Вооружен грабеж во Про Кредит банка

  • Креатор на темата Креатор на темата Акаша
  • Време на започнување Време на започнување
Скопје виа Бејрут

9.30 сабајлево, строг центар на Скопје, на вкрстувањето на Партизанска и Маркс и Енгелс (да не речам кај мене под прозор) имаше препукување меѓу полицијата и уште некој, неам појма кој. Еден куп џандари во цивилка и во униформа успеав да забележам, али не видов со кого се пукаат. Сигурно знам дека еден џандар е ранет, дали има некоја жртва повеќе од тоа, не знам...

Има некој било што инфо што како и зашто се десило?


A1: 10.04.2009 09:58
Полицаец претпладнево е застрелан од непознати вооружени лица пред „Про Кредит Банка“, лоцирана на улица „Партизански одреди“ во близина на Соборниот храм.
Повредениот полицаец со возило е пренесен во болница, пренесе МИА.
Според првичните сознанија станува збор за обид за грабеж на банката. Во престрелката е оштетена билетара на ЈСП Скопје кај комплексот „Тифани“.
 
SAMO SLUSNAV PUKANJE VO CENTAR, CEKAM VESTI VO 10
 
Леле имало многу болнички коли чуда..

Имало комбе од про кредит банка, можда е кражба?
 
Kako na filmovite bese rafali od puska, pistol mislam deka eden policaec e pogoden ama nemozev da vidam se. Zaprepasten sum od toa sto vo centarot srede bel den se slucuva vakvo nesto.
 
Нека спој некој медијатор ова со “Скопје виа Бејрут“ темата... истиот муабет е почант.
 
На која програма има вести во 10?
 
Имало полицаец починат и жена која излегувала од автобус :(
 
Ете на МТВ1 ќе даваат сега вести, гледајте.
 
Полицаец претпладнево е застрелан од непознати вооружени лица пред „Про Кредит Банка“, лоцирана на улица „Партизански одреди“ во близина на Соборниот храм.
Повредениот полицаец со возило е пренесен во болница, пренесе МИА.
Според првичните сознанија станува збор за обид за грабеж на банката. Во престрелката е оштетена билетара на ЈСП Скопје кај комплексот „Тифани“.

А1.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=107007
 
Човечееееееееее :nesvest:
 
ПОчнаа и сред бел ден банки да ограбуваат. или мене ми е чудно. Забега народов брееееееееее.
 
Уште една реченица во текстот на А1

Полицаец претпладнево е застрелан од непознати вооружени лица пред „Про Кредит Банка“, лоцирана на улица „Партизански одреди“ во близина на Соборниот Храм.
Повредениот полицаец со амбулантно возило е пренесен во болница, пренесе МИА.
Според првичните сознанија, станува збор за обид за грабеж на банката. Очевидци пак, велат дека виделе престрелка меѓу две возила во движење.
Во престрелката повредена е жена што во моментот на инцидентот се превезувала во автобус број 19. Оштетена е и билетара на ЈСП Скопје кај комплексот „Тифани“.
 
И сеа? Шо се десило со јунаците? Фатени се? Скинати се?
 
Ранети пред Влада од грабеж на банка

Најмалку едно лице е рането од заскитан куршум пред зградата на Владата од грабежот што утрово се случи во филијала на ПроКредит банка, дознава forum.com.mk. Во грабежот се убиени сите четворица крадци, а повреден е и полицаец.

Новинар на екипата на Форум беше сведок на вооружениот грабежот се случил утринава околу 9 часот и 15-тина минути близу Соборниот храм, во филијалата на ПроКредит банка која се наоѓа на крстосницата на почетокот на булеварот Партизански одреди и булевар Васил Главинов.
Според сведоштвото на новинарот, во банката имало обезбедување кое реагирало веднаш на грабежот, па што настанала вооружена пресметка. Дали имало повредени во банката од вработените или пак од граѓани кои се затекле во нејзе, не се знае. пресметката траела 10-тина минути, крадците биле вооружени со автоматски пушти. Од полициски извори, дознаваме дека полициските алфи кои пристигнале на место на настанот тргнале по четворицата крадци и ги пречекале кај Судска палата.
Повторно била отворена оружена пресметка, при што крадците биле ликвидирани.
Инаку, куршумите кои фрчеле во банката и околу неа во центарот на градот завршија во автобус на автобуската станица пред зградата на Владата, при што најмалку е повредено едно лице.
Засега нема официјална потврда за настанот. Forum.com.mk наскоро ќе објави ексклузивни фотографии од настанот пред банката и пред Владата.


 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom