злоупотреба на градоначалничка функција?

  • Креатор на темата Креатор на темата ogledalo
  • Време на започнување Време на започнување

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
В.д градоначалникот на Карпош, Сашо Димиќ, ja злоупотребил функцијата, обвини новоизбраниот градоначалник Стевче Јакимовски и најави дека ќе му поднесе кривична пријава.
Во писмен допис, Јакимовски тврди дека Димиќ вчера потпишал договор со прилепската агенција за привремени вработувања проспект за вработување на 115 луѓе во општината. Објаснува дека првата група од 65 луѓе биле вработени од први до 30 април годинава, а втората група од 50 луѓе требало да работат од први април до 31 декември 2009.
Јакимовски обвинува дека договорите за вработувањата се направени пред формалното предавање на градоначалничката функција.
В.д градоначалникот на Карпош, Димиќ, вели дека обвинувањата се само небулози на Јакимовски. Одби да даде изјава пред камера, но тврди дека имало распишано тендер за новите вработувања. Договорите биле потпишани уште во јануари и се обновувале секој месец во зависност од потребите на општината.
Дали новите вработувања биле искористени за гласови на локалните избори во корист на Димиќ, нема одговор. Тврдењата на Јакимовски не успеавме да ги провериме, затоа што во агенцијата „Проспект“, денеска никој не се јавуваше. Кампањата во општина Карпош беше оквалификувана како една од највалканите.
Сашо Димиќ од ВМРО-ДПМНЕ, стана в.д градоначалник на Карпош, откако неговиот претходник Андреј Петров влезе во Собранието. Фаворитот на ЛДП и СДСМ, Јакимовски, пак, три години беше прв човек на Карпош од 2000 до 2003 година.


од ова што го прочитав , без разлика дали е точно или не ме наведе да прашам, дали со превземањето на функцијата градоначалник следи и ревизија на работењето на општината во преходен мандант, кој ја бара таа ревизија или е по автоматизам, и на крај кој може да прави ревизија за работење на општината, дали ревизирски извештај може да се користи како основ за покренување судска постапка?
 
navistina steta ovie gradonacalnicive kaj nas si dumat deka se mini-diktatori pa taka na nivni luge po 'krv'(a tie se koi nudat poveke money) pa taka da gradonacalnicite napravija se osven nesto za dobrobit na opstinite.
 
Па и во Охрид во Про Аква има 200 вработени и луѓето не можат плата да земат, во Општината има 9 шофери (скоро колку автобускиот превозник Галеб :) ), па никому ништо. Важни се само изборните гласови.
Нека се радуваат луѓето, не е битно што буџетот на општините се цеди и заради партиските вработувања не може никој да земе плата. Не е битно што и така тромавата општинска администрација станува уште потромава. Ма каква ревизија, какви бакрачи. Се си е супер :aplauz:
 
Па и во Охрид во Про Аква има 200 вработени и луѓето не можат плата да земат, во Општината има 9 шофери (скоро колку автобускиот превозник Галеб :) ), па никому ништо. Важни се само изборните гласови.
Нека се радуваат луѓето, не е битно што буџетот на општините се цеди и заради партиските вработувања не може никој да земе плата. Не е битно што и така тромавата општинска администрација станува уште потромава. Ма каква ревизија, какви бакрачи. Се си е супер :aplauz:

Да има нешто полошо 200 вработени се во Проаква ама само 9-10 се пријавени :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom