Милер од еден од водечките американски универзитети Принстон. На веб страната на милер. Иницијаторите на писмото на својата веб страница бараат историчари археолози кои би ги истражувале докази за историјата на Македонија во контекст на спорот за името.
Izvor Kanal 5