Цела Фиренца лее за Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Southpark
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 април 2006
Мислења
612
Поени од реакции
11
Фирма од Фиренца, специјализирана за леење во бронза е изведувач на спомениците нарачани од Општина Центар, вредни околу десет милиони евра.

Ова денеска го пишува „Дневник“ и наведува дека дошол до пет договори меѓу Општината и италијанската „Фондерија артистика Фердинандо Маринели“.

Според весникот десетте милиона евра ќе бидат платени за изработката и монтирањето за коњаничките скулптури на Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, како и за четирите лава што ќе треба да се постават на мостот „Гоце Делчев“, како и за „скулптури и релјефи од бронза од готови модели“ вредни 4,5 милиони евра.

Најверојатно токму последниов договор, во кој не е именуван ликот-мотив, се однесува на грандиозната скулптура на Александар Македонски, пишува „Дневник“.

За едниот пар лавови цената е 1.150.000 евра, а за другиот е 1.180.000 евра. За коњаничка скулптура на Никола Карев во бронза Општината ќе и' плати на фирмата 715.000 евра, а за онаа на Гоце Делчев и на Даме Груев - 850.000 евра.

Договорите за јавна набавка се од 2008 година и се од доверлив карактер. Според нив скулптурите треба да бидат готови до крајот на 2010 година.

Весникот наведува дека општина Центар две години ги крие точните суми што ќе се потрошат за скулптурите што предизвикаа многу контроверзи и полемики во јавноста и поради висината на средствата - пари од даночни обврзници и поради таканаречената антиквизација.

Портпаролот на Општина Центар, Лидија Неделковска, вели дека општината тендер за изработка на скулптурите распишала на некои меѓународни интернет-сајтови, притоа не именувајќи ниеден од нив.

Таа посочува дека конкурсите и тендерите за спомениците се објавени и во службеното гласило на Општината.Сепак, во службеното гласило во 2008 година воопшто не е објавен тендерот за скулптурите, туку само програмата, наведува „Дневник“. Веста е превземена од макфакс

Народот кука за леб а само општина центар расфрла 10 милиони по скулптури и споменици, да не излезеше оваа вест народот немаше ниту да знае ниту пак ќе има право во иднина да се побуни на ваквиот проект и ваквата енормна сума...:toe:
 
Фрлајте пари, ма*ер ви *******, како ваши да се.
П.с од утре, сите да навиваме за Фиорентина.
 
Стави линк од каде ти е веста оти веднаш некој ќе почне да плаче.

Инаку имаме ние пари не дека е економска криза.
 
Не бре, ние сме толку изолирани што ни свински грип не не стигнуе, а камоли светска криза.

Него, боље да го напраат Александар од свинско, ем е поефтино од бронзата (свински грип rulah), ем секој помини-замини ќе може да си чепне од него. А главата и копитата на Букефал за пача. Абе кој би ни бил рамен бе еј? :pipi:
 
Едвај чекам да го видам плоштадот со новите споменици.
 
Александар ќе биде висок 13 или 30 метри? Бидејќи медиумите најавуваа џиновска големина од 30 метри, а премиерот најави "само" 13 метри височина.
 
И? Тие се нарачени пред светската економска криза... ако се поништи договорот Македонија треба да плаќа оштета.

Сега бирајте дадени пари и статуа, или само дадени пари.

И јас инаку едвај чекам да ги видам статуите. :salut:
 
Што сте веднаш крекнале, не чинат, ги трошат моите пари...глупости.
Баш викендов бев во Скопје и навистина скулптуриве претставуваат атракција, редици се прават за сликање со нив, мене ми се интересни и занимливи за око. Му дадоја некој белег на градот.
Сите инвестиции од сферата на културата треба да се поздрават:pipi:
 
Се согласувам дека мора да има инвестиции во културата но во момент во кој народот нема да јаде и не демнее пандемија последно што треба да се мисли и на тие споменици кој сепак се вистинска туристичка атракција...

п.с Едвај чекам да ги видам.
 
Конечно почнавме да чествуваме личности од нашата историја кој тоа навистина го заслужуваат.

Мене најмногу ме радуват споменикот за Делчев во центарот на градот
 
Oва навистина е добро со историските личности...
Но за другите што не веруваат еве ви една од Мелбурн.
2248181242_a6614590a1.jpg


Значи и во другите градови има интересни артистички скулптури... еј ибаго не сум знаел. :baeh:
 
Значи и во другите градови има интересни артистички скулптури... еј ибаго не сум знаел. :baeh:
Секое чудо за 3 дена, па и ова. Ќе збориме, критикуваме... на крај по извесно време ќе го прифатиме како вообичаено, како секаде (како и грдотиите од градби и згради низ Скопје-се навикнавме). Сигурно и мелбуржани се чуделе...па им поминало. И споменикот на Гоце во парк сигурно тоа време кога се поставувал имало луѓе што се чуделе и подсмевале,...Делумно сме и таков народ, мрчиме и за добро и за лошо :)
Мрчаторска нација сме.
 
Daj LINK OD DOGOVORITE BE SOUTHPARK AKO NE DADE LINK PLS TEMATA KANTA
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom