Владата и бизнисот со скопската заобиколница

  • Креатор на темата Креатор на темата Gorco
  • Време на започнување Време на започнување

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Зошто Владата дозволи бизнисот со скопската заобиколница да го земе грчката фирма „Терна“, а не трите македонски градежни компании кои исто така конкурираа за проектот. 50 милиони евра наместо кај домашните фирми, ќе завршат надвор од земјата.

Во Владата, која е гарант за кредитот што ќе се враќа со пари од граѓаните, иако веќе 10 дена знаат за одлуката на ЕБРД, никој не сака да каже дали е направена грешка со тоа што е прифатен меѓународен тендер, во услови кога е неизвесна работата на 8 илјади домашни градежници.

Во „Пелагонија“, „Бетон“ и „Маврово“ не сакаат да ја коментираат одлуката на Европската банка и на Фондот за патишта.

Откако го загуби бизнисот вреден 50 милиони евра, сега трите македонски градежни компании се обидуваат да добијат барем дел од него.

Според познавачите на градежниот бизнис, „Маврово“ „Пелагонија“ и „Бетон“ се во интензивни преговори со грчката компанија „Терна“ да бидат ангажирани барем како изведувачи на заобиколницата околу Скопје. Ќарот, се разбира, ќе остане кај Грците.

А1 веќе објави дека преставниците од грчката компанија на средбата со трите македонски градежни фирми во петокот не ја прифатиле оваа идеја, иако на овој принцип, со ангажирање на домашна градежна оператива, „ерна“ веќе работела и во Романија.

Од Владата најавуваат официјален став кога ќе се потпише договорот со грчката компанија. Уште пред да изгубат на тендерот, македонските градежниците ја предупредуваа Владата дека треба посилно да лобира за домашната оператива, наспроти европските притисоци за избор на Грците.

http://www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=46308
 
Заборави да спомнеш дека нашите компании доставија највисока цена. И ако граѓаните плаќаат, а Владата гарантира, што тогаш во целата прикаска се меша ЕБРД, а?
 
PetarK напиша:
И ако граѓаните плаќаат, а Владата гарантира, што тогаш во целата прикаска се меша ЕБРД, а?

Имам претпоставки, а ти ако знаеш, остави порака.

Чек дис аут:

Kредитот е одобрен на 25(позајмени се 30???) милиони евра (http://www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=22179), а целиот проект чини 58 милиони евра. Барем така нашата-ни-мила влада објаснува. Од каде преостанатиот дел од парите до 58 милиони, никој не објаснува. Едно е сигурно, тоа се пари од граѓаните (буџет) или ќе бидат вратени од граѓаните, под услов да е земен некој друг кредит за кој никој ништо не кажува.

Сега:

1. Според Министерството за транспорт, ЕБРД одлучува кој ќе го добие тендерот (http://www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=44441).
2. Според Бучко, за одлука е надлежен Фондот за регионални и магистрални патишта.(http://www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=45098)
3. Фондот ја праѓа најдобрата понуда до ЕБРД (http://www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=44884)

Сето ова е класика играње серве со цел да се збуни "јавноста". Не е убаво разјаснето кој одлучува, фондот или ЕБРД?.
Значи, за проект од 58 милиони евра, крајната одлуката е на ЕБРД, а самата учествува со помалку од 50% (барем таква слика се добива).

Сите избегнуваат да кажат што точно има во договорот меѓу владата и банките.

Од последната вест на А1 (http://www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=46383), сега излегува дека веќе стоело во договорот со ЕБРД, дека најмногу 40% од работата ќе ја вршат нашите градежници :shock: , за што нашите градежници веќе "преговарале" со грците (http://www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=46200).

А владата сега се правда дека нашите градежници "дале нереално висока понуда сакајки да заработат многу пари" не слушајќи ги владините совети да одат со пониска понуда. ???????? :?

Целата работа смрди, и ми изгледа дека:
1. Нашите градежници намерно дадоа поголема понуда знејќи дека ќе добијат 40% од колачот (веќе работеле за грците во Романија), се по партиска линија (затоа и ги нема со официјална изјава).
2. ЕБРД ги финансира грците со пари од македонски граѓани, при што и самата профитира од камата.
3. Грците префрлаат пари на приватни сметки на луѓето од власта оти им овозможиле добар дил.

Јебига, неможе владата да излезе и да каже, "Другови, 50 милиона наши пари даваме на грците, 40% ние ќе ги одработиме за да ни се вратат, се тоа е за наше добро".

Deja-Vu!
 
Грчката компанија „Терна“ доцни месец и половина со изградба на скопската обиколница. Две верзии за причините поради кои „Терна“ сеуште не е на градежната локација.

Во Фондот за патишта признаваат, има проблеми, но тие се технички. „Терна“ сеуште не го добила авансот од Европската банка за да ги почне градежните работи.

Обвинуваат вработени во Министерството за финансии, не знаеле или не можеле да ја завршат работата во предвидениот рок, најавуваат дека многу скоро камиони на „Терна“ ќе се стационираат на обиколката.

Втората верзија, од познавачите на овој бизнис тврдат, „Терна“ и по 2 и пол месеци откако го доби 50 милиони вредниот бизнис, сеуште нема доставено банкарска гаранција.

Велат, „Терна“ е мала компанија, нема доволно механизација за работа на ваков проект како што е скопската обиколница. Грчката компанија била специјализирана да работи железници, а не патишта.

Извори од градежниците кажуваат дека „Терна“ се обидела банкарска гаранција да обезбеди преку градежни компании од Албанија, но поради немањето добра референца тие фирми не поминале кај Европската банка.

Фондот за патишта на крајот на јуни бизнисот со обиколницата и го даде на грчката компанија за 50 милиони евра како прво рангирана.

Грците најавија дека може и македонските градежни компани да ги вклучи во милионскиот бизнисот, но и по 2 и пол месеци сеуште никој не кажува дали и како ќе работат македонските градежници на обиколницата.
 
Najvinovni za vakvi i slicni "tenderi" ako taka mozat da se recat se Misticen ili ABC drugite samo si go gledaat "interesot".:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom