Па, вака... Од теорија е познато дека да се има еден сексуален партнер е добро зашто сексот, ако се практикува со само еден ист партнер станува подобар, просто зашто станува поувежбан. Во секоја општествена структура (фирма, друштво, екипа итн) ако се воведе нов човек треба повеќе време за тој да се вклопи во средината, за да може да биде прифатен како дел од тимот, а и тој да се прифати себеси како дел од тимот.
Со други зборови, нема апсолутно ниту една „морална“ причина зошто човек би имал само еден сексуален партнер. Причините за тоа се чисто практични: сексот и врската, статистички, се подобруваат ако подолго време двајцата партнери практикуваат секс само еден со друг.
(Јасно, не зборувам за оној дел кога младиот човек ја истражува својата сексуалност и кога практикува секс само заради свои лични потреби, т.е. да се истражи себеси. Во тој случај многу е веројатно дека ќе промени неколку сексуални партнери/ки)
Исто така, поимот на „врска“ е многу лабав и всушност се сведува на договор: На пример, „Јас имам секс само со тебе, а ти само со мене. Може така?“ или „Јас имам секс со кого сакам, ти имаш со кого сакаш. Може така?“ или „Јас имам секс со кого сакам, а ти само и исклучиво со мене, зашто ако некој макар и те погледне со макар и трошка страст, ќе те истепам, а членовите на твоето семејство ќе ги убијам, по еден за секој поглед што ќе го привлечеш. Може така?“ се сите валидни предлози за договори на кои ќе се базира една врска. Како ќе се договорат партнерите, што ќе биде основата на врската (може да е добра волја, интерес, страв, љубов, желба, омраза итн) е небитно и приватна работа меѓу нив - важно е дека кога ќе се договорат, вака или онака, тие имаат комуникација еден со друг и со самото тоа и врска.
Во однос на сексуалното минато... Според мене, тоа е само плус, ако човек имал повеќе сексуални партнери. Тоа само покажува колку човек сакал да истражува и да комуницира со другите луѓе и колку немал страв од меѓучовечки комуникации. Ако некој има проблем што неговиот/та партнер/ка имал/а многу повеќе сексуални партнери од него/неа, тој/таа всушност има проблеми со себе и му/ѝ е криво што тој/таа немал толку. Со други зборови, ако вашиот партнер имал повеќе сексуални партнери од вас и тоа ви е проблем, вие всушност му љубоморите, зашто вие не сте успеале да имате толку во истото тоа време.
Во однос на сексуално преносливите болести... Па, за среќа, кондомите се широко распространети и користени и не се табу тема. Значи, барем мажите можат себе да се заштитат, а со самото тоа и своите партнерки (или партнери). За жените не знам како оди, но сигурно постојат начини.
Во однос на неверството... Повторно, се работи за интерес. Ако вие не сте задоволни од партнерот/ката, и тоа незадоволство премине одредена граница, кога ви е поважно да имате секс со некого друг, освен со вашиот/та партнер/ка, тогаш значи интересот ви се променил од вашата партнерка на нешто друго. Постојат случаи кога човек има секс со странец поради некои нерешени прашања со партнерот, т.е. го искористува странецот за да го замати, наместо да го реши, својот проблем со партнерот. Тоа начелно е лош потег, зашто проблемот останува нерешен, а се вовлекува и трета странка, која врска нема со проблемот меѓу двата партнери.
Со други зборови, неверството (тоа го подразбирам како секс со трета личност, наместо вашиот/та партнер/ка) може да биде „оправдано“ само кога некој сака да стави крај на својата врска. Во овој случај претпоставувам дека сите други можности да се спаси врската се веќе исцрпени и не успеале. Во тој случај, наместо во лице на партнерот да му се каже дека е крај на врската, човекот може да има секс со трета личност, што е припрема за нова врска, што автоматски значи и крај на постоечката,поради погоре кажаните практични причини: секс со само една личност, на подолго време, ја застабилува врската и ѝ дава повеќе шанси за успех. Со други зборови, ако човек има секс со трета личност, почнува врска со таа личност и поради чисто практични причини треба да прекине една од двете врски.
Јасно, подразбирам дека човекот сака да има *целосна* и *потполна* врска со партнерот/ката. Ако човекот сака само површно физичко задоволување (како што прават младите луѓе, дури ја истражуваат својата сексуалност), може да се одлучи и да има повеќе партнери/ки. Се разбира, треба да направи договор со сите нив; нешто како кога такси-компанијата прави договори со секој од своите такси-возачи одделно.
Се надевам дека е доволно. :helou: