- Член од
- 14 декември 2007
- Мислења
- 3.271
- Поени од реакции
- 708
Власта го скусува Буџетот за 173 милиони евра. Еве каде се намалуваат буџетските трошења. Се замрзнуваат платите на администрација - 10 процентното зголемување се одложува.
Нема да има нови вработувања во администрацијата. Се намалуваат тековните расходи кај сите буџетски корисници а 58,5 милиони евра.
„Скратени се средства кај набавка на автобуси, такашто тој проект ќе започне, но првата година нема да биде со голема реализација. Скратени се проекти во делот на Агенцијата за млади и спорт, кај спортски сали, фудбалски игралишта, тениски игралишта, олимписки базен и слично, такашто и тука ќе имаме едно забавување. Значи побавно ќе одат овие проекти. Скратени се дел од проекти во МВР, во одбрана, во Владата, во стадионот за источна и западна трибина“, изјави Никола Груевски.
Според новите проекции економијата ке расте со стапка од 1 процент а не со 5 како што првично се прогнозираше. Буџетскиот дефицит останува на планираните 2,8 проценти од БДП. Владата го објави ребалансот во пакет со новите антикризни мерки.
Најголем дел се однесуваат на намалување на одредени царински и административни надоместоци. Како дел од пакетот нови антикризни мерки владата обезбедила 100 милиони евра кредити од Европската инвестициона банка за финансирање на мали и средни бизниси.
Ребалансот на буџетот донесе силен рез во двете клучни ставки - стоки и услуги и не стопански проекти кои заедно тежат 840 милиони евра.
Токму од ставката стоки и услуги се исплаќаат платите на вработените во администрацијата со договор на дело. Втората ставка во буџетот наречена капитални расходи, 470 милиони евра од кои најголем дел се влечат за финансирање на не стопански проекти.
A1