A
ateist
Гостин
Весник Шпиц четврток, 23 април 2009 год .
Маркс го спасува капитализмот?
Срѓан СТОЈАНЧОВ
Во државната интервенција со која големите западни држави се обидуваат да ги спасат своите економии, многумина препознаваат елементи на социјализам на кои укажува Карл Маркс во своите теории. Западните земји инјектираат многу пари во банките, но за возврат стануваат акционери односно косопственици на тие банки. Многумина велат дека тоа ги потсетува на национализација на имотот и протуркување социјалистички мерки.
Академик Таки Фити од Економскиот факултет во Скопје вели дека секогаш кога има криза се појавуваат екстремни погледи и сфаќања за разрешување на тие кризи. Тој, сепак, нагласува дека овие државни интервенции не се појава на социјализам.
- Иако тоа можеби не потсетува на национализација или на комунизам, тоа е всушност спасување на капитализмот. Нема да најдете сериозен економист што го читал Маркс, а нема да ви каже дека Маркс е голем економист, филозоф, социолог, односно генијален ум. Тоа, сепак, не значи дека сите негови теории се точни. Неговата теорија е пишувана за едно друго време и е неприменлива во денешни услови - вели тој.
Економистите се согласни дека светот ќе плати одредена цена и ќе излезе и од оваа криза, но ќе биде поинаков од тоа што го знаеме.
- Пазарот нема да биде апсолутен господар на економијата, туку ќе се зајакнува учеството на државата во регулирањето на економските односи - вели професор Живко Атанасовски од Економскиот факултет во Скопје.
Професор Љубомир Цуцуловски од Филозофскиот факултет, кој е еден од најголемите познавачи на делото на Маркс во земјава, објаснува дека токму Марксовото учење го одржувало капитализмот од почетокот на 20 век.
- Тие ги одбегнуваа стапиците на кои укажува Маркс, не дозволуваа пазарот да ги диктира сите услови, ги зголемуваа работничките права и ги избегнуваа кризите. Кога се почувствуваа доволно „јаки“ повторно се вратија на тој либерален капитализам за кој пишува Маркс и кризата беше неминовна - објаснува Цуцуловски.
Токму светската криза ги натера граѓаните повторно да се навратат на марксистичката литература. Агенциите пренесоа дека во Германија и во Велика Британија значително е зголемена продажбата на „Капиталот“ на Карл Маркс.
Цуцуловски смета дека интересот за таа литература во наредниот период, но од други причини ќе расте и кај нас.
- На Запад интересот за Маркс расте како резултат на неконтролираното богатство, а кај нас како резултат на неконтролираната сиромаштија - вели Цуцуловски.
Во Македонија „Капиталот“ може да се најде само во антикварници и на пазарите за стари работи, зашто изданието од седумдесеттите години на минатиот век е одамна распродадено, а издавачките куќи не планираат повторно да го печатат.
- Овие книги ги купуваат луѓе кои се интересираат за филозофија или за социологија, а тие се сепак малку. Не сме забележале дека во последно време има значително поголем интерес - велат во „Табернакул“.
Оваа година за првпат, директно од германски е преведен на македонски јазик и „Манифестот на комунистичката партија“ на Карл Маркс.
Промоцијата на оваа книга веројатно ќе се одржи наредниот месец. Книгата веќе може да се купи во скопските книжарници. Во „Аз-буки“, кои се издавачи на Манифестот, не се надеваат на некој позначителен интерес од широката публика.
- Познавајќи ја нашата младина и знаејќи колку малку читаат Македонците не верувам дека ќе има голем интерес. Кај нас зборовите комунизам или марксизам се сфаќаат во пејоративна смисла и се поврзуваат со тоталитаризам, иако во светот има педесетина капиталистички држави во кои има диктатура - вели Лазар Фотев од „Аз-буки“.
Скаловски: „Манифестот“ за Широка публика
Професор Денко Скаловски, кој директно од германски го преведе „Манифестот на комунистичката партија“, вели дека за разлика од „Капиталот“, кој пред се е филозофско дело кое предизвикува интерес само кај мал број читатели, интересот за „Манифестот“ може да се омасови.
- Комунистичкиот манифест е ремек-дело во кое со релативно едноставен речник Маркс дава дијагноза на капитализмот. Манифестот пред се и бил наменет на работничката класа, а не само на тогашната интелигенција - вели професорот на Филозофскиот факултет во Скопје.