Каде отидоа соништата на децата ?

  • Креатор на темата Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување Време на започнување
The world's a playground. You know that when you are a kid, but somewhere along the way everyone forgets it.
Само, штета е кога дури и кога си дете не го знаеш тоа. И не е страшно ако детето никогаш не стане она за кое што сонувало како мало, страшно е ако нема мечти, ако најубавите и најбезгрижни години од животот ги изживее без имагинација, без соништа и без нешто, што за него во моментот претставува идеал и цел што сака да ја достигне.
Да има во глава професија со која што сака да се занимава, значи да сака да се докаже во тоа поле, да има свое мислење, да го развива сопственото ЈАС и оној, борбен дел од карактерот, да верува во тоа што го сака, да стои цврсто на нозе, макар и да стои сам.
( Stand up for what you belive it's right, even if you're standing alone )
Иако многу несвесно го прават тоа, но децата насочувајќи ги мислите и определувајќи си цел, допринесуваат многу во развојот на својата личност, а тоа е се`, освен безвезно и непотребно.
Дури и ако од ден во ден таа цел му се менува, барем ја има, за разлика од некое дете што цел ден седи во ќошот од училницата, без желби, без никаква визија за неговата иднина.

Но за детето да се развие во овој поглед зависи од неговите родители, како го воспитувале, колку внимание му посветувале и колку му ги насочувале мислите за тоа подоцна да си ги моделира според своите аспирации. А како поминува времето, родителите во таа “трка за профит“ забораваат на потребите на нивните деца и не помислуваат дека се нивното вложување, поддршка и внимание кон децата, влијае многу за тие правилно да се изградат.
 
Каде отидоа соништата на децата ?

Прашањето е сосем на место.....отсуството на одговорот е загрижувачки:toe:

Колку што ми текнува на слични прашања сум дал полно различни одговори во зависност од моменталната воодушевеност кон некое занимање.
 
Pa toa nisto ili ne znam mi izgleda najnormalen odgovor za edno dete od 7 godini. Obicno na taa vozrast najgolem del od decata odgovaraat deka ce bidat ucitelki, doktori, manekenki ili peacki drugo nisto, nikoj od decata ne rekol deka ke bide psiholog na primer, ili mehanicar. Jas na primer do 8 odd vikav deka ne znam sto ke bidam.
 
Однесени се од амбициите на нивните родители.

...И нивната трка за пари.

И од љубовта заменета со мобилни, компјутери, агресивни игрици... виртуелни светови.

И од “шпанските“ серии и несоодветни филмови.

И што може да сонува едно дете во ваков кошмар?
 
денешните деца сонуваат плејстејсни,Х-вох360 нинтендо нинтенто и така натаму....тоа се нивните идни професији
 
Секое дете различно размислува.Во маало имав деца што сега викаа дека сакаат да бидат доктори,утре пилоти,заутре космонаути. И тогаш имаше деца што незнаеа што сакаат да бидат. Не дека не им работела имагинацијата,туку сеуште немале желба. Јас на пример до 5 одделение терав филм дека ке бидам космонаут,дури у шесто сфатив дека тоа е невозможно. Иако сега уште на 3 години се со компјутери сеуште слушам разговори од типот:Јас кога ќе пораснам сакам да бидам докторка!!
 
Кај мене напротив мојте имаат јасни цели што сакаат да бидат плус опција си имаат ако не стане ќерка ми учителка, ќе пробала да учи за докторка, а син ми мајстор сакал да биде и него втора опција му е доктор(па некаков алат ќе имал) е сега видете сами како размислуваат, ќерка ми има 5 а син ми има 3 години, мислам дека горенаведеното девојче во моментот не му текнувало да каже, мојте се како мелници навиени и секогаш имаат опција и мудрост некоја од ракав да извлечат.
 
Денеска соништата на децата се побујни и поимагинативни од кога и да биле. Родителите се тие кои ги унштуваат под изговор дека знаат повеќе и дека во нивно време не било така. Едноставно денес има борба помеѓу новиот и стариот свет во кој индивидуите кои н еможат да се адаптираат им ги пренесуваат своите конплекси на помладите генерации.
 
Отидоа со Младите Бунтовници, Бен Тен и слични предтинејџерски хорор цртани со ефекти од кои се добива миопија или адолесцентски филмови и серии каде е кул да се сексаш, пијанчиш и користиш лесни дроги во малолетнички денови. Плус интернет, мсн, фејсбук, мобилки, он-лајн гејминзи, виртуелни светови...
А станувавме во 6 сабајле да го превземеме кошот пред други да дојдат, флиперите беа врв на технологијата, а цицка да фатиш беше доживљај. Златна Југославија кај пропадна што убаво ни беше со Браварот.
Иначе се е до домашното воспитување и опкружување и какви вредности ќе им се дадат на децата.
 
Отидоа со Младите Бунтовници, Бен Тен и слични предтинејџерски хорор цртани со ефекти од кои се добива миопија или адолесцентски филмови и серии каде е кул да се сексаш, пијанчиш и користиш лесни дроги во малолетнички денови. Плус интернет, мсн, фејсбук, мобилки, он-лајн гејминзи, виртуелни светови...
А станувавме во 6 сабајле да го превземеме кошот пред други да дојдат, флиперите беа врв на технологијата, а цицка да фатиш беше доживљај. Златна Југославија кај пропадна што убаво ни беше со Браварот.
Иначе се е до домашното воспитување и опкружување и какви вредности ќе им се дадат на децата.


Ја го иам фатено ова не било само у југославија вака. Еее памтам, Иле и Рики ќе дојдат кај мене накај 4 ипол 5 попладне коа е вруќината, слушаме бекстрит бојс на касета, строго А страна пошо хитовите им беа на А страна, спејс грлс тек тук, Бојзон не беа фазон пошо беа лигави и се облакаа у сакоа шо за нас не беше толку дофатливо ко на пример шупачките тренерки на Бекстрит. Слушаме касета, таа измрцварена веќе, звучи бетер од xxl на евросонг, зеаме баскет и се загреваме на кош додека не дојдат другите.
Сеа играат ворлд оф воркрафт, нашето кош без коски го заменија ,,хедшотовите,, на кантер, нашата кока кола после партија баскет сега е миење очи пред огледало за да издржи друга партија, маалски шизик е тој шо херојот му има највише ,,мана,, а единствена девојка е таа шо ,,става време,, у интернет кафе-то. Се удвараат по мсн, се сликаат за на хи5, се договараат преку фејсбук. А баш беше убаво коа ќе се раздерев кај Сотир под прозор, па таа бабата од први фрлаше со штипки по мене.
 
Секое дете има фантазии. Завчера ќерка ми сакаше да биде заболекар, следниот ден сакаше да биде учителка, а денес лекар(зависно од игрите и улогите во самите игри што ги има). Дали тоа ја прави без фантазија? Или неопределеноста е знак на недоволна фантазија? Не бе... Ко мала секогаш сакав да бидам возач на голем камион фасцинирана од татко ми...но никогаш кога подпораснав не смерев кон тој правец.
Другите две се цврсто определени, поголемата во крипо полиција, а синот ветеринар што тоа не дава гаранција дека баш такви ќе им се професиите. Секоја генерација мисли за следната дека ништо не знаат и дека во наше време беше поубаво, тоа го имам слушано од баба ми на мајка ми, од мајка ми на мене, од мене на децата итн...
 
Ќе ви препорачам една книга ако не сте ја читале до сега и мислам дека ќе ви се допадне се работи за однос родител - дете насловот е на српски Слободна деца Самерхила од Александар Нил инаку училиштето се вика Самерхил и ден денес постои во Британија и е единствено во свет од овој тип на школување на децата.
детските соништа се уништени од возрасните
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom