Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
- Возраст
- 39
Охрид се сеќава на Христо Узунов
Охрид достојно и со почит се сеќава на еден од своите најголеми револционери,човекот кој пред 104 години во Цер кичевско, го положи животот на олтарот на нашата слобода.
По повод 24 април, денот на херојската погибија на илинденецот Христо Узунов, синоќа од 19 часот во Центарот за култура Григор Прличев во Охрид се одржа свечена Академија на која ученици од училиштето кое го носи името на овој наш познат револуционер изведоа богата културно уметничка програма како и ликовна изложба.
Роден е во Охрид на 22 февруари 1978 година од татко учител кој активно бил вклучен во револуционерното движење и од страна на мајката од семејството на преродбеникот Ѓорѓи Чакалов. Заедно со Методи Патче во револуционерната организација се вклучува во 1896 година. Тој е заслужен за најголем дел од податоците кои датираат од времето на илинденското востание затоа што го бележел името на секој загинат востаник, на секој убиен селанец но и на сите предавници кои организацијата ги осудувала на смрт. Со својата чета пристигнува во Битола во 1905 година за на 24 април да биде опколен од турски сили во селото Цер кичевско каде неможејќи да го пробијат обрачот пишува писмо до сите чесни револуционери по што тој и неговите соборци извршуваат самоубиство само да не паднат во рацете на турскиот аскер.
Цер
Програмата за одбележување на делото на Христо Узунов во Охрид по свечената Академија од синоќа, продолжи утрово кога во 9 часот на бистите на Христо Узунов и Методи Патче во Градскиот Парк свежо цвеќе положија делегации на училиштето што го носи неговото име, на основното музичко училиште Методи Патче, општината Охрид и други институции и здруженија. Претпладнево околу 11 часот во селото Цер на гробот на Узунов, делегација на општина Охрид положи свежо цвеќе.
Супер радио
104 години од херојската смрт на Христо Узунов
Денеска се навршуваат 104 години од херојската смрт на големиот македонски револуционер, охриѓанецот Христо Узунов.
Христо Узунов(22 февруари 1878 - 24 април 1905 година) го претставува охридското револуционерно движење во времето на самосозревање на македонскиот народ. Татко му бил учител и активно вклучен во револуционерното движење. Неговата мајка била по потекло од Струга од семејството на преродбенскиот деец Ѓорѓи Чакалов.
Според некои докумени се смета дека Христо Узунов во револуционерната организација се вклучува во 1896 година заедно со Методиј Патче. Благодарение токму на него, за илинденското востание се знае многу повеќе отколку за другите востанички реони. Тој регистрирал се, го бележел името на секој загинат востаник, на секој убиен селанец, на секој предавник којшто организацијата го осудувала на смрт. Денеска се познати имињата на сите 478 лица од охридско-струшкиот крај кои загинале во Илинденското востание.
Христо Узунов по востанието останал во татковината каде настојувал борбите да продолжат. На 24 април 1905 година Христо Узунов со неговата чета влегол во село Цер-кичевско заедно со крушевскиот војвода Ванчо Србаков каде бил обиколен од од силни турски сили. Тие не добиле никаква помош па биле принудени или да се предадат или да се самоубијат. Христо Узунов тогаш пишува писмо упатено до сите чесни револуционери по што тој и неговите соборци се самоубиваат.
Писмото на Христо Узунов до сите чесни револуционери:
Браќа,
Допуштам да сме предадени, но верувам и дека е тоа случајно. Ванчо излезе и беше убиен уште во 10 и три четврти раното, а исто така и четникот Јонче од Дворци (Кичееско), кој беше со Пецо.
Мојата архива е распрсната низ целото село. Им ја доверив на три жени, кои не ги познавам. Ванчо исто така ја оставил архивата кај една жена, но не ја знам. Побарајте ја, ќе ја најдете.
Причината зошто не ризикуваме да удриме утринава беше во тоа што од 7 - 8 страни ни отворија оган, па мислејќи дека се мнозина, решивме да се бориме, макар и против поголеми сили, кои што ги очекуваме да дојдат.
Уверен дека не ќе бидеме спасени, за последен пат Ви испраќам братски поздрави на сите другари и пријатели.
Спроти карпата каде што сме сега, го оставив во една дупка на ѕидот моето кесе со четири и пол наполеони, една лира и околу 40 гроша. Тоа се Охридски пари.
Мојот последен совет до сите другари е да бидат искрени кон делото сите оние коишто му служат, зашто само искреноста и често срдечноста ја издигнале внатрешната организација и пак тие ќе ја спасат од аномалноста во која е поставена од недобросовесни наши другари. Да гледате колку што е можно побрзо да ги уништите оние досега раководни сили во Организацијата, кои му нанесле штета на делото, како што е Сарафов, а не да се накажуваат само прости работници.
Нашата идеја ќе биде постигната, ете зошто ќе умрам спокоен, со чиста совест пред законите на нашата св. Организација.
Досега намерно со ништо не сум му напакостил на Делото, а ако сте забележале во мене некои грешки, бидете уверени дека тие станале против мојата волја. Молам извинување.
Молам особено да ја поздравите мојата љубезна мајка, којашто никогаш не сум ја заборавил, бидејќи таа ме направи ваков. Нека ме извини и таа дека со ништо не се зарадувала од мене. Особено го поздравувам брат ми Ангеле. Го добив неговото последно писмо и останав задоволен. Да оди во истиот пат што ми го соопшти во писмото. Го советувам да не се одделува од мајка ми. Поздравете ги и роднините.
За последен пат ќе ви повторам. Бидете искрени и пазете основните закони на Орган.Устав.
Останувам со братски бакнежи.
Христо Узунов
гробот на Христо Узунов во с. Цер - кичевско
По повод денот на херојската погибија на Христо Узунов, делегација на град Охрид денеска ќе положи цвеќе на спомен бистите на Христо Узунов и Методи Патче во градскиот парк и ќе се поклони на гробот на Узунов во селото Цер Кичевко.
-----------------------
ОУ "Христо Узунов" го одбележува патрониот празник
По 32-ри пат традиционално ОУ "Христо Узунов" од Охрид со пригодни свечености го одбележува патрониот празник на училиштето.
Чествувањата по повод празникот започнаа денес со историскиот час во училиштето на кој наградените учениците на литературниот конкурс ги читаа своите творби . Вечерва во пресрет на утрешниот патрон празник во НУ Центарот за култура "Григор Прличев" ќе се одржи главната свечена манифестација со обраќање на директорката на училиштето, по што ќе следи настапот на учениците со музички и драмски точки.
По повод 24 април, денот на херојската погибија на илинденецот Христо Узунов, со бројни активности ОУ "Христо Узунов" го одбележува патрониот празник на училиштето. Богата програма од активности и приредби подготвуваат учениците и наставниот кадар на училиштето "Христо Узунов". Чествувањата започнаа денес со историскиот час во дворот на ОУ пред спомен бистата на револуционерот Христо Узунов. Учениците кои се наградени на литературниот конкурс распишан во училиштето во склоп на празникот пред своите соученици ги прочитаа своите најдобри творби. Учениците слушнаа доста од приготвените реферати за животот и делото на илинденецот Узунов, чие име го носи училиштето. Главната манифестација ќе се случува вечерва во НУ Центарот за култура "Григор Прличев", на која се поканети многу гости и претставници од локалната самоуправа.
Пред свеченото обраќање на директорката на училиштето и пред главната приредба која ја подготвија учениците, ќе биде отворена изложба на слики, изјави директорката на училиштето Оливија Пирузева:
"Во 18 :30 часот започнува свечената прослава, односно прославата започнува со изложба од ликовни творби подготвени од учениците на училиштето под раководство на нивниот професор Ристе Буцоски. Потоа во 19 часот веќе започнува свечената приредба која што секако ќе биде отворена со хинмата на училиштето "Узунов", која што е на музика и текст на наставничката по музичко Вера Булоска".
Присутните на манфестацијата ќе ги поздрават учениците со поетско-музички рецитал на тема "Кирилицо испеана". Години наназад при подготовката на целата манифестација и програма се приоѓа со голема сериозност посебно од страна на учениците, затоа што сепак станува збор за значаен ден за учениците, кога го одбележуваат патрониот празник на нивното училиште, додава директорката Пирузева.
извор