Свети Николе

  • Креатор на темата Креатор на темата BaD_wOlF
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 мај 2009
Мислења
27
Поени од реакции
1
Градот Свети Николе е лоциран во центарот на Овчеполието. Најблиску одалечен град е Штип со само 25 км. Во близина се наоѓа и Велес со само 33 км и Куманово со 44 км. Од главниот град го делат само 80 км.

sveti_nikole1.jpg


Името го има добиено по црквата Свети Никола, која што била изградена во 1313 година од кралот Mилутин. На остатоците од старата црква денес е изградена прекрасна црква.Се верува исто така оти едно време имало 40 цркви, од кои денес на места каде што биле изградени има обележија.

Ова слика што ја гледате е само камбанеријата. Не можев да најдам слика во целост од црквата.
450px-Sveti-Nikole-Belfry.jpg


Овчеполието е познато по тоа што на времето овчарството било една од најразвиените гранки. Овчото сирење е и до ден денес едно од надалеку познатите вкусни сирења кое се произведува во овчеполието.

wol_error.gif
Оваа слика е намалена. Притиснете тука за да ја видите оригиналната големина која изнесува 700x481.
sheeps.jpg



Регионот во Свети Николско е доста познат и богат со археолошки пронаоѓалишта. На полно од нив и до ден денес уште се истражува. Тие се сведоци и зборуваат за културата која некогаш постоела во тие места.

sveti_nikole.jpg



Население

Според пописот од 2002 година, градот Свети Николе брои 13746 жители, од кои:

 
Ne sum znael deka poradi Sv.Nikola potteknuva Sv.Nikole.Inace mirno gradce pozz..:pipi:
 
Море колку добра ракика сум пиел сеа уффффффффффффффффф
На свети николска мислев
 
Преска бев со скутер до Св.Николе:)
 
Има ли некој овде на форумов од Свети Николе?
Ме интересира дали има таму доктор за кожни болести по име Борче?
 
Има ли некој овде на форумов од Свети Николе?
Ме интересира дали има таму доктор за кожни болести по име Борче?
Не сум од Свети Николе.
Ама знам дека има некој што е познат за бенки на кожата. Не се сеќавам на името, знам дека живееше некаде блиску до центарот
 
Има... Јас сум до Свети Николе. Има доктор Борче ама мислам дека тој има ординација во Скопје барем како што јас знам
 
За исхраната на животни,луцерката-детелината е многу подобра овде во Овче Поле наспроти во другите краишта на мкд.Причина е очигледно дека на животниве треба да им се дава сол (многу мина го прават ова),пред многу дамнешен период овче поле било мочурливо место,со самото тоа и земјата е солена.Водата во бунарите е премногу солена,поради ова растението со корењата ги влечи тие солени минерали,и е далеку поквалитетна за исхрана на добитокот во споредба со храната од другите региони.
за во српско владеење (СХС) афионот во Овче полието бил еден од најквалитетните во светот,кралот го транспортирал во САД и други држави.ова е барем како што знам јас или сум видел во некои случаи со водата.
 
Како сте Свети николчани?Ја по Мајка сум од овој крај поточно од с.Амзабегово 10-мин од Свети Николе,и кога идам во село често одам и во Свети Николе.
 
Поставив прашање во друга тема ама никој не ми одговори, па ќе пробам и овде :)

Може некој да ми каже овај патов обележан со плаво каков е за возење?
Колку има за пешачење од крајот на патот до ѕидот?
1583156866189.png
 
Има... Јас сум до Свети Николе. Има доктор Борче ама мислам дека тој има ординација во Скопје барем како што јас знам
Дали знајш зошто од Кире Лазаров татко му го смена презимето од Чкров во Лазаров?
Кога играше ракомет го пишеа Благој Чкров,играа заедно со Слободан Даневски -Бане.
 
Ѓуриште во Свети Николе го паметам од еден излет кога бев мала, прекрасна полјана (или што и да му доаѓа). Имам оформено мислење дека градот е прекрасно и идилично место за кое вреди повеќе да се зборува и да се посетува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom