4 месеци без цигара, пред тоа пушев 13 години.
Веќе некое време имав на ум да ги оставам цигарите, роден сум со вроден недостаток на ензим што влијае на еластичноста на белите дробови, како мал имам правено 300 испитувања, па пушењето одсекогаш беше на листата на забранети работи.
Почнав да пушам спонтано, "нема шанси да станам зависен, кога сакам ќе ги оставам", па дојде студентски живот у Скопје, "ај, ќе се држам под контрола, нема да пушам многу", па заврши тоа, па дојде вработување, па корона ии навиката остана..
Приметив во последно време, пред да ги оставам, веќе сериозен проблем со нив, т.е од нив. Последните 2 години нагло зголемив број на испушени цигари во текот на денот, или ноќта, па утредента, па и цела недела веќе имав болки во градите и такви слични работи. Трчање на повеќе од 50 метри ми претставување сериозен проблем. Пробав веќе да ги оставам неколку пати, меѓутоа мислата "НИКОГАШ ПОВЕЌЕ ДА НЕ ЗАПАЛИШ ЦИГАРА", ме плашеше у старт (т.е. почетокот самото тоа тврдење, НИКОГАШ ПОВЕЌЕ, ако се употреби за било која реченица, одма се случува желба за нештото) и добивав нагло желба за веднаш да запалам цигара. Исто, имав став дека ако издржам 3 дена без цигари, нема да запалам више. Така и бидна.
Пред неколку месеци (4 месеци), требаше да ми се прави некоја рутинска интервенција, фала Богу пројде се во најдобар ред. Пред да одам, морав да правам скен на белите дробови, за да се знае каква анестезија да се стави, што да се стави, количина итн. Периодот бев и грипосан, меѓутоа првата слика кога излезе од скенот(а далеку од експерт сум на таа тематика) меѓутоа се приметуваше дека не се во најдобра состојба белите дробови, еден дел поцрн, друг дел побел, па еден дел тотално не се познава итн, заедно со коментарот на радиологот (едно длабоко о-хооооооооооооооооооооооооооо...), ме тераше да се замислам малце повише. Дојде денот за интервенција, ми ставија спинал анестезија и ми забранија 36 саати да мрдам од креветот. Опала, еве ја шансата (а дента, пред да ме оперираат, испушив 30-тина цигари само у болницата, јер болница, и нема што да праиш освен да пушиш цигари).
Првите 36 саати ги издржав без проблем, првите кризи (ако можат така да се наречат), почнаа кога почнав да станувам, меѓутоа за разлика од претходниот став од погоре (ОСТАВИ ГИ ЦИГАРИТЕ, НИКОАШ НЕМА ПАК ДА ЗАПАЛИШ), сеа тргнав со еден друг став..."Океј пријателе, у процес на оставање си и ова ти е криза, меѓутоа не ти се пали цигара. Ај пробај издржи 10 минути, мисли на нешто друго, ќе ти пројде, у случај ептен да те удри криза, имаш кутија во ранец, иди запали". Искрено, тој став многу повише ми помогна, процес на некое одлагање. Мислам дека среќа у несреќа со спиналната анестезија ми беше што после тоа ме "удри" во главата, па 1 недела имав ненормални главоболки при секакво станување, така да го поминав повеќе од времето во кревет, во период кога би требало да удрат најјаки кризи.
Ме фаќаа кризи, не дека не, ама сепак мислам дека повеќе излезе дека ми било навика отколку зависност. Одеднаш, најголем проблем ми излезе соочувањето со сите работи што сум ги минувал со цигара. Пример, на тераса кај мене сум излегувал само да пушам цигара, често пропратено со кафе. На почетокот излегувам на тераса, онака да видам како е и да уживам у поглед и се, и осеќав ко нешто да ми фали. Ништо брате, влегувај внатре. Кафето исто - бев зависник за кафе, 4-5 на ден одеа сигурно, и обично кафето го темпирав на основа на цигарата - дим цигара, голтка кафе. 1 месец не се напив, после тоа ми беше чудно на почеток, меѓутоа сеа неам мака.
Ии најбитното за крај, најтешкото искушение...кога и да се напиев било каков алкохол, макар 1 голтка пиво, цигарите одеа како на норма. Сум излегувал со испушени цигари дента, со нова кутија вечерта во кафана, и негде кај 1-2 да морам да трчам по цигари. Искрено, многу полесно го поминав тој период, исто околу 1 месец откако ги откажав бев првпат у кафана, и не осетив некоја голема криза или било што. Ми се пали понекогаш искрено(понекогаш у кафана, или со кафе, ама збориме за 1 неделно, или 1 у две недели), ама знам дека повеќе ми фали чувството што мислам дека ќе ми го даде цигарата, отколку самата цигара. Ми смета искрено веќе да седам у зачадена просторија, дома да си дојдам после излегување и да смрдам цел на цигари и сето тоа. Од страна на негативни ефекти, се поправив 3-4 кила секако, ама буквално цело време грицкав нешто несвесно, сеа и тоа ми е сведено под контрола. Почнав да се активирам физички летово, возење точак и секојдневно подобрување на personal best, играње баскет , ама веројатно сеа дојде редот да ги чистам градите, па 2 недели кашлам како луд, исфрлам шлајмови, иако докторот ми рече дека неам ништо таму и дека се е чисто..