Peugeot 207 и Peugeot 206+

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefan_g
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 јануари 2009
Мислења
721
Поени од реакции
40
Што мислите вие за овие две коли и дали беше потребно од Peugeot да извади нова верзија на легендарната 206 имајчи го новиот модел 207
Peugeot 207
Peugeot-207_2006_800x600_wallpaper_08.jpg
peugeot_207_interior.jpg
Peugeot 206+
Peugeot-206_Plus_2009_800x600_wallpaper_08.jpg
peugeot-206-plus-3.jpg
Мое мислење за Peugeot 207 е што количето има многу добар спотски изглед ама внатрешноста не ми се допага.
А за 206+ мислам дека на Peugeot ни најмалку не им требаше да го вагаат во производство.
 
Мое мислење за Peugeot 207 е што количето има многу добар спотски изглед ама внатрешноста не ми се допага.

Нормално дека ќе биде страшно пристрасно од моја страна, пошто возам 207, али... воодушевен сум од внатрешноста, и од аспект на дизајн (многу мали ситници кои што не се приметуваат на прв поглед), а особено од квалитетот на избраните материјали.
 
Ако си во недоумица меѓу овие 2 модела, би ти ја препорачал 207-ката пошо има понов дизајн, а 206-ката е околу 6-7 год. на пазарот ( нека ме исправи некој ако грешам ), а и нема некоја голема разлика у цена мислам ... :smir:
 
Не сум во двоумица помегу овие две туку ме интересира ваше мислење дали беше потребно од Peugeot да вага нов дизајн на застарен модел во слушајов 206ката
 
Тотално непотребно. 206ката не е до толку стар модел за вадење нова верзија а и 206+ е претерано слична со 207мицата од надворешноста.
 
Луѓе знаете ли што всушност претставува 206+?!
Тоа ви е 206ка со предница од 207 и нови мотори.

Иначе стварно врска неам зашо направија таква комбинација. Мене искрено ми е безвезна, али они си знаат. :)
 
Ако си во недоумица меѓу овие 2 модела, би ти ја препорачал 207-ката пошо има понов дизајн, а 206-ката е околу 6-7 год. на пазарот ( нека ме исправи некој ако грешам ), а и нема некоја голема разлика у цена мислам ... :smir:

206-ката е 11 години во производство од 1998, а незнам што ви е чудно што излезе 206+. Како прво само во Аргентина и Бразил ќе се продава, а моделот е конструиран со цел искористување на постоечките машини преку намалени трошоци :toe:
 
Нормално дека ќе биде страшно пристрасно од моја страна, пошто возам 207, али... воодушевен сум од внатрешноста, и од аспект на дизајн (многу мали ситници кои што не се приметуваат на прв поглед), а особено од квалитетот на избраните материјали.

Да, многу подобро изгледа внатре одколку што очекував. Само не ми се допаѓа воланот.... пластичен е.
 
206-ката е 11 години во производство од 1998, а незнам што ви е чудно што излезе 206+. Како прво само во Аргентина и Бразил ќе се продава, а моделот е конструиран со цел искористување на постоечките машини преку намалени трошоци :toe:
па ако им е за намалување на трошоци, немора секое лето да гледаме нов модел. Колку за пример Голф 1 се произведуваше од 1975 до 1988. Цели 12 години. А ако погледаш 12 години од сега т.е од 1997 до сега се извадени еден тон возила, речиси секој модел на 2-3 години се редизајнира или се праќа во пензија и се исфрла нов, различен од претходникот.

Кога сме кај темава... што им требаше 207 кога можеа да направат 206+? Или кога веќе го направиа 207, 206 требаше целосно да ја пратат во историјата. Вака сега ова е лошо. Двата автомобили се скоро идентични разликите се во детаљи....
 
Грешка...

1. 206 е останат во продажба само на некои пазари. Мислам дека 207 не е ни опција на тие пазари. Кај нас, 206 се продава само седан варијантата, пошто (сеуште?) нема 207 седан.
2. 206+ е исто така само за одредени пазари (некој спомна Аргентина, Бразил), каде што 207 не би се продавал.
3. Разликите не се баш во детали. Битни разлики: 207 е осетно поголем, квалитетот на материјалите во 207 е класи погоре од оној со 206(+), дизајнот на задницата кај 206+ е истиот со оној од 206, дизајнот на внатрешноста е комбинација од оној на 206 и 207, но е далеку од ист со било кој од овие два модела.

па ако им е за намалување на трошоци, немора секое лето да гледаме нов модел. Колку за пример Голф 1 се произведуваше од 1975 до 1988. Цели 12 години.

Пазарот во тоа време беше со многу поскромни побарувања од оној денес. Динамиката е променета целосно. Ретки се случаевите кога еден модел останува активен на пазар подолго време без замена, фејс лифтинг или некоја слична комбинација. На крај краева, 206 е активен веќе 11 години. Доволно, нели?
 
па ако им е за намалување на трошоци, немора секое лето да гледаме нов модел. Колку за пример Голф 1 се произведуваше од 1975 до 1988. Цели 12 години. А ако погледаш 12 години од сега т.е од 1997 до сега се извадени еден тон возила, речиси секој модел на 2-3 години се редизајнира или се праќа во пензија и се исфрла нов, различен од претходникот.

На трето-класни пазари мораат да испорачуваат такви полупроизводи (206+) за да се задржи конкурентската цена. Кога би го продавале 207 таму значи потполно нови машини за производство што значи и цената да оди нагоре, вака со веќе користените машини и мали измени "нов модел"
 
Аргентина трето класен пазар е? :S
 
Аргентина трето класен пазар е? :S

Ако ја споредиш со Европските зеји, Америка или Кина/Јапонија е... Инаку повеќе мислев како изолиран пазар кај нив моделите кои се продаваат се 80% различни од оние што ги добиваме кај нас. Пример VW GOL, до пред некоја година само таму се продаваше бубата, еве сега Peugeot 206+ и тн...
 
сега има споредба на 206+ со новата фиеста и двете со дизел мотори и 206 во сите сфери освен во еластичноста на моторот е послаба, а со тоа најверојатно и послеба од 207, освен тоа ако целото подвозје и и се останато освен школката и внатрешниот дизајн не се разликуваат од 207 не ја гледам поентата од правеќе возило кое е потполно исто ко новото ама личи на старото.
 
Може линк до таа споредба ? или на телевизија некаде гледаше ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom