Како што напомена Македонцки, фабриката со мала пауза повторно продолжува со лиферувани текстови препишани низ годините од весниците на нашите соседи. Изгледа лаењето претходниве месеци добро им се наплати! Па сега продолжуваат со полна пареа за да го вратат Сранко каде секогаш најдобро се покажувал - слуга на странските шпиуни.
Шефот на ВАЦ, Бодо Хомбах, и шефот на Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД), Томас Мироу, вчера во Лондон го запечатија партнерството на Балканот со инвестиција од 40 милиони евра со која Банката го поддржува развојот на независни медиуми во Југоисточна Европа.ЕБРД почетно ќе инвестира 20 милиони евра за учество во Ост-холдинг. Уште 20 милиони евра ќе бидат резервирани за идни зголемувања на капиталот. Двете страни истакнаа дека ќе придонесат за развој на просперитетни и вискокавалитетни медиуми во регионот.
- Развојот на независни медиуми, кои во регионот на ЕБРД шират висококвалитетна содржина, помага при јакнењето на демократијата како и при унапредувањето на економијата заснована врз знаење, која е одлучувачка за иднината на овие земји - рече шефот на ЕБРД, Томас Мироу. ЕБРД се радува што може да му даде поддршка на ВАЦ при овие заложби, додаде тој.
Управителот на ВАЦ Бодо Хомбах образложи: „Строгите критериуми што ЕБРД ги налага за коректно економско дејствување, нејзиното опстојување на транспарентност и одбивањето корупција без каква било толеранција, токму за медиумско претпријатие се извонреден дополнителен елемент на самообврзување и самоконтрола. Медиумите, кои од другите бараат примерно дејствување, самите себе мора да се контролираат особено строго, но и да бидат контролирани. Никој за тоа не е посоодветен и поискусен од нашиот нов партнер, ЕБРД. Тоа речиси и да ни е исто толку битно колку и финансискиот придонес“.
Дневник